Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за намалување на временскиот период на забрана и посебен режим на движење од понеделник до петок, Ве информираме дека Царинската управа во времетраење на вонредната состојба ќе работи: 

- Централна Царинската управа на Република Северна Македонија, почнувајќи од 24.04.2020 година, секој ден од понеделник до петок од 8:30 часот до 16:30 часот.

- Работното време на царинските испостави останува непроменето, односно царинските испостави ќе работат согласно донесените важечки одлуки за работното време.

 

 

 

 

Царинската управа ги известува сите трговски друштва кои се производители, увозници, трговци на големо и/или трговци на мало со нафтени деривати, дека на 21.04.2020 година, донесена е и објавена во Службен весник бр.105/2020 Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, која стапи на сила веднаш.

Врз основа на член 7 став 4 од Законот за Царинската управа („Сл. весник на РМ“ бр.46/04, 81/05, 107/07, 103/08, 64/09, 105/09, 48/10, 158/10, 53/11, 113/12, 43/14, 167/14, 33/15, 61/15, 129/15, 23/16, 120/18 и 248/18), директорот на Царинската управа донесе

                                                 НАСОКА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИТЕ НИЗ ЗЕЛЕНИТЕ КОРИДОРИ
                                                                                   ВО РАМКИ НА ЦЕФТА

I. Општи одредби

1. Цел на оваа насока е појаснување за начинот на движење на стоките низ зелените коридори во рамки на ЦЕФТА.

2. Ширењето на корона вирусот во изминатиов период во светот и на европскиот континент предизвика воведување на многу строги мерки од страна на многу држави членки на ЦЕФТА, како и на ниво на ЕУ во поглед на спречување на ширењето на пандемијата. Највидливи примери на таквите политики се забраните за патување наметнати од разни држави на ЕУ, како и повторното воведување на граничните контроли (вклучително и оние со санитарни мерки) на внатрешните и надворешните граници на ЕУ.

3. Земјите од Западен Балкан, во изминатиов период, исто така, во изминатиов период превземаа разни мерки за превоз на стоки, што во одреден период предизвикаа застои на одредени гранични премини. Сепак, и покрај потребата од воведувањето на стриктни санитарни мерки, протокот на стоки и она што е најважно, стоките од примарно значење (храна – храна за животни – лекови – медицинска опрема) не треба во никој случај да бидат предмет на било какви ограничувања или застои.

4. Со оглед на тоа што вонредната состајба ќе трае во одреден период, покрај штетите предизвикани од губиток на човечки животи, целокупната економија на европскиот континент, како и севкупната трговија можат да претрпат огромни штети. Земјите од ЦЕФТА искажувајќи го нивниот страв од можните нарушувања на прекуграничното движење на стоките, што може да предизвика одредни застои во снабдувањето со стоки превземаа одредени мерки за забрзување на движењето на стоките во ЦЕФТА.
5. Како прв чекор во надминувањето на ваквата состојба, државите членки на ЦЕФТА, врз основа на препораките на македонското претседателство со Поткомитетот за царина и потекло на стоки воспоставија ЦЕФТА Координативно тело, со цел размена на информации помеѓу сите страни на ЦЕФТА. Координативното тело се состои од претставници од министерствата надлежни за трговија (ЦЕФТА контакт точки) и претставници од царинските управи. На ЦЕФТА Координативното тело му помога ЦЕФТА Секретаријатот.

6. Во таа насока, како прв чекор за подобро регулирање на трговијата воведени се „Зелени“ приоритетни коридори за Западен Балкан. Овие зелени коридори се состојат од три главни оски:

A. HU/SRB border - Belgrade – SRB/MK border - Skopje – MK/EL border (with a branch towards Kosovo and Pristina) || RO/SRB border – Belgrade SRBMNE border– Podgorica – (port of) Bar.
B. HR/BiH-border Sarajevo- (port of) Ploce (HR) || HR/SRB border - BelgradeSRB/BG border. || SRB/BiH border- Sarajevo- BiH/MNE border-- MNE/KOS border-Pristina
C. (Port of) Durres- Tirana- ALB/MK border-Skopje- MK/BG border and Port of Durres -Fier – ALB/EL border || ALB/KOS border -Pristina- KOS/MK border || ALB/MNE border-Podgorica.

