Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 05 часот и од 16 часот до 05 часот во деновите сабота и недела, Ве информираме дека:

1. Работно време за царинската испостава Штип, во царинарница Штип, на следниот начин: 

од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот  за сите царински постапки, 

работа во сабота од 11,00 до 18,00 часот заради потребите на контрола на спроведување на поедноставените постапки, извозно царинење, увоз за облагородување, привремен увоз и царинско складирање.

Ова работно време ќе важи се додека е во важност одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00 часот и од 16:00 – 05:00 часот за деновите сабота и недела, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Царинската управа ги известува сите економски оператори кои продаваат течност за полнење на електронски цигари независно дали содржи или не содржи никотин дека истата може да се продава без да биде обележана со акцизна марка заклучно со 31 март 2020 година.

Од 01.04.2020 година забрането е ставање во промет на течност за електронски цигари кои не се обележани со акцизни марки и истите МОРА ДА БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ од малопродажните објекти.

 

 

Врз основа на член 50 став 2 од Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 39/05, 04/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12 и 171/12 и 187/13), член 94 став 2 и член 148 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 66/05, 73/06, 40/07, 62/07, 42/09, 48/09, 38/10, 46/10, 61/10, 141/11, 147/11, 158/11, 14/12 и 02/13, 92/13 и 177/13) и точка 8 од Упатството на Царинската управа за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15-0002 од 10.03.2015 г. 

                                                     ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                                                                                    Објавува

                                                                            ЈАВЕН ПОВИК Бр. 1/20

                                               За прибирање понуди за склучување на договор за користење

                                                     на работен простор за следните царински органи: 

 

A. Мултимодален увозно- извозен работен простор царински терминал Скопје 4,

1.  Документите кои понудувачот треба да ги достави и условите што треба да ги исполни, како и начинот на избор се наведени во Упатството за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15-0002 од 10.03.2015 г. објавено на интернет страната на Царинската управа www.customs.gov.mk, од каде што може да се преземе.

2.  За Мултимодален увозно-извозен работен простор царински терминал Скопје 4, понудувачот покрај условите упатството наведено во точка 1 од јавниот повик, треба да ги исполни и посебните услови односно да понуди  работен простор каде се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи  стока натоварена во товарни моторни возила и стока која се превезува по железнички пат (понудувачот да поседува опрема за манипулирање, утовар/ истовар, на стока, која се превезува по железнички пат). 

Рокот за доставување на понуди изнесува 14 дена сметано од денот на објавување на јавниот повик во јавните гласила.

Понудите кои нема да се достават во предвидениот рок, како и оние кои нема да ги содржат сите потребни документи нема да се земат во разгледување.

Понудите се доставуваат на следната адреса:

Царинска управа на Република Северна Македонија

Сектор за административни и технички работи

(со назнака”за јавен повик број 1/20”)

Ул. Лазар Личеноски бр. 13

1000 Скопје

 

Владата на Република Северна Македонија објави Одлука за укинување на царински давачки за увоз на потрошен медицински материјал. Одлуката ќе се применува заклучно со завршување на траење на вонредната состојба.

ОДЛУКА

Царинската управа во интерес на олеснување на постапката на снабдување со етил алкохол  на болниците, јавните и приватните здравствени установи и аптеките со етил алкохол, како и олеснување на дистрибуцијата на етил алкохол до компаниите кои произведуваат средства за дезинфекција и други средства потребни во борба против Covid – 19, во услови на вонредна состојба дава можност за поедноставување на постапките за движење на етил алкохолот во постапка на акцизно одложување.

Мерките за заштита од ширење на заразата со КОВИД-19 мора да се спроведува од страна на сите учесници во синџирот на достава на стоки до крајниот корисник за да се запазат сите препораки за лична и колективна одговорност, затоа што процесот на превоз е основен предуслов за ублажување на последиците од настанатата ситуацијата, односно прогласената пандемија. Превозот на стока е предуслов за задржување на нормалното функционирање на одредено стопанство во услови на кризна состојба. Мерките кои треба да се преземат и почитуваат се делат на следните учесници:

1. Магацини на приемник или испорачател на стока во рамките на самите трговски друштва кои се производители или трговци, но и царински складови каде се презема или истовара стоката преземена за превоз:

Магацинскиот простор целосно да се дезинфицира на секои 24 часа,

Да се постават апарати за лична дезинфекција на вработените, да има доволен број на медицински ракавици и маски за една употреба, како и места одредени за фрлање на употребените средства за заштита,

Да се ограничи пристап на лица кои не вршат директни активности во магацините,

Да се одреди изолирано место за шалтерска работа за издавање и прием на документи кои ја пратат стоката доколку постојат технички можности во објектот, да се употребуваат пластични папки или слични фолии во кои ќе се ставаат документите и на тој начин ќе се предаваат (можност површината на истите да се дезинфицира). По завршување на постапката на утовар/растовар на стока, документите на возачот да бидат оставени на претходно одредено место каде тој ќе може да ги преземе без притоа да има близок контакт со лицето кои ги спремило документите,

