Почитувани,

Царинската управа организира презентација на теми за Царинска тарифа и потекло на стока.

Целта на презентацијата е учесниците да се запознаат со:

  • примената на целосна кумулација за потекло во рамки на трговијата на стоки со ЦЕФТА државите,
  • примената на новиот начин на распределба на квоти преку системот за распределба на квоти ИТО
  • новата Одлука за усогласување и менување во царинската тарифа за 2020 година.

Презентацијата ќе се одржи на 17.12.2019 година во амфитеатарот во Царинската управа во Скопје со почеток во 14,30 часот. Царинската права ги поканува сите заинтересирани економски оператори да присуствуваат на презентацијата.

 

Прв пат се воведува данок на возила со еколошка компонента.  Доколку возилото повеќе загадува, ќе има повисок данок. Предлог- законот за данок  на моторни возила е во собраниска процедура а ќе важи од почетокот на 2020 година.
 
Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски пред претставниците на невладините организации, претставници на Министерството за животна средина и на Град Скопје ги презентираа промените коишто ги содржи новиот закон.
 
-Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во Буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила.. Не очекуваме да собереме повеќе пари од данокот. Најчесто купуваните возила. меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок. Целта на новиот начин на оданочување на возилата е да се влијае на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во текот на целата година. - укажа министерката Ангеловска.
 
Со новата регуклатива, пресметувањето на данокот ќе се врши врз основа на две компоненти: вредноста на возилото и висината на емисијата на јаглероден диоксид кај возилото. На овој начин, еколошките возила со пониска стапка на емисија на ЦО2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои повеќе загадуваат.
 
Директорот Танасоски нагласи дека за електричните возила воопшто ќе нема данок како и за нови возила за прва помош и за погребални услуги.За возила наменети за такси превозни услуги, повратот на данок изнесува 25 отсто кај автомобилите додека оние што имаат 7+1 и 8+1 седиште,  ќе имаат поврат на данок до 80 отсто. Хибридните возила ќе подлежат на ослободување до 50 проценти од  данокот.
 
-Не може преку ноќ да се преуреди структурата на возниот парк кој има просечна старост меѓу 15 и 18 години и во кој само еден процент од возилата имаат еуро 6 стандард. Но, од некаде мора да се почне, новиот закон за данок на моторни возила е прв исчекор, а резултатите можеме да ги очекуваме по 3-4 години-рече директорот Танасоски.
 

Граѓаните кои ќе набавуваат  возило по стапувањето на сила на новиот Закон, ќе имаат на располагање Калкулатор на веб страната на Царинската управа, за пресметка на  данокот.
Претставниците на невладините организации ја поздравија одлуката за оданочување во полза на животната средина и побараа да се продолжи во оваа насока, со мултиресорски пристап.

VIK_7048
VIK_7082
VIK_7085
Previous Next Play Pause
1 2 3

 

При вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ (програма на Алсат, 11.12.2019) директорот на Царинската управа ги појасни законските измени во оданочување на возилата што произлегуваат од новиот Закон за данок на моторни возила, кој е во собраниска процедура и кој треба да стапи во сила на 1 јануари 2020 година заедно со новиот Закон за акцизи од кој се изземени возилата, како резултат на усогласување на националното акцизно законодавство со законодавството на Европската унија.

Царинската управа ги известува имателите на одобренија за акцизно повластено користење дека на ден 13.12.2019 (ПЕТОК)со почеток во 12 часот, во просториите на Царинска управа, ул.Лазар Личеновски бр.13 Скопје, ќе изврши презентација на законските обврски и на постапките за регистрација во новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи, поднесување на електронско барање за одобрение за повластен корисник (пререгистрација), електронско примање на акцизни добра и поднесување на електронските месечни извештаи.

 

 

 

Царинската управа ги известува сите учесници во царинската постапка (увозници, извозници, застапници, транспортери и производители), дека во четврток 12.12.2019 година во 10 часот, во просторииите на Царинската управа (амфитеатар) ќе се одржи отворена средба со директорот Ѓоко Танасоски.
На состанокот секој учесник ќе може да постави прашање, предлог или иницијатива во насока на градење на партнерски однос со учесниците во царинската постапка.

Денес (04.12.2019) во Скопје, државите што ја применуваат постапката на заеднички транзит на Европската унија (меѓу кои и Република Северна Македонија) се состанаа на 32-от состанок на заедничките комитети Конвенциите за заеднички транзит (NCTS) и поедноставување на формалностите за трговија со стока.

Состанокот на ниво на транзитни координатори и директори на Царинските управи се одржува еднаш годишно на високо ниво на кој се расправа за низа прашања поврзани со слободното движење на стоки и транзитот во ЕУ и државите што го користат Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС). На состанокот на кој учествуваа и земји набљудувачи, присутните претставници го усвоија Извештајот од претходниот 31-ви состанок и расправаа за предлогот на измени на Конвенцијата за заеднички транзит поврзани со измените на одредени нови одредби од законодавството на Унијата.

Европската комисија информираше и за измените предвидени за 2020 година, што ќе регулираат прашања околу општа гаранција, изземање од обврска за поднесување на гаранција, взаемна соработка околу наплата на побарување поврзано со царински долг.
Споделените информации вклучија и известување околу функционирањето на Новиот систем за заеднички транзит (NCTS) и околу периодот на спроведувањето на фаза 5 (2021-2023) која е веќе договорена од земјите членки во рамки на работната програма за Царинскиот закон на Унијата.

Европскиот транзит или заедничкиот транзит е една од најважните придобивки на Европската царинска унија. Членки на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка се сите 28 земји членки на ЕУ, четирите земји членки на ЕФТА, Норвешка, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн, Турција, Република Северна Македонија и Србија. Република Северна Македонија од 1 јули 2015 год. стана 34-тата земја членка на оваа конвенција и е дел од овој единствен царински систем во кој нашите царински испостави рамноправно ќе учествуваат заедно со околу 3000 царински испостави од земјите членки.  Секоја година бројот на камиони што ја користат оваа постапка постојано се зголемува.

