Ги известуваме граѓаните дека граничниот премин Евзони од денес 07.08 петок од 23.00 часот па се до 15.08. сабота до 07.00 часот по грчко време, согласно добиените насоки од грчките погранични органи, ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај на влез во Р.Грција. Додека на излез од Р.Грција сообраќајот ќе се одвива нормално.

  

 

Со цел понатамошно олеснување на работата на економските оператори што превезуваат брзи пратки и во согласност со процесот на воведување на Е-царина, Царинската управа на Република Северна Македонија од 05.08.2020 година воведува задолжително поднесување на документ-најавен манифест „пред пристигнување“ за сите пратки од страна на брзите пошти.

Царинската управа ве известува дека повторно е определен термин за поднесување и доставување на вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, од причина што териминот за полагање кој беше закажан за 20.03.2020 година беше одложен поради пандемијата на КОВИД 19. Сите заинтересирани кандидати кои не ги доставиле своите документи во претходниот термин од 11-17.03.2020 година, а ќе го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат можност тоа да го направат во дополнителниот период кој започнува од утре 05.08.2020 па се до 27.08.2020 година.

EDGE е регионален проект од 3 до 5 години во Европа и Евроазија (Е & Е) кој има за цел да создаде инклузивен, одржлив економски развој и да поддржува интра-регионална и евроатлантска интеграција.

Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 27.8.2020 година.

Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 15, 17, 22 и 24 септември 2020 година. Царинската управа врз основа на пријавениот број на кандидати обуката ќе ја одржи во согласност со Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари од Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 (Сл.весник бр.123/20), или со далечинско учење.

 За начинот на одржување на претходаната обука како и за часот на започнување на предавањата кандидатите ќе бидат навремено известени.

Царинската управа го задржува правото за измена на терминот за одржување и распоредот на претходната обука, а за сите измени кандидатите ќе бидат навремено известени.

Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа

    Лазар Личеноски 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)

Сите кандидати кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:

1.ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и

2.Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Пријавата може да ја најдете тука.

Рок за доставување на пријавите: до 27.08.2020 година

Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:

                                Распоред за претходна обука

Р. Бр.Тема на обукатаДатум
1.Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи15. 9.2020
2.

Спроведување на транзитна постапка

15. 9.2020
 3.Царински дозволено постапување или употреба на стока15. 9.2020
 4.Царински постапки17. 9.2020
 5.Изготвување и употреба на царинска декларација17. 9.2020
 6.Вредност на стоката за царински потреби и пресметка на царински и други давачки17. 9.2020
 7.Царинската тарифа22. 9.2020
 8.Потекло на стоките22. 9.2020
9.Даноци, акцизи и даночна политика22. 9.2020
10.

Нетарифни  мерки и мерки на трговска политика

24. 9.2020
11.Обука од областа на транспорт и транспортно осигурување24. 9.2020
12.Шпедитерско работење24. 9.2020

Листата на кандидати кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување. 

За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.      

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

28 јули 2020 година: Европската Комисија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој денес започнаа со виртуелен почетен состанок за нов проект „Поддршка на регионалната економска интеграција“ за Западен Балкан и Република Молдавија.

Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19 и 275/19), Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15и 30/16), Одлуката за продажба на движни ствари – моторни возила бр. 44-6185/1 од 22.06.2020 година („Сл. весник на РСМ” бр. 169/20), донесена од Владата на Република Северна Македонија

                                                             Царинската управа на Република Северна Македонија

                                     ул.Лазар Личеноски бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија објавува

 

                                                                                    ОГЛАС БР. 1/2020

                                                                                                   ЗА

                                                    ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ – МОТОРНИ ВОЗИЛА

 

              

