Секторот за финансиски прашања врши работи кои се однесуваат на координирање на воспоставувањето и развој на системот финансиското управување и контрола (следење на целосното и навремено прибирање на сопствените приходи, навременото плаќање на расходите во согласност со процедурите за преземање на обврски и извршување на плаќања, следење на усогласеноста на извршувањето на буџетот во целост или за одделни буџетски ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот и/или министерот за финансии, следење на буџетското и финансиското известување, подготвување на предлог буџетот за наредната година и повеќегодишните проекции поврзани со буџетот и слично), како и наплата на увозни и извозни давачки согласно Царинскиот закон (водење на евиденција на царински обврзници, следење на финансиските задолжувања на царинските обврзници за навремено плаќање на обврските по основ на царински долг, одобрување и впаричување на инструментите за обезбедување на царински долг, присилна наплата на ненаплатените приходи, како и анализа на остварените приходи од увоз).

Секторот работните задачи од својот делокруг ги извршува преку:

  • Одделение за финансии и сметководство
    • Служба за сметководство и плаќања
    • Служба за буџетска контрола и координација
  • Одделение за наплата на приходи
    • Служба за гаранции
    • Служба за наплата на приходи
    • Служба за присилна наплата