Секторот за информатички и комуникациски технологии врши работи кои се однесуваат на планирање, организирање и развој на ИКТ системите; имплементација и одржување на ИКТ системи; планирање, избор, имплементација и одржување на хардвер, мрежни уреди, бази на податоци, оперативни системи, апликации и уреди за ИКТ сигурност; апликативна и техничка поддршка на корисниците во користење на ИКТ системите и апликациите; програмирање и имплементација на софтверски решенија за нови ИКТ системи или за унапредување на постоечките; планирање, развој и одржување на ИКТ системите во насока на обезбедување непрекинат и безбеден процес на пренос на податоци во рамките на Царинската управа и организирање на размена на податоци со државни институции, царински управи на други земји, соседни држави, држави од Европската заедница и други субјекти; следење на најдобри пракси и стандарди за управување со ИКТ ресурси и давање предлози за нивна примена во ИКТ развојот на ЦУ и друго

За извршување на работите на Сектор за информатички и комуникациски технологии се формираат следните одделенија и служби:

  • Одделение за техничка поддршка
    • Служба за ИКТ инфраструктура
    • Служба за ИКТ контрола и безбедност
  • Одделение за апликативна поддршка
    • Служба за управување со апликации
    • Служба за податочно складирање
    • Служба за корисничка поддршка
  • Одделение за програмирање и развој
    • Служба за програмирање
    • Служба за развој