Р.брМарка/Тип на возилоРегистарски ознакиБрој на шасијаБрој на моторот

Боја на каросерија

Боја на каросерија

Год. производство

Работна зафатнина на мотор

Cm3

Сила на мотор KWПoчетна цена без  ДДВ
1Landrover FrelanderSK-808-МLSALLNABG22A23624225K4F/N64223407бела2002249713016.600,00
2Opel FronteraSK-5830-AKWOLO6BG762V50256Y22DTH17B97041зелена200221728519.990,00
3Skoda FelicijaSK-1225-ARTMBEHH61317358309AEF368377бела200118914710.500,00
4Skoda FelicijaSK-346-NCTMBEHH61317357169AEF368386бела20011891475.600,00
5Seat InkaSK-685-KNWDB9046131R7656181Y894915бела200118964711.290,00
6Lada NivaSK-267-SPXTA2121408130138621214/9233286бела2008169059,512.850,00
7Lada NivaSK-254-SPXTA2121408190131821214/9233426бела2008169059,512.850,00
8Skoda FelicijaSK-5746-AKTMBEHH61317358584AEF/368572бела20011891477.800,00
9Lada NivaSK-1395-ADXTA2121408190467321214/9242037бела2008169059,512.850,00
10Skoda FelicijaSK-564-ЈVTMБEHH613Y7304740AEF351843бела200018914710.500,00
11Skoda FelicijaSK-549-КPTMBEHH61315351170AEF368508бела200118914710.500,00
12Skoda FelicijaSK-968-КNTMBEHH61317357012AEF/358334бела200118914710.500,00
13Skoda FelicijaSK-769-SITMVENN61315349261AEF/367695бела200118914710.500,00
14Opel AstraSK-871-MUWOLQTGF6935031167R18A1-2046851темно плава20021995749.400,00
15Lada NivaSK-753-SOXTA2121408130453121214/9241542бела2008169059,512.850,00
16Volksvagen TouaregSK-348-ОМWVGZZZ7LZ5D021664BAC/031557црнa2004246112823.270,00
17Skoda OktavijaSK-872-TFTMBKS21Z682120252BXE938717металик сива200818967715.430,00
18Lada NivaSK-268-SPXTA2121408190467521214/9241793бела2008169059,512.850,00
19Skoda FelicijaSK-026-LOTMBEHH61317358587AEF368580бела200118914710.500,00
20Lada NivaSK-754-SОXTA2121408190455421214/9241540бела2008169059,512.850,00
21Seat InkaSK-686-КNWDB9046131R7656191Y894921бела200118964711.290,00
22Skoda FelicijaSK-132-NMTMBEHH613Y0269011AEF367741темна зелена20011891475.800,00
23Skoda FelicijaSK-876-MCTMBEHH613Y5280197AEF351990темна зелена20001891478.200,00
24Opel FronteraSK-520-МGWOLO6BG762V502587Y22DTH17C10708бела200221728519.990,00
25Lada NivaSK-748-SОXTA2121408190454621214/9241820бела2008169059,512.850,00
26Skoda FelicijaSK-719-КNTMBEHH61315349357AEF368021темна плава200118914710.500,00
27Opel AstraSK-435-МPWOLOTGF6935029593Y20DTH17D63505сина20021995748.200,00
28Skoda FelicijaSK-713-NATMBEHH61317358419AEF368551бела20011891477.400,00
29Skoda FelicijaSK-561-JVTMBEHH613Y7301087AEF352463темна зелена20011891477.400,00
30Mazda 121SK-886-OHJCMBXXBAJBTA47683JJATA47683црвена19961324 7.400,00
31Skoda FabijaSK-025-LOTMBPH16Y2234533130AZE052854бела20021,4448.000,00
32Opel KomboSK-356-NCWOLOXCF0633008859Y17DTL/0550500оторена плаво200216864812.780,00
33Peugeot BoxerSK-290-МFVF3233J421588103810FZ1R0348368бела200024468720.000,00
34Lada NivaSK-251-SPXTA2121408190138321214/9233285бела2008169059,512.850,00
35Skoda FelicijaSK-134-NMTMBEHH613Y5280220AEF351322темна зелена20001891479.200,00
36Opel AstraSK-960-МDWOLOTGF6935030565Y20DTH17D65126сина200219957410.800,00
37Lada NivaSK-395-SPXTA2121408190102021214/9234082бела2008169059,512.850,00
38Mazda 6SK-9038-ALJMZGY19R201166319RF/87328металик плава2004199810015.400,00
39Volkswagen TransporterSK-056-ОLWV2ZZZ7HZ5H008558AXB050700  бела20041,97711.800,00
40Audi A6SK-957-OHWAUZZZ48Z1N106961APU085172црнa20011781/17.800,00
41Skoda FelicijaSK-7724-ALTMBEHH61315349218AEF367916бела20011891479.000,00
42Skoda FelicijaSK-132-LDTMBEHH61315349218AEF/368425бела20011891479.400,00
43Skoda FelicijaSK-129-LDTMBEHH61317358292AEF368371бела200118914710.500,00
44RoverSK-836-MSSARREHWPMXD43453914K2FL29237955темно зелена19991396/8.000,00
45Skoda FelicijaSK-165-MK

