Комисијата за спроведување и полагање на стручен испит за лиценциран застапник ги разгледа вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, при што констатира дека подолу наведените кандидати ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, предвидени во член 13 став 1 од Законот за вршење работи за застапување во царински постапки. 

                                   Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат

                                                    стручниот испит на ден 01.11.2019 година 

 

р.бр, Презиме и имеМесто на раѓањеВреме на полагањелокација
1.АЛИТИ МУСАКуманово11:00Просторија1
2.АНГЕЛОВ НОВИЦАГевгелија11:00Просторија1
3.АНГЕЛОВСКИ ЈОСИФСкопје11:00Просторија1
4.АТАНАСОВСКА БОРКАВелес11:00Просторија1
5.АТАНАСОВСКИ ДАНИЕЛКуманово11:00Просторија1
6.БОЖИНОВИЌ СТОЈАНКАКуманово11:00Просторија1
7.БОШКОВСКИ СТЕФАНКуманово11:00Просторија1
8.ДАВЕВ НИКОЛЧЕВелес11:00Просторија1
9.ДИМИТРИЈЕВИЌ НИНАКуманово11:00Просторија1
10.ЃОРГИЕВСКА ЗЛАТКАБитола11:00Просторија1
11.ЃУРЃЕВИЌ МИЛОРАДСкопје11:00Просторија1
12.ЗИМЕРИ АСТРИТКуманово11:00Просторија1
13ИСАКИ АВНИСкопје11:00Просторија1
14.ЛАЗАРОВ ИВАНКочани11:00Просторија1
15.ЛАЗАРОВА И МАРИНАСкопје11:00Просторија1
16.МАКРЕСКА СИМОНАПрилеп11:00Просторија1
17.МИЛОЈЕВИЌ ЈЕЛЕНАСкопје11:00Просторија1
18.МУРТОВСКА ТАТЈАНАБерово11:00Просторија1
19.НИКОЛОВСКИ МАРТИНСкопје11:00Просторија1
20.ПЕШЕВСКИ ФИЛИПКуманово11:00Просторија1
21.РИСТЕВСКА СОЊАБитола11:00Просторија1
22.СИМИЌ МИРОСЛАВСкопје11:00Просторија1
23.СМИЛЈАНСКИ ВАСИЛШтип11:00Просторија1
24.СОТИРОВСКИ ДАМЈАНСкопје11:00Просторија1
25.ТОФИЛОСКИ ТОДОГостивар11:00Просторија1
26.ТРАЈАНОВСКА ЃУРЃИЦАСкопје11:00Просторија1
27.ТРАЈАНОВСКИ МИТКОРесен11:00Просторија1

Решението за исполнети услови за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници, на секој кандидат, ќе му биде врачено на денот на полагањето на испитот.

 

 

Скопје, 24.10.2019 – Денеска, со поздравно обраќање на директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски, министерката за финансии Нина Ангеловска и проректорот при Универзитет Св. Кирил и Методиј од Скопје Билјана Ангеловска, официјално беше затворена тридневната конференција ПИКАРД , организирана од Царинската управа на Република Северна Македонија, во соработка со Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, а со поддршка од Светската царинска организација и Царината на Кореа. 

Врз основа на член 50 став 2 од Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 39/05, 04/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16), член 94 став 2 и член 148 од уредбата за спроведување на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 66/05, 73/06, 40/07, 62/07, 42/09, 48/09, 38/10, 46/10, 61/10, 141/11, 147/11, 158/11, 14/12, 2/13, 92/13, 11/15, 215/15,192/16,21/17 и 181/17) и точка 8 од Упатството на Царинската управа за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15 од 10.03.2015 година,

                                            ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                                                                          Објавува

                                                                   ЈАВЕН ПОВИК Бр. 3/19

За прибирање понуди за склучување на договор за користење на работен простор за Царинска испостава Кавадарци(за увозно извозен работен простор – терминал)

Документите кои понудувачот треба да ги достави и условите што треба да ги исполни, како и начинот на избор се наведени во Упатството за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15 од 10.03.2015 г. објавено на интернет страната на Царинската управа www.customs.gov.mk, од каде што може да се преземе.

Рокот за доставување на понуди изнесува 14 дена сметано од денот на објавување на јавниот повик во јавните гласила.

Понудите кои нема да се достават во предвидениот рок, како и оние кои нема да ги содржат сите потребни документи нема да се земат во разгледување.

Понудите се доставуваат на следната адреса:

Царинска управа на Република Северна Македонија

Сектор за административни и технички работи

(со назнака”за јавен повик број 1/19”)

Ул. Лазар Личеноски бр. 13

1000 Скопје

                                                                                                          

 

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски,генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија и министерката за финансии Нина Ангеловска, во дворот на Царинската управа денеска засадија Дрво на мирот. Одбележувајќи ја 14. Конференција за партнерство во царинското истражување и развој - ПИКАРД, што годинава се одржува во Скопје, ова дрво ја симболизира посветеноста кон заедништвото во рамките на големото царинско семејство како и заложбата за натамошно развивање на досегашната плодна соработка.

Танасоски: Остануваме посветени на имплементација на стандардите на Светската царинска организација и создавање подобри услови во царинското работење и прекуграничната трговија 

Дигитализацијата на царинските постапки и поважните приоритети на Царинската управа денес беа презентирани пред претставници на IHEDN (Институт за високи студии за национална одбрана).

Како што беше најавено од 22 до 24.10.2019 година Царинската управа на Република Северна Македонија ќе биде домаќин на најзначајната конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД (Партнерство во царинското истражување и развој), која ќе се одржи во хотелот Хилтон во Скопје. На конференцијата се очекуваат околу 200 гости од повеќе од 50 земји, царински експерти и академици кои ќе ги презентираат своите истражувачки трудови.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија мигранти и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани девизи, автоделови, облека, кујнски ножеви и фалсификати.

Царинската управа е една од клучните институции за регулирање на прекуграничната е-трговија. Со конкретни мерки ќе се адресира сивата економија во е-трговијата. Со скенирање на пратките во поштенскиот сообраќај значително ќе се зголеми контролата. Исто така, ќе се отвори е-платформа на која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите оние кои вршат нерегистрирана е-трговија. Одлична иницијална средба со министерката за финансии Нина Ангеловска и Асоцијацијата за е-трговија и претставници на државни органи, комори и деловен сектор.

При длабинска контрола на патниот правец Велес – Скопје царинските инспектори од Одделението за оперативни работи прoнајдоа 45 (четириесет и пет) мигранти без документи за идентификација.