Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани хируршки материјали, стакла за очила, леќи за очи,  турбо пумпи, делови за разладни витрини, делови за товарни возила, облека и цигари.

 

Царинската управа Ве известува дека на ден 25.12.2019 година со почеток во  11:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9 б,  е закажано повторното полагање (поправен испит) на вториот дел од испитот –студија на случајот. 

Царинската управа Ве известува дека Уверенијата за положен стручен испит за  лиценциран застапник, за кандидатите кои полагаа на ден 18.11.2019 година се изготвени. Сите кандидати кои го положија испитот можат да дојдат во просториите на Царинска управа  ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на I спрат во Одделени за царински и даночни постапки соба бр.10 , секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, започнувајќи од денеска 25.11.2019 до 05.12.2018 година.

Царинската управа од 01.11.2019 година започна со презентации на модулите во СОЦДАД од аспект на акцизното работење. Новиот Закон за акцизите (Службен весник на РСМ број 108/19, 143/19 и 225/19) http://customs.gov.mk/index.php/mk/za-nas-mk/carinska-regulativa/zakon-za-akcizite-mk ќе се применува од 01 јануари 2020 година со кој паралелно ќе започне и примена на СОЦДАД во делот за акцизи.

На 18.11.2019 година во просториите на царинска испостава Пошта, директорот на царинска управа м-р Ѓоко Тансоски и министерката за финансии д-р Нина Ангеловска, го промовираа скенерот за контрола на поштенски пратки, донација на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Скенерот ќе овозможи поштенските пратки да се гледаат веднаш при добивање, со што се крати процедурата за доставување до крајниот корисник за два-три дена, како и намалување на трошоците на граѓаните бидејќи пратките за кои ќе се утврди дека во нив нема нешто сомнително, веднаш се пуштаат до примачот, без задржување во поштенските простории и наплата на трошоци.

- Од гледна точка на Царината, е-трговијата се користи за продажба на физички производи преку интернет, вклучително и фалсификувани производи, за кои ние, како Царинска управа мораме да бидеме спремни и да превенираме евентуален внес на каква било недозволива стока. Со употребата на скенерот ќе се забрза прегледот на е-пратките и ќе се зголеми можноста за откривање на недозволена трговија. Ако зборуваме за безбедноста, пред сѐ за заштита на населението, што е една од примарните задачи на Царинската управа, скенерот овозможува детектирање на пратки кои согласно позитивните законски прописи содржат материи кои се забранети за внесување во нашата држава. Од друга страна, наша задача е да го заштитиме правото на интелектуална сопственост, како и други мерки на трговска политика- посочи директорот Танасоски.

Директорот Танасоски најави дека од наредната година заедно со Царинската управа на Јужна Кореја и Светската царинска организација почнува проект за добивање податоци пред да пристигне пратката со што во голема мера се забрзува царинската постапка, се овозможува анализа на ризик, односно,како што рече, обработка на податоците со што доста ефикасно ќе се изврши контролата од наша страна и сето тоа како резултат ќе има скратување на времето на достава и по неколку пати во однос  на она што е сега и она што го напомена со индексот и министерката.Исто така најави и дека следната година, Република Северна Македонија преку Царинската управа, како претседавач на ЦЕФТА поткомитетот ќе предложи нов регионален договор за регулирање на е-трговијата во рамките на ЦЕФТА земјите. Овој договор треба да придонесе за значително подобро регулирање на е-трговијата во ЦЕФТА и поедноставување на царинските постапки за извоз и увоз. Ова истовремено треба да обезбеди поголема вклученост на малите трговци и пороизводители 

-Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањето на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање на царина. Од друга страна има голем притисок на одредена категорија на граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија. Затоа работиме на  подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста - рече министерката Нина Ангеловска. 

Укажувајќи дека има значителен простор за подобрување, министерката Ангеловска посочи дека употребата на скенерот е еден чекор за подобрување на Индексот на логистички перформанси, кој ја мери ефикасноста и квалитетот на поштенската испорака и е многу значаен за развој на електронската трговија, со што ќе овозможи без да се отвораат пратките да се види што има во нив. Со тоа се намалува можноста за злоупотреба и се врши автоматизација на процесот. Освен на олеснување на увозот, се работи и на олеснување на извозот. 

