Ве известуваме дека со завршувањето на вонредната состојба заклучно со датумот 22. 06. 2020 укинати се сите воведени мерки за спречување на внесување и ширење на вирусот COVID-19 донесени со Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба и тоа следните Одлуки:

Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (Сл. весник број 62/20) 

Одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материја (Сл. весник број 76/20)

Одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 92/20) 

Одлука за дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 109/20)

Одлука за ограничување на извозот на пченица и наполница и брашно од пченица и наполница (Сл. весник број 70/20)

Одлука за за изменување и дополнување на  одлука за ограничување на извозот на пченица и наполница и брашно од пченица и наполница (Сл. весник број 90/20) и

Одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 119/20)

Со почит,

Царинска управа на РСМ

Светската царинска организација (СЦО) со задоволство објавува дека 15-та PICARD годишна конференција на СЦО ќе се одржи како веб-конференција од 23 до 26 ноември 2020 година.

1ThuryWerner

7AnitaAngelovska

2JanmaatFreek

3EmilijaBelogaska

BosiljkoZlopasa

5EmirDjikic

6DamjanMancevski

8SanjaLukarevska

10BiljanaPeeva

11DriljonIseini

 12AnetaAntova

 13DanielaArsovska

 irena25062020

Како и секоја година, по повод одбележувањето на денот на Царинската управа на Република Северна Македонија (14.04), се искористи  можност за изразување на благодарност кон нашите постојани соработници и партнери. Соочени со фактот дека годинава, за жал, поради ситуацијата што ни е позната на ситe, откажан беше традиционалниот свечен настан, плакетите во знак на благодарност за добра соработка беа доделени денес.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден илегален патник и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, гориво, свежа риба, автоделови, велосипеди, технички производи, производи за електронски цигари, инсектициди, ѓубриво и рачен часовник.

Пред точно една година, концептот дигиталнa царина стана реалност. Со имплементацијата на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), систем кој е во ранг на најсовремените системи кои се користат од страна на земјите членки на ЕУ, Царинската управа на Република Северна Македонија е чекор понапред кон исполнување на барањата за влез во Европската Унија.

Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19 и 275/19), Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15и 30/16), Одлуката за давање во закуп објекти на граничните премини за патен сообраќај бр. 45-10993/1-19 од 14.01.2020 година („Сл. весник на РСМ” бр. 14/20), Одлуката за давање во закуп објекти на граничните премини за патен сообраќај бр. 45-11072/1-19 од 14.01.2020 година („Сл. весник на РСМ” бр. 14/20) и Одлуката за давање во закуп објекти на граничните премини за патен сообраќај бр. 44-2334/1 од 07.04.2020 година („Сл. весник на РСМ” бр. 94/20), донесени од Владата на Република Северна Македонија

                                             Царинската управа на Република Северна Македонија

                                 ул.Лазар Личеноски бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија објавува

 

                                                                                    ОГЛАС број 1/2020

                                                                                                 ЗА

                                            ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП ОБЈЕКТИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

 

Прва објава

А. Објекти од траен карактер кои се даваат во закуп за дејности:

А.1. царинско застапување

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Адреса, број на зграда/друг објект, влез/кат и број на посебен/заеднички дел, намена и внатрешна површина

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
12345678910
1Богородица4515