SK890803/01

AEF2790212сива/1289436.200,00
46Skoda FelicijaSK-566-JVTMBEHH613Y5280150AEF/351769бела200018914710.500,00
47Skoda FelicijaSK-563-JVTMBEHH313Y5281070AEF352023темна зелена200018914710.500,00
48Volkswagen GolfSK-965-RPWVWZZZ1JZ5D000467ATD/671878бела200418917412.500,00
49Skoda FelicijaSK-562-JVTMBEHH613Y528147AEF351856бела200018914710.500,00
50Skoda OktavijaSK-873-TFTMBPKS21ZX82120142BXE 939524металик сива200818967715.430,00
51Skoda FelicijaSK-969-КNTMBEHH61317387162AEF368342бела200118914710.500,00
52Skoda FelicijaSK-144-LDTMBEHH61317358588AEF368577бела200118914710.500,00
53Skoda FelicijaSK-964-КNTMBEHH61315849231AEF367711бела200118914710.500,00
54Zastava YugoSK-694-TGVX1145AOOO1065447128А0641557405црвена20001,1407.500,00
55Skoda FelicijaSK-143-NMTMBEHH614X0106564AEF267713црвена199918914710.500,00
 56Skoda FelicijaSK-653-NTTMBEHH613757019AEF368318бела200118914710.500,00
57Skoda FelicijaSK-725-КNTMBEHH61315349398AEF367946бела200118914710.500,00
58Skoda FelicijaSK-509-LRTMVEHH61317357017AEF368335бела19991891475.000,00
59Mercedes BenzPG -4647-BWDB6693621N018072WDB6693621N018072бела///15.000,00
60Landrover FrelanderSK-787-МLSALLNABG22A23785025K4F/N64227637бела2002249713016.600,00
61Skoda FelicijaSK-679-NATMBEHH61317358319AEF368550бела200118914710.500,00
 Вкупна пoчетна цена без ДДВ700.120,00
  1. Продавач на движни ствари – моторни возила е Министерство за финансии,Царинска управа на Република Северна Македонија
  2. Предмет на продажба се движни ствари – моторни возила и тоа: вкупно 61 моторн патничко возило, по принципот видено-понудено-купено.
  3. Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите од Огласот и кои поседуваат Дозвола за собирање, третман или преработка на отпад согласно член 72 од Законот за управување со отпад со впишана шифра 16.01.04 кои се однесуват на искористени возила согласно Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/05) и Правилникот за мерките за заштита на животната средина кои мораат да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористени возила, нивните компоненти, материјали, целите и роковите за нивно постигнување и начинот и условите за складирање, формата и содржината на образецот за известување како и начинот на водење на евиденцијата (Службен весник на Република Македонија "бр.108/09 и 164/10).
  4. Рок за поднесување на пријавите за учество на електронското јавното наддавање е до 31.07.2020 година, заклучно до 23:59 часот.
  5. Јавното наддавање ќе се врши електронски на следната интернет адреса http://e-aukcii.finance.gov.mk, на ден 10.08.2020 годинапонеделник  со почеток во 10:00 часот.
  6. Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со податоците и доказите утврдени во овој оглас се прикачуваат во електронскиот систем за јавно наддавање на Министерството за финансии.

-           Податоците и доказите утврдени во овој оглас заедно со пријавата треба да бидат скенирани во еден pdf документ и истиот се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Изјава”.