Исто така за време на презентацијата, истакнато беше и дека во тек се сеопфатни анализи кои ќе покажат кој е оптималниот праг за ослободување од увозни давачки кај малите пратки, по што ќе следи негово зголемување. 

Скенерот кој веќе се користи во царинска испостава Пошта е донација преку програмата EXBS од амбасадата на САД во РС Македонија, со вредност од 59.000 долари. Вкупната донација на опрема изнесува 80.000 долари, вклучително и обука на вработените за користење на софтверот кој го содржи со цел максимално да се искористи потенцијалот кој ни го нуди. 

Амбасадата на САД преку Програмата EXBS во изминатите години ѝ донираше на Царинската управа оперативна опрема во вредност од над 2 милиони американски долари, а со цел да се унапреди целокупното царинско работење и да се остварат подобри резултати во олеснувањето на меѓународната трговија и зачувување на безбедноста на општеството. Резултатите од донираната опрема се мерливи и покажуваат импозантна бројка на заплени. Со примена на опрема слична на оваа за која денес зборуваме, спречени се бројни обиди за криумчарења, што е од огромна важност пред сѐ за безбедноста на општеството, но и за спречување на обиди за оштетување на буџетот.

 

thumbnail_IMG_20191118_122942
thumbnail_IMG_20191118_122942
thumbnail_IMG_20191118_123128
thumbnail_IMG_20191118_123128
мали пратки 1
мали пратки 1
мали пратки
мали пратки
нина ангеловска
нина ангеловска
царина
царина
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6

 

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски на 13.11.2019 година учествуваше на 16-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Брисел. 

 

Почитувани корисници,

Известуваме дека денес 14 ноември во период од 17 до 19 часот поради миграција на нова инфраструктура на Интегрираната тарифна околина нема да бидат во функција Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи- СОЦДАД и Интегрираната тарифна околина - ИТО.

Благодариме на разбирањето.

 

 

Царинската управа од 01.11.2019 година започна со презентации на модулите во СОЦДАД од аспект на акцизното работење. Новиот Закон за акцизите (Службен весник на РСМ број 108/19, 143/19 и 225/19) ќе се применува од 01 јануари 2020 година со кој паралелно ќе започне и примена на СОЦДАД во делот за акцизи. 

Во текот на минатите четири седмици, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани облека, украси, хируршки материјали, стакла за очила, леќи за очи, маслиново масло, суплементи, парфеми, хидраулично масло, користени велосипеди и тротинети, ароми за наргиле и фалсификати.

Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека на ден 18.11.2019 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9б) со почеток во 12:30 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај ) на кандидати кои:

- го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката. 

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај):

Р.бр Име и презиме на кандидатот Време на полагање Локација

Р.брИме и презиме на кандидатотВреме на полагањеЛокација
1.ФИЛИП ПЕШЕВСКИ12:30Просторија 1
2.АСТРИТ ЗИМЕРИ12:30Просторија 1
3.ЈОСИФ АНГЕЛОВСКИ12:30Просторија 1
4.СТОЈАНКА БОЖИНОВИЌ12:30Просторија 1
5.ДАНИЕЛ АТАНАСОВСКИ12:30Просторија 1
6.ЃУРЃИЦА ТРАЈАНОВСКА12:30Просторија 1
7.АВНИ ИСАКИ12:30Просторија 1
8.ТАТЈАНА МУРТОВСКА12:30Просторија 1
9.НИКОЛЧЕ ДАВЕВ12:30Просторија 1
10.СИМОНА МАКРЕСКА12:30Просторија 1
11.МИЛОРАД ЃУРЃЕВИЌ12:30Просторија 1
12.ИВАН ЛАЗАРОВ12:30Просторија 1
13.ЗЛАТКА ЃОРГИЕВСКА12:30Просторија 1
14.ЈЕЛЕНА МИЛОЈЕВИЌ12:30Просторија 1

 

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, потребно е во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени во списокот на кандидати за полагање на втор дел од испитот.  

-Исто така ги повикуваме и оние кандидати кои се упатуваат на поправен испит односно не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.05,05.01

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите. 

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.