Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го положија целиот, односно дел од стручниот испит.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, делови за товарни возила, свежа риба, школски прибор и делови за водоводни инсталации и бањи.

Царинските службеници од граничен премин Богородица вчера, 13.09.2016 година запленија речиси 1 килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина во парчиња, со вредност од околу 38 илјади евра.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една измама, три обиди за нелегален влез во Република Македонија, еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, свежа риба, облека и делови за товарни возила.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец август 2016 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе 6 кривични пријави против 8 физички лица и 4 правни лица.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија две измами, еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани парфеми, тоалетни води, медицински реагенси и материјали, техничка стока, оптички леќи, делови за хидранти, автоделови, регистарски таблички, хербициди и фалсификати.

Се известуваат сите правни и физички лица дека за издавање на потврда согласно член 197 став 7 од Законот за трговски друштва, почнуваќи од 01.09.2016 година, до Царинската управа треба да достават ново изменето Барање кое е објавено на веб страната на Царинската управа (во продолжение). Истото треба да биде пополнето точно, читливо и целосно.

На ГП Табановце, полициски и царински службеници спречија обид за шверц на 580 грама кокаин.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани технички производи, влекач, автоделови, алкохолни пијалоци, облека, етикети, таблети за апарати за кафе и фалсификати.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама, еден обид за нелегално преминување на државната граница и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, облека, парфеми, цигари, маслиново масло, автоделови, техничка стокаи фалсификати.