КО Богородица,     ИЛ

18286, КП 2848/1

Побиен камен

Дел од бр.1 – 718м2

влез 1, ПР ,  бр. на заеднички дел  0,

намена ДП

6.044,00

24.177,00

100.000,00

29.06.2020 г

08:30

2Богородица5425

КО Богородица,

ИЛ 18286, КП 2848/1

Побиен камен

Дел од бр.1 – 579м2

влез 1,

К 1,

бр. на заеднички дел  0,

намена ДП

7.633,0030.534,00100.000,00

29.06.2020 г

09:30

3Меџитлија6823

КО Лажец,                        ИЛ 438, КП 384/3

Драгошница,

Дел од бр. 1 – 104м2,

влез 1,

приземје,

намена ДП

10.021,0040.083,00

80.000,00

29.06.2020 г

10:30

4Блато7516КО Баниште,              ИЛ 206,  КП 640/1

ГП Блато,

Дел од бр. 2- 100м2,

влез 001,

кат приземје,

бр. на заеднички дел 000,

6.764,0027.056,00

40.000,00

29.06.2020 г

11:30

5Ќафасан9819,00КО Радожда,         ИЛ 686, КП 2577

Локов,

Дел од 423м2 бр. 1,

влез 1,

кат 01

2.407,00

9.628,0080.000,00

29.06.2020 г

12:30

6Ќафасан998,00КО Радожда,         ИЛ 686, КП 2577

Локов,

Дел од 423 м2, бр. 1,

влез 1,

кат 01

1.290,005.160,0080.000,00

29.06.2020 г

13:30

7Ќафасан

106

18,70

КО Радожда,         ИЛ 686, КП 2577

Локов,

Дел од 423 м2,  бр. 1,

влез 1,

кат 01

9.273,0037.093,0080.000,00

29.06.2020 г

14:30

           

 

А.2. Осигурување лица и возила

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Адреса, број на зграда/друг објект, влез/кат и број на посебен/заеднички дел, намена и внатрешна површина

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
12345678910
1Свети Наум705КО Љубаништа ИЛ 17 КП 2263СВ. Наум Дел од Згради во останато стопанство 450 м2,  влез 1      кат П2.429,009.715,0030.000,00

29.06.2020 г

15:30

2Блато7616КО Баниште,              ИЛ 206,  КП 640/1

ГП Блато,

Дел од бр. 2-100м2,

влез 001,

кат приземје,

бр. на заеднички дел 000,

6.764,0027.056,0040.000,00

29.06.2020 г

16:30

3Табановце10412КО Табановце ИЛ 17784  КП 938Горни ливади Дел од 122 м2 број на објект 1, намена посебен дел од зграда  Е4, влез 1 кат ПР број 1, намена на посебен дел  ДП4.132,0016.530,00100.000,00

30.06.2020 г

08:30

4Ќафасан

105

8,00КО Радожда,         ИЛ 686, КП 2577

Локов,

Дел од 423 м2, бр. 1,

влез 1,

кат 01

3.748,0014.992,0080.000,00

30.06.2020 г

09:30

 

 

А.3. Угостителска дејност

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Адреса, број на зграда/друг објект, влез/кат и број на посебен/заеднички дел, намена и внатрешна површина

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
12345678910
1Табановце10137КО Табановце ИЛ 17784  КП 938Горни ливади Дел од 122 м2 број на објект 1, намена посебен дел од зграда  Е4, влез 1 кат ПР број 1, ДП8.804,0035.217,00100.000,00

30.06.2020 г

10:30

 

А.4. Менувачко работење

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Адреса, број на зграда/друг објект, влез/кат и број на посебен/заеднички дел, намена и внатрешна површина

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
12345678910
1Табановце10210КО Табановце ИЛ 17784  КП 938Горни ливади Дел од 122 м2 број на објект 1, намена посебен дел од зграда  Е4, влез 1 кат ПР број 1, ДП3.513,0014.050,00100.000,00

30.06.2020 г

11:30

 

А.5. Трговија на мало

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Адреса, број на зграда/друг објект, влез/кат и број на посебен/заеднички дел, намена и внатрешна површина

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
12345678910
1Табановце10313КО Табановце ИЛ 17784  КП 938Горни ливади Дел од 122 м2 број на објект 1, намена посебен дел од зграда  Е4, влез 1 кат ПР број 1, ДП4.517,0018.067,00100.000,00

30.06.2020 г

12:30

 

Прва објава

Б. Времени објекти кои се даваат во закуп за дејности:

Б.1. царинско застапување

 

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

 Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност 

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
123456789
1Деве Баир92 а26,00

Поставен на градежно земјиште:

КО Узем 

КП 2314,

ИЛ 216, дел од монтажен објект со површина од 67м2, ДП

1.563,006.253,0060.000,00

30.06.2020 г

13:30

2Табановце9322,00

Поставен на градежно земјиште

КО Табановце,

ИЛ 1290,

КП 940/1 КО Табановце, КЕН, ДП. 