Да се одредат санитарни чворови кои ќе ги користат вработените во магацинот и посебен санитарен чвор за надворешни лица (возачи и други лица вклучени во процесот на превоз на стока),

Утоварот и растоварот на стока да ја извршуваат лица кои се вработени во трговското друштво, а возачите да се исклучат од овој процес, односно истите да бидат во кабината на возилото за време на процесот на утовар и растовар на стоката, а испорачателот да наведе забелешка во поле 13 од ЦМР образец дека возачот не присуствува на утовар на стоката.

Секој вработен да биде информиран за состојбите, мерките кои се преземаат на ниво на држава/држави како и во самото трговско друштво, како и за телефонските броеви кои се одредени за комуникација со надлежни здравствени органи, а за комуникацијата да се користат електронските алатки како мерка за намалување на директни контакти меѓу вработените.

2. Превозник како директен извршител на превозот со товарни возила во патниот сообраќај:

Превозникот во својство на работодавач во своите објекти каде се врши основната дејност треба да обезбедат посебна хигиена и дезинфекција на просториите, како и санитарните чворови,

Да се ограничи собир на поголема група на возачи во просториите на превозникот, раздолжување со документи да се врши преку шалтер, ако има технички можности за истото или да се ограничи присуство на еден по еден во просторијата каде се врши раздолжување со транспортни документи кои возачот ги носи со себе при вршење на превоз (патен налог, ЦМР образец, сметки за платени трошоци во готово и сл.),

Да се обезбедат посебни папки или пластични фолии за документите кои возачот ги носи за себе, за возилото и за стоката која ја превезува со можност нивните површини да се дезинфицираат,

Возилата кои се користат за превоз на стока, особено кабината на возилото треба да се дезинфицираат на секои 24 часа, да се опремат со санитарни ракавици, маски и антисептички средства за лична дезинфекција на возачот,

Возачот да ги користи главните транспорни коридори во секоја држава низ и во која се врши превозот на стока, да не запира непотребно на места каде има поголем број на лица, при точење на гориво или купување неопходни намирници задолжително да носат медицински ракавици кои по користењето се фрлаат на соодветно место, во кабината да има вреќи за отпад кој ќе го отсранува на секое достапно место при вршење на превозот,

Секој сомнеж за симптоми на одредена појава на слабост на организмот, веднаш да се пријави кај надлежен орган, со цел да се провери здравствената состојба,

Секој вработен да биде информиран за состојбите, мерките кои се преземаат на ниво на држава/држави како и во самото трговско друштво, како и за телефонските броеви кои се одредени за комуникација со надлежни здравствени органи, а за комуникацијата да се користат електронските алатки како мерка за намалување на директни контакти меѓу вработените,

Возачите кои се тестирани и е докажано дека немаат симптоми на КОВИД-19, да се ослободат од обврска на 14-дневен карантин, доколку возачите се враќаат од најзагрозени региони во Европа по враќањето од пат сами да се пријават во одредените здравствени центри според местото на живеење за да бидат тестирани. За извршениот преглед да му се издава потврда на македонски и англиски јазик доколку не се утврдат никакви симптоми.

3. Шпедитерски трговски друштва кои вршат активности на граничните премини и на царинските терминали:

Шпедитерот во својство на работодавач во своите објекти каде се врши основната дејност треба да обезбедат посебна хигиена и дезинфекција на просториите, како и санитарните чворови,

Приемот на странки во своите простории да ги ограничи на едно или најмногу 2 лица во зависност од деловните простории и можноста да се одржува соодветно растојание од минимум 1,5 м или да практикуваат шалтерско работење доколку имаат за тоа технички услови,

Да се обезбедат посебни папки или пластични фолии за документите кои се даваат на возачот да ги носи со себе, претходно на исти начин да се доставуваат до надлежни органи за спроведување на царински процедури и сл..

4. Контролни органи на гранични премини (царински службеници, погранична полиција и инспекторски служби):

Просториите на органите на државата на гранични премини, царински терминали и царински складови да се дезинфицираат на секои 24 часа, со одржување и на лична хигиена,

Персоналот да е опремен со медицински ракавици, медицински маски, средства за лична дезинфекција,

Директните контакти со учесниците во процесот на превоз да е на одредена дистанца, со професионален однос и вршење на работните задачи,

Задолжително да се прави интервју со секој професионален возач (домашен или странски) за утврдување на неговата маршута на движење, начинот на спроведена заштита и безбедност на местата на утовар на стоката, да се изврши мерење на телесна температура како и друг преглед ако има било каков сомнеж согласно пропишаните мерки,

Да се одредат рокови за транзитен превоз низ територија на државата за странски превозници со одредена маршута на движење на возилата, како би се избегнале било какви задржувања на територија на нашата држава (од влезна царинска испостава до излезна царинска испостава). Надлежните царински службеници во случаи кога ќе откријат неразумно отстапување од времето на транзит, да го известат ДЦЦ, а ДЦЦ потоа надлежните инспекциски служби, заради детална идентификација на превозниците и превземање соодветни мерки.

