Увоз на ПМВ

Со цел да се избегнат непотребни трошоци и проблеми при увозот на моторни возила, Царинската управа препорачува при увозно царинење на моторните возила од странство, како и возилата со странски регистарски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија,а ги управуваат лица со регулиран престој во странство, особено да се внимава на следното:


1. Исполнување на хомологациски услови

Проверка на условите за хомологација пред да се купи возилото во странство кај овластените тела:

НазивСедиште и адреса

Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ Скопје

ул.Руѓер Бошковиќ б.б. Карпош 2 Скопје

ЗДРУЖЕНИ ВОЗАЧИ ТИКВЕШ ДОО Кавадарци

Ул.Шишка б.б Кавадарци

ДТИАМ „СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ“ ЦВО ДООЕЛ Скопје

Ул. Малешевска 1 бр 2 Скопје и Ул Магистрален пат бр.16 Кичево

ДККОМТМ „КАРГОИНСПЕКТ-ОПРЕМА“ ДООЕЛ Скопје

ул. Маршал Тито Градски Ѕид бр.14а/блок 2, - Скопје

ДТУ „ВЕУС ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ“ ДОО Велес

Ул. Академик Пенчо Давчев бр 85, Велес

ДПТУ „СУПЕР АУТО КОНТРОЛ“ ДООЕЛ

Кучевички пат бб. Општина Чучер Сандево

ДУИИВ „АМСМ УСЛУГИ – центар за возила“ ДООЕЛ Скопје

ул. Лазар Трповски б.б. Чаир – Скопје

Здружение на возачи „ЕУРОТЕСТ“ Битола ДОО

ул.Индустриска б.б. Битола

ДПУ „АМД Ѓ.Н. УСЛУГИ“ ДОО Битола

ул. Арон Ароести
б.б. нас. Стрелиште Битола

МГ АУТО ИНСПЕКТ ДОО Тетово

С.Порој - Тетово

ВЕЛКОМ ТРЕЈД ДООЕЛ Кавадарци

Ул.Западен Булевар бр.129 Кавадарци

ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ЦВС ДОЕЛ Струмица

Ул. Климент Охридски бр. 47 Струмица

АМД ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА ВОЗИЛА ДОО Охрид

Ул. 11-ти Корпус бр. 93, Охрид

АУТО МЕКЛАРЕН“ ДООЕЛ Гостивар

ул. Борис Кидрич б.б. Гостивар

Т.Д ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ ЦИРКО

Ул. Руѓер Бошковиќ Карпош 2 бб

АСУЦ БОРО ПЕТРУШЕВСКИ

бул. Едвард Кардељ бр.26-Б Гази Баба - Скопје

Центар за возила „ЦВО“ Охрид ДОО

ул. 15 ти Корпус бр.292 - Охрид

АВТОСИГУРНОСТ Струмица

Ул. Миле Колев бр. 6 Струмица

ЗЃИМИ КОМПАНИ Касам ДООЕЛ с. Порој - Тетово

С.Порој – Тетово

„ПАУЕР СПОРТ СИСТЕМ“ ДОО Скопје

Ул. Скупи бр 18

ВИА-КОМЕРЦ ДООЕЛ с. Крушопек Сарај - Скопје

С. Глумово – Сарај, Скопје

КОНФОРМА ДООЕЛ Скопје

ул. Булевар Авној бр. 58/19 Аеродром Скопје

АМ ЦЕРТ-Скопје

АУТОМАКЕДОНИЈА ЕТЦ ДООЕЛ Скопје

ул. Првомајска б.б. Кисела Вода Скопје

Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед за сообразност со хомологациските услови. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци на враќање на возилото во странство.


2. Потребни документи за спроведување на царинската постапка

При царинење на возилото, неопходни сенајмалку следните документи:

  • оргинална сообраќајна книшка за возилото;
  • оргинална фактура, купопродажен договор или, доколку увозникот подолго време го поседува возилото, изјава за вредност;

За да може да се утврди царинската вредност, потребно е да се достават следните минимални податоци за патнички возила:

  • вид
  • марка
  • модел
  • тип на возило
  • погонско гориво
  • број на врати
  • година на производство
  • работна зафатнина на моторот
  • силина на моторот (киловати или коњски сили)
  • ниво на опрема (на пример, ниво на опрема за ВОЛКСВАГЕН ГОЛФ: comfortline, trendline, highline и.т.н.)