-           Банкарската гаранција се скенира во pdf документ и се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Банкарска гаранција”.

-           Eдинствено банкарска гаранција за сериозност на понудата се доставува и во оригинал по пошта на адреса на Царинска управа или директно во просториите на архивата на Царинска Управа ул. „Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје, во затворен плик на кој е наведен бројот на огласот и е назначено: „за Комисија за  располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Македонија – корисник Царинската управа на Република Северна Македонија.

-         Рокот за доставување  на   оригиналната банкарска гаранција за сериозност на понудата  и прикачувањето на пријавата со задолжителната документација скениерани во pdf на интернет страната   http://e-aukcii.finance.gov.mk за учество на јавното наддавање е најдоцна до 31.07.2020 година.

  1. Јавното наддавањеза продажбата на движните ствари – моторни возила, ќе се изврши заедно, по пат на електронско јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи, со проценета вредност, утврдена согласно Процената од Бирото засудски вештачења на Република Северна Македонија, бр.СВ/ЕL V 37/19 од 19.08.2019 година, во која е проценета вкупна вредност на движните ствари во износ од 700.120,00 денари.
  1. Почетна цена на електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета вредност на движните ствари и истата изнесува 700.120,00 денари.
  1. Задолжителна документација за учество на јавното наддавање е:

9.1. Пријава пополнета со сите предвидени податоци, со датум не постар  од шест месеци, со потпис од одговорното лице и печат од правното лице, електронски во pdf

9.2. Критериум за утврдување на способност на понудувачот:

-         потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;

-         потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;

-         потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган;

-         потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција

-         забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

9.3. Техничка опременост на правните лица:

-           Доказ за поседување на минимум 2 (две) возилa, (камион - авто дигалка со Грејфер),

 (сообраќајна дозвола за горенаведените возила)

9.4. Доказ за идентитет:

- Тековна состојба од подносителот на пријавата издадена од Централен регистар на РСМ, со датум на издавање не постар од шест (6) месеци, поднесена електронски во pdf формат заверена со  потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”;

9.5. Дозволи од надлежен орган кои треба да се приложат:

-         Дозвола за вршење на дејност складирање, третман и/или преработка на отпад опишана во точка 3 од оваа објава,

-         Дозвола за вршење на дејноста за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад,

9.6. Изјава со која се обврзува дека ако биде избран за најповолен понудувач, во рок од 5 дена од приемот на известувањето за избор ќе пристапи кон склучување Договор за продажба, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице;

 9.7. Изјава – Прилог бр. 2 со која подносителот на пријавата изјавува дека ги  прифаќа и е запознаен со условите од Огласот за јавно наддавање

9.8. Банкарската гаранција е за сериозност на понудата и треба да е издадена од банка. Во висина е од 2% (14,002,00) од проценетата вредност на движната ствар и е со рок на важност најмалку 60 дена сметајќи од денот предвиден како краен рок за поднесување на пријавите. Банкарската гаранција за сериозност на понудата на најповолниот понудувач му се враќа веднаш по записничкото примопредавање на движните ствари – моторни возила, а на останатите подносители на пријава се враќа во рок од 15 дена од јавното наддавање. Царинска управа ќе ја реализира банкарската гаранција за сериозност доколку најповолниот понудувач не го склучи понудениот договорот за продажба, не ги превземе на време и не направи записничко примопредавање на движните ствари – моторни возила во предвидениот рок.

-Задолжителните документите не смеат да бидат постари од 6 месеци.

  1. Постапката за избор на најповолен  понудувач ја спроведува Комисија за  располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Северна Македонија, формирана со решение од директорот на Царинската управа.
  1. Комисијата нема да даде корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, за понудувач кој:

-         поднел пријава за која Комисијата ќе утврди дека е некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација предвидена во овој оглас,

-          има неплатени долгови кон ЦУ.