Професионален возач (домашен или странски) доколку има симптоми на одредена болест да се стави во карантин и да се направи тест за присуство КОВИД-19 согласно пропишаните процедури, а за прегледот да му се издава и потврда (на македонски и англиски јазик) како доказ дека врз таа личност се спроведени соодветни тестови која потврда ќе послужи и во понатамошниот процес на вршење на превозот на стока доколку не се докаже дека има симптоми на вирусот.

При одредување на рок и маршута за движење на возилата при излез од територија на нашата држава и дојде до нарушување на правилата за работно време на возачите согласно АЕТР спогодба, односно Закон за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, полициските службеници се должни да издадат потврда за спроведена задолжителната мерка на возачи кои користат аналоген тахограф, односно да стават печат, дата и период на отстапување од правилата на тахографска лента или на исписи од дигитални тахографи.

5. Препораки за превозници кои патуваат во средно и високо ризични земји

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехрамбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

1 Им се ограничуваат контакитите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет

2. Се забранува контакт со други лица

3. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

- ракавици за еднократна употреба,

- заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер

- нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни ночари и каљачи

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:

-да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во РСМ се замолуваат да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симтоматологија.

За време на патувањето 

После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете

Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми)

Почесто проветрување на кабината за време на возењето

При престојот во кабнна нема потреба од носење на лична заштитна опрема

Забрането е примање на слепи патници

Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето

Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји. 

Напомена:

Правилата наведени за превозниците и за магацините подеднакво се однесуваат и за внатрешен превоз на стока при дистрибуција на стоки до трговците кои ги пласираат производите до крајните корисници.

Превозот на патници како линиски или слободен превоз да се забрани за и од државите со висок ризик, а во внатрешниот превоз на патници да се воведат мерки на претпазливост, дезинфекција на автобусите и комбињата како и поседување на дезинфикциони средства и за патниците кој ќе се користи при влез во возилата.

 

 

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 06 часот, Ве информираме дека:
 
1. Работно време за царинската испостава Гевгелија, во царинарница Гевгелија, на следниот начин: 
- секој ден од понеделник до недела од 07,30 до 19,30 часот  за царински постапки на увоз,вклучувајќи ги викендите и празниците,
- секој ден од понеделник до недела од 00,00 до 24,00 часот, вклучувајки ги викендите и празниците, за царински службеници определени од страна на шефот на царинската испостава кои ќе работат на царински постапки за извоз, а ќе вршат и прием и обработка на увозни декларации поврзани исклучиво со постапка на реекспорт. 
 
Ова работно време ќе важи се додека е во важност одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
 
 

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 06, Ве информираме дека од 22.03.2020 година, во царинската испостава Струмица, во склоп на царинарница Гевгелија, работното време ќе биде организирано на следниот начин: 

од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот за царински постапки за увоз, 

од понеделник до петок од 08:30 до 20:00 часот за царински постапки за извоз, а за викендите и празници од 08:00 до 20:00 часот за царински постапки за извоз.

Ова работно време во царинска испостава Струмица ќе важи се додека е во важност одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 06, Ве информираме дека движењето на стоката продолжува непречено да се спроведува, а со тоа и присуството на  Царинската управа ќе биде 24 часа на царински испостави каде е преддвидено вакво работно време, а на останатите царински испотави во рамките на работно време. 

Имајќи ја предвид вонредната состојба прогласена во земјата, банките го прифаќаат предлогот на Владата за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките со цел обезбедување на царински долг за сите царински постапки.
Македонската банкарска асоцијација (MBA) и официјално ги известила Владата и Царинската управа дека банките членки го прифаќаат предлогот за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките чиј рок на важност истекува до 30.06.2020 година и секоја од нив интерно ќе го утврди начинот на кој ќе ја поднесе согласноста до Царинската Управа.

По согласноста на банките, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи важноста до 30.06.2020 година или 30.09.2020 година.

Од МБА напоменуваат дека четири гаранции на Охридска банка АД Скопје се издадени врз основа на примени контрагаранции од странски банки и за истите  продолжувањето ќе биде условено од обезбедување на продолжување на рокот на контрагаранциите од банките примарни издавачи.

 

stopanska komora 2
stopanska komora 2
stopanska komora
stopanska komora
Previous Next Play Pause
1 2