Кај товарни возила, комбиња, автобуси, камиони, приколки и полуприколки, покрај погоре наведените, потребно е да се достават и минимални податоци за:

  • број на оски
  • меѓуоскино растојание
  • сопствена маса
  • дозволена носивост
  • дозволено оптоварување по оски
  • должина/широчина/височина
  • вид на кабина (кај комбиња)


3. Проверка на податоци

Потребно е да се изврши проверка на податоците наведени во документите за купопродажба и другите придружни документи, односно споредување на бројот на шасија на возилото со оној наведен во купопродажниот договор и сообраќајната дозвола при купувањето.

Повремено се случува бројот на шасијата наведен во купопродажниот договор да се разликува од бројот на шасија на возилото, што доведува до проблеми при спроведување на царинската постапка, постапката на хомологација и при регистрација на возилото.


4. Употребувани автомобилски гуми

Често се случува при купување на возило, со возилото да се добие и втор сет на гуми (зимски/летни). Бидејќи увозот на употребувани гуми е забранет, вториот сет на употребувани гуми не смее да се внесе во Република Македонија.


5. Изнесување на странски регистарски таблички од Република Македонија

Редовните регистерски таблички да се изнесуваат од Република Македонија откако ќе започне царинска постапка. Доколку се изнесуваат пред започнувањето на постапката, тоа претставува царински прекршок.


6. Обезбедување на доказ за потекло - ЕУР-1 или Изјава во фактура

Доколку возилата се со потекло од земјите членки на Европска унија и за истите е добиен доказ за потекло - Уверение за движење ЕУР.1 или Изјава во фактура тогаш се плаќа намалена царинска стапка 1% (редовна 5%).


7. Царински испостави каде се спроведува постапка на царинење на возила

Царинењето на употребуваните патнички возила се врши по месна надлежност, односно според живеалиштето на увозникот, во следните царински испостави:

  • ЦИ Скопје 1 , ул. „Колекторска“ бб, Скопје;
  • ЦИ Скопје 2, ул.34 бб, Скопје;
  • ЦИ Скопје 3, ул. „15ти Корпус“ бр.2, Скопје;
  • ЦИ Куманово, магистрален пат М1 делница Табановце-Куманово, 7 км од Табановце;
  • ЦИ Штип, ул. „Брегалничка“ бб Штип;
  • ЦИ Гевгелија, граничен премин Богородица;
  • ЦИ Битола, „Краварски пат“ бб, Битола.
  • ЦИ Блаце, граничен премин Блаце
  • ЦИ Велес, автопат Велес-Неготино, с.Караслари Велес
  • ЦИ Ново Село, граничен премин Ново Село
  • ЦИ Охрид, с.Косел Охрид
  • ЦИ Струга


8. Постапка на царинење на возила

Вообичаено царинската постапка за употребувани возила се спроведува на следниот начин:

По доаѓање на граничниот премин, кај овластен застапник (шпедитер) се подготвува транзитна декларација со која возилото се упатува на царинење во внатрешна испостава. Покрај наплатата на услугата, често шпедицијата бара да се приложи готовински депозит кој му се враќа на увозникот по завршувањето на транзитната постапка во внатрешната испостава.

По пристигањето во внатрешната испостава, започнува царинска постапка на увоз или складирање, зависно од потребите на увозникот или начинот на работа на Царинската испостава. Царинската декларација ја подготвува со полномошно овластен застапник (шпедитер).


9. Постапка на царинење на возила кои веќе се наоѓаат во Република Македонија

Возилата со странски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија и ги управуваат лица со регулиран престој во странство, можат да започнат постапка на царинење без транзитна постапка на граничен премин, односно можат директно да се јават во царинските испостави каде се спроведува постапката на царинење на возила.


10. Рок за завршување на транзитната постапка

Рокот за завршување на транзитната постапка од граничниот премин до царинската испостава за царинење вообичаено е 1 ден.

Непочитувањето на рокот претставува царински прекршок, за кој е предвидена мандатна казна од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице или, доколку увозник е правно лице, 50 евра за одговорното лице во правното лице и 250 евра за правно лице.


11. Што е акцизна основица?

Акцизна основица е царинската вредност утврдена согласно царинските прописи зголемена за износот на царината. Во царинската вредност се вклучуваат и транспортните трошоци и трошоците за осигурување доколку ги има.