Република Северна Македонија ги презентираше предностите што во земјата се применуваат со воведената постапка на заеднички транзит и достигнатиот развој во нејзина примена, како една од најсовремените алатки за олеснување на трговијата и интеграцијата на заедничкиот европски пазaр.

IMG_6587
IMG_6589
IMG_6627
IMG_6669
IMG_6710
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5

Ве известуваме дека тестната околина на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), после направената миграција е ставена во продукција.

Со почит

Ве известуваме дека поради миграција на нова хардверска опрема, тестната околина на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД),ќе биде привремено недостапна.

По ставање на функција ќе бидете известени.

Благодариме за разбирањето

 

 

Денес, 03.12.2019 година, во Скопје се одржа завршен настан за Твининг проектот „Зајакнување на оперативните и институционални капацитети на Царинската управа “.

Успешниот крај на проектот кој го одбележуваме денес, а чија реализација започна во септември 2017 година, е само уште една потврда за одличната соработка помеѓу Царинските служби на Република Северна  Македонија, Република Австрија и Република Литванија, а преку несебична поддршка на Европската унија со вкупен буџет од 1.6 милиони евра.

Зголемени приходи, откривање и спречување измами преку таргетирани контроли, поедноставени и поефикасни процедури, зајакнат административен капацитет, поголема операбилност, натамошно усогласување на домашното со европското законодавство и доближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија, се дел од придобивките кои се реализираа преку четирите компоненти на твининг проектот: контрола на царинењето и ревизија, управување со ризик, обезбедување опрема за царинска лабораторија и обуки.

Царинската управа како долгогодишен корисник на ЕУ фондовите има реализирано повеќе успешни ИПА проекти, благодарение на кои се создадоа услови за дигитализација на царинското работење и обезбедување на бесхартиена околина. Денес Царинската управа поседува современ интегриран систем кој овозможува целосно електронско работење, компатибилен на системите на Европската Унија.

На настанот беа презентирани проектните резултатати од страна на проектните лидери, а свое обраќање имаа г-дин Георг Вуцас, Амбасадор на Република Австрија, г-дин Фрик Јанмат, раководител на оперативно одделение при  Делегација на Европската унија, г-ѓа Цанета Хаидрун, директор на Агенцијата за европски интеграции и економски развој на Република Австрија и  г-дин Ѓоко Танасоски, директор на Царинска управа на Република Северна Македонија. Сите  ја истакнаа значајноста на проектот и остварените резултати, постигнати благодарение на одличната соработка помеѓу Царинските служби на Република Северна  Македонија, Република Австрија и Република Литванија, како и поддршката од Европска унија и Владата на Република Северна Македонија.  

IMG_20191203_104527 (2)
IMG_20191203_104537 (2)
IMG_20191203_104549 (2)
IMG_20191203_104609 (2)
IMG_20191203_104620 (2)
IMG_20191203_104630 (2)
IMG_20191203_104644 (2)
IMG_20191203_104709 (2)
IMG_20191203_104724 (2)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9

 

Под покровителство на Министерство за трговија на Кина, а во организација на Секретаријатот за европски прашања, од 29.11 до 12.12.2019 година, претставници од Царинската управа на Република Северна Македонија посетуваат семинар за за е-трговија и меѓугранична е-трговија во Кина.

Семинарот со поздравно обраќање го отвори г-ѓа Зонг Пингуа, директор на тренинг центарот на Џиангши колеџот за странски студии во Нанчанг, а свои обраќања имаа и ѓа Хуанг Шечин, директор на одделот за меѓународна економска соработка на Јангџи колеџот за странски студии во Џиангши, како и г-ѓа Zuica Zmejkovska - советник за мониторинг и евалуација на Европските фондови во Секретаријат за Европски прашања на Северна Македонија.

Растечкиот сектор за е-трговија е од огромна корист за економиите, обезбедува нови движечки сили за раст, развој на нови трговски практики, воведува нови трендови на потрошувачка и создавање нови работни места. Е-трговија е осебено важна за раст на микро, малите и средни претпријатија во однос на поширок пристап до странските пазари со намалување на влезните бариери и намалување на оперативните трошоци.Овој семинар ќе им овозможи на присутните да се запознаат со:
➡ Е-трговијата и меѓуграничната е-трговија на Народна Република Кина
➡ Финансиската поддршка од банките и останатите институции за компаниите кои се занимаваат со меѓугранична е-трговија
➡ Развојот и поставеноста на закононите на е-трговијата во Кина
➡ Разликите и сличностите помеѓу меѓуграничната е-трговија и традиционалната трговска размена
➡ Поддршката од царинската управа во развојот на меѓугранична е-трговија
➡ Вовед во платформата за глобална меѓугранична е-трговија
➡ Изградбата на меѓуграничниот платежен систем за е-трговија на Кина, како и анализа на неколку компании преку студија на случај кои ќе ја доближат е-трговијата во Кина поблиску до нас.

Покрај претставниците на Царинска управа, на семинарот се присутни 20 претставници од повеќе сите релевантни институции од Република Северна Македонија (Асоцијација за е-трговија на Македонија, Секретариjат За Европски Прашанjа - СЕП, Комисија за заштита на конкуренција, Централен Регистар Министерство за финансии, Министерство за економија и Влада на Република Северна Македонија.

78189856_2449138281850921_5230840128632520704_n
79180632_560374031428404_1122388689473765376_n
brosura korupcija 2
kina1-958x638
Previous Next Play Pause
1 2 3 4