3.889,0015.557,00100.0000,00

30.06.2020 г

14:30

 

Б.2. Осигурување лица и возила

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

 Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност 

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
123456789
1Ново Село837,56

Поставен на градежно земјиште

КО Ново Коњарево-вон град,     

ИЛ 847,                        КП 3538 и 3535

3.871,00

15.483,00

60.000,00

30.06.2020 г

15:30

 

  1. Интегрален текст на Огласот за јавното наддавање, Пријавата (Образец број 1) и

Изјавата (Образец број 2) за учество на јавното наддавање, може да се превземат од веб страната на Царинска Управа  http://www.customs.gov.mk.

  1. Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет адреса http://e-aukcii.finance.gov.mk. Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со податоците и доказите утврдени во овој оглас се прикачуваат во електронскиот систем за јавно наддавање на Министерството за финансии.

-  Податоците и доказите утврдени во овој оглас заедно со пријавата треба да бидат скенирани во еден pdf документ и истиот се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Изјава”.

-  Банкарската гаранција се скенира во pdf документ и се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Банкарска гаранција”.

  1. Еден затворен плик е за една пријава за една дејност и за еден објект односно

деловен простор.

Во секој затворен плик   се доставува единствено  оригиналната   банкарска гаранција за сериозност на понудата (точка 7.1. од овој оглас) до  пошта на адреса на Царинска Управа или директно во просториите на архивата на Царинска Управа ул. „Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје, во затворен плик на кој е наведен бројот на огласот и е назначено: „за Комисија за  располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Македонија – корисник Царинската управа на Република Северна Македонија.

Рокот за доставување  на   оригиналната   банкарска гаранција за сериозност на понудата  и прикачувањето на пријавата со  задолжителната документација скениерани во pdf на интернет страната   http://e-aukcii.finance.gov.mk за учество на јавното наддавање е најдоцна до 22.06.2020 година.

Јавното наддавање за секој објект одделно ќе се одржи електронски на следната интернет адреса  http://e-aukcii.finance.gov.mk

Јавното наддавање ќе започне во терминот наведен во табеларниот преглед, за секој објект поединечно.

  1. Почетната цена за наддавање за објект, е наведена во колона 7 во табелите

од ДЕЛ А, и колона 6 во табелите од ДЕЛ Б на овој оглас. Цената на закупнината е изразена во денари без ДДВ и е противвредност од евра, утврдена согласно Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/2016, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19 и 275/19),  и Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16).

  1. Задолжителна документација за учество на јавното наддавање е:

5.1. за сите учесници:

- Пријава (Прилог  број 1) пополнета со сите предвидени податоци, со датум не постар   од шест месеци, со потпис од одговорното лице и печат од правното лице, електронски во pdf

- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар е наведена во колона 8 во табелите од ДЕЛ А, и колона 7 во табелите од ДЕЛ Б на овој оглас, се доставува електронски во pdf формат и во оригинал преку пошта или директно во ахивата на Царинската управа   најдоцна  до 22.06.2020 година ;

                - Потврда за регистрирана дејност од правното лице подносител на пријавата издадена од Централен регистар на РМ, поднесена електронски во pdf формат  заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака –верно на оригиналот-;

- Тековна состојба од подносителот на пријавата издадена од Централен регистар на РМ, со датум на издавање не постар од шест (6) месеци, поднесена електронски во pdf формат заверена со  потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”;

          - Изјава со која се обврзува дека ако биде избран за најповолен понудувач, во рок од 5 дена од приемот на известувањето за избор ќе пристапи кон склучување Договор за закуп, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице;

          - Изјава – Прилог бр. 2 со која подносителот на пријавата изјавува дека ги прифаќа и е запознаен со условите од Огласот за јавно наддавање и Упатството, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице;

 5.2. за учесници за дејност царинско застапување:

           -Важечка лиценца - Одобрение за вршење работи за застапување во царински постапки за обавување на дејноста царинско застапување издадено од Царинска управа, поднесено електронски во pdf формат;

- Важечки општи гаранции за транзитна постапка издадени од банка, поднесени електронски во pdf формат во висина од:

а) 5 милиони денари – за обавување на дејноста царинско застапување  во објекти на граничен премин Табановце, Деве Баир, Богородица и Ќафасан;

 б) 2 милиони денари – за обавување на дејноста царинско застапување  во објекти на граничен премин  Меџитлија, Блато;

           - Потврда за работно време издадена од Централен регистар на РМ за обавување на  дејноста царинско застапување, поднесена електронски во pdf формат, заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”,и тоа:

а) работно време од 24 часа – за објекти на граничен премин  Табановце, Богородица и  Ќафасан

б) работно време од 12 часа – за објекти на граничен премин Деве Баир, Меџитлија и Блато.

