Живи животни

За внесување/изнесување на живи животни, домашни миленичиња и производи од животинско и растително потекло, потребни се законски пропишани дозволи/ одобренија.


Домашни миленици

За секој домашен миленик кој се пренесува преку граничен премин на Република Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација, односно:

  • Ветеринарно-здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака
  • Пасош издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака, кој е задолжителен за сите видови кучиња, мачиња и ласици, или
  • Изјава, издадена од сопственикот или одговорното лице, која е задолжителна за сите видови птици, под услов да доаѓаат од земја која е членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОIE).

Царинскиот орган дозволува увоз во Република Македонија на домашни миленици кои не се наменети за трговија, без разлика на бројот на единките, доколку Управата за ветеринарство по претходно извршена проверка и преглед на граничниот премин издаде согласност за увоз, односно ветеринарен влезен документ ВВД.


Производи од животинско потекло

Патниците можат да внесат производи од животинско потекло на територијата на Република Македонија (сирење, кашкавал, сувомеснати производи) во вкупна количина до 1 кг.

Доколку производите од животинско потекло надминуваат количина поголема од 1кг, потребно е патникот да поседува потврда за извршен задолжителен преглед на стоката од страна на Ветринарно санитарен испекторат.