Согласно Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба,  („Службен весник на РСМ“ бр.169/2020 од 22.06.2020 година), која стапи на сила веднаш, износот на акциза за обележано гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 се зголеми, и во моментов изнесува 18,121 ден/лит.

Како активности во рамки на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, преку видео конференциска врска денеска се одржа ссотанок за договор околу идните мерки и активности за понатамошно олеснување и забрзување на трговијата и прекугрaничниот проток.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за нелегално изнесување на готовински платежни средства од државата, еден обид за криумчарење златни предмети, еден обид за внесување фалсификати и еден обид за криумчарење мигранти.

Овој твининг проект,што започна да се применува од јануари 2020 година има специфична цел, насочена кон усогласување на даночното и царинското законодавство, во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики.  Целта е да се подобри економската анализа и предвидување на приходите заедно со моделирање и зајакнување на оперативните и административните капацитети на клучните институции во системот.


Ве информираме дека имплементирањето во продукција на нова надградена верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM заврши и системот е повторно во функција, а со тоа престанува и примената на хартиена постапка во EXIM.

Ви благодариме на разбирањето.

Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, што е клучен фактор за градење на доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки, денес се одржа on – line состанок на Советодавното тело при Царинската управа на Република Северна Македонија.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, денес 25.06. заедно со директорите на Царинските управи учествуваше на Состанокот на генералните директори на Светската царинска организација. СЦОа е глобален меѓународен признат центар на царинска експертиза и има водечка улога во развојот, промовирањето и спроведувањето на современи царински системи и процедури. Во услови на пандемијата Ковид-19, состанокот се одржаа преку видео конференциска врска. 

Ве информираме дека од понеделник, 29.06.2020 година, ќе биде пуштена во продукција нова надградена верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM. Со новата верзија на EXIM кај сите дозволи ќе бидат воведени позиции, односно редни броеви за сите ставки од дозволите, и ќе се овозможи искористувањето на одобрените количини да се прави по позиции (за секоја ставка поединечно), а не како досега сумарно по тарифна ознака. На овој начин ќе се обезбеди поголема прегледност на одобрените стоки и следливост на искористените количини. 

Царинската управа ги известува сите трговски друштва кои се производители, увозници, трговци на големо и/или трговци на мало со нафтени деривати, дека на 22.06.2020 година, донесена е и објавена во Службен весник бр.169/2019 Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, која стапи на сила веднаш.

Постапката на електронска регистрација во системот за е-Акцизи во СОЦДАД, од страна на Дипломатско-конзуларните претставништва и Претставништвата на соодветни меѓународни организации во Република Северна Македонија, е неопходен чекор и се очекува истата да биде направена од страна на Претставништвата.