     - Изјава за работно време, поднесена електронски во pdf формат со печат и потпис на одговорното лице, доколку не може да се обезбеди Потврда за работно време до денот на јавното наддавање, со обврска во рок од 30 дена задолжително да се достави Потврдата;

5.3. за учесници за дејност осигурување на лица и возила:

     -Дозвола за вршење работи на осигурување во рамки на класа на осигурување

од одговорност од употреба на моторни возила, издадена од надлежен орган (Министерство за финансии, Агенција за супервизија на осигурувањето), и тоа за Друштво за осигурување, како и за Осигурително брокерско друштво или Друштво за застапување во осигурувањето, за обавување на дејноста осигурување на лица и возила, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”.

5.4. за учесници за дејност менувачко работење:

- Изјава или Одобрение за вршење менувачко работење издадено од Народна банка на РСМ, се доставува електронски во pdf формат со печат и потпис од одговорното лице и со назнака „верно на оригиналот”.

6. Банкарската гаранција е за сериозност на понудата и треба да е издадена од банка. Во висина е од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и е со рок на важност најмалку 60 дена сметајќи од денот предвиден како краен рок за поднесување на пријавите. Банкарската гаранција за сериозност на понудата на најповолниот понудувач му се враќа веднаш по записничкото примопредавање на објектите, а на останатите подносители на пријава се враќа во рок од 15 дена од јавното наддавање. Царинска управа ќе ја реализира банкарската гаранција за сериозност доколку најповолниот понудувач не го склучи понудениот договор за закуп, не го солемнизира  и не направи записничко примопредавање на објектот во предвидените рокови. На секое идно јавно наддавање за истиот објект во период од една година, овој учесник во наддавањето нема да може да учествува;

7.  Објектот се издава во видена состојба.

8.Постапката за избор на најповолен  понудувач ја спроведува Комисија за  располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Македонија, формирана со решение од директорот на Царинската управа.

9. Комисијата нема да даде корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, за понудувач кој:

-  поднел пријава за која Комисијата ќе утврди дека е некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација од точка 9 од овој оглас или без сите податоци и докази предвидени во овој оглас,

-  се пријавува за дејноста и за објект на еден граничен премин за која веќе има важечки договор за закуп за друг објект на истиот граничен премин, освен за склучен договор согласно предвиденото во точка 43 од Упатството за начинот и постапката за давање во закуп на објекти и локации за рекламен простор на граничните премини за патен сообраќај.

-  во постапката од оглас кој е во тек, се пријавува за иста дејност за која е веќе најповолен понудувач и треба да склучи договор за закуп со ЦУ. Во случај истиот подносител на пријава да наддава за објект за иста дејност на ист граничен премин за кој веќе е најповолен понудувач, сите постапки во тековниот оглас на кој истиот подносител на пријава учествувал ќе се прогласат за неважечки и истиот нема да има право да учествува на наредниот оглас за давање  под закуп на објект,

-  се пријавува за истиот објект за кој во завршена постапка за јавно наддавање бил избран за најповолен понудувач, но во рокот предвиден за склучување, солемнизација на договорот или записничко примопредавање се откажал од склучување договор за закуп,

-  има неплатени долгови кон ЦУ.