  1. Јавното наддавање е електронско и ќе се одвива на следниот начин:

-          Подносителите на пријави е потребно да се пријават на огласот објавен на страната на Министерството за финансии, да ги испратат личните податоци и документи потребни за регистрација во системот, како и точна e-mail адреса со која се регистрирале во системот http://e-aukcii.finance.gov.mk, за да може Комисијата да го одобри нивното учество во јавното наддавање;

-          На подносителите на пријави кои се комплетни и навремени согласно овој оглас, Комисијата преку e-mail  им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои доставиле некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација и докази предвидени во овој оглас, им доставува известување (по електронски пат) со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање;

-          Подносителите на пријави кои од Комисијата ќе добијат корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата http://e-aukcii.finance.gov.mk со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање;

-          Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку на огласот се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите од огласот и ја прифати  почетната цена;

-          Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат почетната цена;

-          Јавното наддадавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда;

-          Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, почетната цена на продажбата се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат, без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, почетната цена на продажбата повторно се намалува за 2% од проценета вредност;

-          За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар – моторни возила.

-          Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува Записник за спроведеното јавно наддавање од електронскиот систем кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање и Извештај за текот на јавното наддавање.

-          Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

-          Против решението од Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

13. Услов за преземање на движните ствари – моторни возила од страна на  избраниот најповолен понудувач е по уплата на паричните средства постигнати на јавното наддавање.  Доставата на уплатата на паричните средства се извршува непосредно пред потпишување на Договорот за продажба.

14. Рокот за подигање на предметите изнесува 40 дена од потпишување на договорот за купопродажба. Доколку во наведениот рок не се преземат движните ствари – моторни возила ќе се смета дека купувачот се откажал од предметите на продажбата и уплатената банкарска гаранција за учество  нема да му се врати.

15. Сите трошоци во врска со преземањето на движните ствари – моторни возила од плацовите на Царинската управа паѓаат на товар на купувачот.

16. Контакт лице за информации:

-    Башким Ќамили, 072 276 314,  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пријава за учество на јавно наддавање

Изјава

  

  

  

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, техничка стока, додатоци во исхраната, инсектициди, облека и ташни, лекови за животни и фалсификати.

Согласно одредбите од Уредбата со законска сила примена на законот за акцизите, износот на акцизата се менува во зависност од движењето на берзанските цени на нафтените деривати.

Со оглед дека просечната цена на бензините Prem Unl 10ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan во изминатите 15 дена е поголема од 590USD/ton, износот на акцизата за безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС–95 и ЕУРОСУПЕР БС–98, се намали за 1 денар.

Согласно наведеното, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 20.07.2020 година, донесе ОДЛУКА број 02-1595/1 за утврдување на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, при што акцизите што ги плаќаат обврзниците согласно прописите за акцизи од 21.07.2020 година 00:01 часот, и во наредните 14 дена ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 - 23,692 (денари/литар)
  • Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 23,692 (денари/литар)

Преку видео конференциска врска денес се одржа информативна сесија на следните теми: 

1.  Поим за непреференцијално и префренцијално потекло

2.  Целосна кумулација на потекло на стоки во рамки на ЦЕФТА (новина)

3.  Поедноставено докажување на потекло и изјава за потекло на стоки во безхартиена царинска постапка (новина)

Предавањето се организираше со цел да се унапреди конкурентната способност и надворешно трговски капацитет на компании со поддршка на оптимално користење на поттекло на стоки и царинската постапка, како теми кои треба да го забрзаат  и зајакнат учество на интернационални и регионални пазари, како и на домашниот пазар на макдонските компании.

Потребата за обновување и надполнување на знаењето ја иницираше МATTO, на што Царинската управа со задоволство одговори позитивно и ги вклучи како предавачи:

  • г.Златко Ветеровски, Помошник директор на Сектор за царински систем
  • г-ѓа  Лидија Лекоска, Началник на Одделение за царинска тарифа, вредност и  потекло
  • г-ѓа Ирина Нелковска,  Шеф на служба за поттекло

Царинската управа продолжува да ја унапредува својата улога како постојан партнер на деловната заедница, и ќе продолжи да ја врши својата мисија, насочена кон промовирање на економскиот раст и развој на државата.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3