Изнесување на ефективни странски пари

Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.


Резиденти

Резидентите можат од Република Македонија да изнесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што го изнесуваат.

Ефективните странски пари од с резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка.

Потврдата од став (3) на овој член важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.

Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.


Нерезиденти

Износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што нерезидентите го изнесуваат од Република Македонија не може да биде поголем од износот што при преминот на државната граница го пријавиле кај надлежните царински органи.