10. Јавното наддавање е електронско и ќе се одвива на следниот начин:

-          Подносителите на пријави е потребно да се пријават на огласот објавен на страната на Министерството за финансии, да ги испратат личните податоци и документи  потребни за регистрација во системот, како и точна e-mail адреса со која се регистрирале во системот http://e-aukcii.finance.gov.mk, за да може Комисијата да го одобри нивното учество во јавното наддавање;

-    На подносителите на пријави кои се комплетни и навремени согласно овој оглас, Комисијата преку e-mail, во рок од три дена од денот на доставувањето на пријавите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои доставиле некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација од точка 7 од овој оглас или без сите податоци и докази предвидени во овој оглас, им доставува известување (по електронски пат) со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање;

-    Подносителите на пријави кои од Комисијата ќе добијат корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата http://e-aukcii.finance.gov.mk со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање;

-    Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку на огласот се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите од огласот и ја прифати  почетната цена;

-    Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат почетната цена на закупнината;

-    Јавното наддадавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда;

-    Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, почетната цена на закупнината се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат, без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, почетната цена на закупнината повторно се намалува за 2% од проценета вредност;

-    Кога јавното наддавање за соодветен објект е во прва или втора објава, соодветно се применуваат одредбите од Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

-    За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закупнина за конкретниот објект.

-    Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува Записник за спроведеното јавно наддавање од електронскиот систем кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање и Извештај за текот на јавното наддавање.

-    Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

-    Против решението од Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

-    За постапките за јавно наддавање за објект за кои има приговор или жалба против решението од Комисијата, Одлука за избор на најповолен понудувач во постапка со електронско јавно наддавање ќе се изготви по завршувањето на постапката која ќе се води по приговорот односно жалбата.

11. Во оваа постапка за давање во закуп на објектите на граничните премини, од страна на сите учесници задолжително се почитува следното:

-     Доколку најповолниот понудувач го потпишал договорот за закуп, но во периодот до солемнизација на договорот го извести закуподавачот дека го откажува договорот за закуп или не дојде на денот за солемнизирање на договорот, банкарската гаранција за сериозност не се враќа односно ќе се активира;

-     Доколку најповолниот понудувач кој последен ја наддал почетната цена за закуп на еден објект, не го прифати понудениот Договор за закуп, банкарската гаранција нема да му се врати односно ќе се активира;

-     За давање во закуп на објектите, меѓу Царинската управа и најповолниот понудувач се склучува договор за закуп кој се солемнизира кај   нотар на трошок на закупецот;

-     Во рок од 10 дена од потпишувањето на договорот од двете страни закупецот е должен да обезбеди банкарска гаранција за обврски од договорот (колона 9 од ДЕЛ А и колона 8 од ДЕЛ Б од овој оглас), на износ утврден од страна на Царинската управа, но не помал од пет (5) просечни месечни закупнини и пет (5) просечни режиски трошоци за соодветниот објект. Износот е гаранција за редовно подмирување на закупнина, режиски и други трошоци кои произлегуваат од договорот. Рок на важност на гаранцијата е пет (5) месеци повеќе од крајниот рок на договорот, со обврска за обновување по секое активирање од страна на Царинската управа;

-     Закупецот може во текот на важењето на договорот за закуп на објектот да обавува, како дополнителна дејност платен промет или менувачко работење, за што е потребно во рок од 30 дена по добивањето на потребните одобренија за работа за соодветната дејност, писмено да ја извести Царинската управа.

-     Времетраење на  договорот за закуп е 48 месеци.

-     Закупецот мора да започне со вршење на дејноста која ја пријавил во рок од 30 дена по потпишувањето на договорот од двете страни;

-     Закупените и заедничките објекти, како и блиското опкружување, закупецот е должен да ги употребува како добар домаќин и според нивната намена;

-     Режиските трошоци за објектот – струја, ел.енергија, греење, вода, ПТТ, изнесување на сметот до определеното место за собирање, заедничките трошоци, се на товар на закупецот;

-     Закупецот соодветно на својата дејност и намената, ја презема одговорноста за применување на сите законски прописи, како и ПП заштитата и трошоците за набавка на пропишаната ПП опрема во објектот;

-     Закупецот е должен на Царинската управа да и достави адреса за доставување на писма, и секое доставување на писмо од страна на Царинската управа на таа адреса ќе се смета за полноважно ако е извршено по пошта со препорачана пратка;

-     Закупецот е должен да ги извести Царинската управа и нотарот кај кој е солемнизиран договорот за секоја промена на седиштето, адресата, статусни и слични промени, банкарските сметки, отворен стечај на закупецот и слично;

-     Во случај на стечај, ликвидација и други случаи на престанок на вршењето на дејноста од страна на закупецот, истиот е должен веднаш да ги извести Царинската управа и нотарот кај кој е солемнизиран договорот, а договорот за закуп престанува да важи;

-     Закупецот не смее закупениот објект целосно или во делови да му го даде во закуп на друг (подзакуп), или според некој друг основ да го даде на употреба;

-     Закупецот не смее без писмена согласност од Царинската управа да врши измени на објектот (преградување, поправки, преправки и други инвестициони работи);

-     Закупецот е должен да ги надомести трошоците за штетите на објектот настанати по негова вина или поради небрижност;

-     Договорот за закуп ќе содржи извршна калузула – изрична изјава на закупецот дека е согласен врз основа на договорот кој се заверува кај нотар, непосредно да се спроведе присилно извршување  врз имотот на должникот заради наплата на доспеана, а неплатена закупнина и други трошоци и надоместоци определени со договорот, како и присилно иселување доколку договорот биде откажан, раскинат или престанал на друг  начин;

-     По престанокот на закупот по било кој основ закупецот е должен да и го врати на Царинската управа објектот, записнички, во исправна состојба а во согласност со отказниот рок;

-          Царинската управа може еднострано да го раскине договорот за закуп доколку:

а) закупецот во рок не започне или не ја врши дејноста за која се пријавил на наддавањето,

б) закупецот не се придржува кон договорот за закуп,

в) закупецот не ги плаќа во рок закупнината и режиските трошоци,

г) закупениот објект закупецот го издава на подзакуп,

д) закупецот престане да ги исполнува условите од овој оглас врз основа на кои е склучен договорот за закуп,

ѓ) објектот е потребен за обезбедување услови за непречено функционирање на државните органи на граничниот премин,

12.Контакт лица за информации:

-    Ацо Божиновски, 070 360-493 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за граничен премин Табановце и Деве Баир;

-    Валентина Чучанова, 070 358 766 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за граничен премин Богородица и Ново Село

-    Перо Дејкоски,  070 357 931, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за граничен премин  Ќафасан, Свети Наум и Блато

-    Никола Журовски, 072 219 234, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за граничен премин Меџитлија

 

Образец број 1 Пријава

Образец број 2 Изјава

Упатство за начинот и постапката за издавање во закуп

 

Скопје,  09.06. 2020  година                                                                              

 

                                                                                                                                

 

Царинската управа е водечка институција во спроведувањето на Договорот за олеснување на трговијата на СТО и во работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата. Во рамките на оценската мисија во рамки на регионалниот проект na USAID за Economic Development, Governance, and Enterprise Growth in Europe and Eurasia (EDGE), денес ги презентиравме нашите напори за спроведување на Договорот во следниве шест области: информации пред-пристигнување, управување со ризик, Овластен економски оператор и меѓународно признавање, соработка со граничните служби, Едношалтерски систем – Single Window и Националниот комитет за олеснување на трговијата.

Наодите од анализата треба да бидат основа за информирање на USAID за понатамошните напори за подобрување на условите за олеснување на трговијата и помош на економскиот раст во регионот, вклучувајќи ја Република Северна Македонија.

 

 

Известување до сите дипломатски и конзуларни преставништва  и меѓународни организации дека поднесување на барање за поврат на акциза за промет на акцизни добра направен во 2019 година, се врши најдоцна до 30.06.2020 година до Царинската управа на Република Северна Македонија.

Барањата за поврат на акциза се поднесуваат електронски во модулот Акцизи во СОЦДАД, а подетални информации за начинот на поднесување на истите се достапни во подолу наведениот линк :

 
 
 

Владата на Јужна Кореја со грант средства од 700.000 евра ќе го поддржи градењето на капацитетите на македонската Царинска управа, особено во делот  на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови, како и анализа на ризик во е-трговија. Денес (2.06.2020 година) беше организиран состанок за отпочнување на проектот на кој присуствуваа директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, министерката за финансии Нина Ангеловска и делегација од Царинската управа на Јужна Кореја.