7. Во Република Северна Македонија клучни гранични премини на зелените коридори се граничните премини: Табановце, Блаце и Ќафасан, за кои сме обврзани да обезбедиме 24/7 проточност во поглед на движењето на стоките. Листата на сите отворени гранични премини за движење на сите стоки во ЦЕФТА, може да се најдат на следниов линк: https://cefta.int/covid-19/#1462889556008-5268e54e-1525

8. Во рамки на ЦЕФТА, исто така е усогласена ЦЕФТА приоритетната листа каде се предвидени стоките што ќе имаат првенство на минување. Царинските управи се обврзуваат дека приоритетните „зелени“ коридори треба да обезбедат приоритетен пристап на стоките што се наведени во ЦЕФТА приоритетната листа. Листата е достапна на следниов линк: https://cefta.int/covid-19/#1586879985044-b98d1fca-7ccb

9. Преку сите наведени гранични премини, како и низ оние што се наоѓаат на зелениот коридор, се одвива прометот на сета стока, со тоа што за одредена група на стоки (наведени во списокот на приоритетни стоки) што се наоѓаат на приоритетна листа, се обезбедува приоритетен премин. Приоритетен премин на возилата што го пренесуваат овој вид на стока, се обезбедува на следниве два начина.

10. Прво,секој возач на транспортно средство пожелно е да има ознака – зелена хартиена ознака во формат А4, каде ќе биде напишан следниов текст CEFTA ESSENTIAL GOODS. Оваа ознака треба да биде видливо поставена во кабината на возачот.

CEFTA ESSENTIAL GOODS

11. Второ, информации за видовите на стоки пред пристигнување се праќаат и се добиваат преку електронскиот систем СЕЕД. Идентификацијата на овој вид на стока ќе се врши врз основа на тарифните ознаки, внесени во извозните и транзитните декларации. Во извозните царински декларации, идентификацијата ќе се врши врз основа на тарифната ознака на 10 цифри. Во транзитните декларации, идентификацијата ќе се врши врз основа на 6 цифрена ознака на тарифниот подброј. Појдовните царински испостави каде започнува постапката на испраќање на стоките треба да овозможат внесување на тарифни подброеви во транзитната декларација (без измена на Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација) со цел приоритетното поминување низ тнр. зелени коридори да биде овозможено за овој вид на стоки, а се со цел на забрзување на царинската постапка.

12. Имајќи предвид дека внесување на тарифниот став во транзитната декларација во Република Северна Македонија е доброволно, треба да се истакне дека приоритетното минување за овој вид на стока е возможен само доколку во транзитната декларација е внесен тарифниот став, бидејќи тоа претставува единствен начин за идентификација на приоритетната листа на стоки. Напоменуваме дека списокот на основни стоки за кои е предвидено приоритетно минување може да се менува и усогласува со сите ЦЕФТА држави. Доколку станува збор за збирна пратка во која делумно се превезува стока од списокот на основни стоки, таквата пратка, исто така, ќе се смета како приоритетна пратка.

13. Како што е наведено претходно, на одредшните царински испостави, односно на царинските испостави од зелените коридори, преку системот СЕЕД ќе им биде обезбедена најавна порака, односно порака пред пристигнување, а на граничните инспекциски служби списокот од СЕЕД ќе им биде доставена на електронските адреси што се доставени од тие органи. Во таа насока, изработено е ново Корисничко упатство за оперативно користење на СЕЕД системот во врска со постапките за обезбедување брз проток на пратките со основни стоки во рамки на зелените коридори.

14. Напоменуваме дека наведената постапка ќе се спроведува од 17.04.2020 година, се до моментот додека се на сила посебните вонредни мерки за спречување на ширење на епидемијата.

15. Со цел еднообразна и униформна примена, потребно е да бидат запознаени сите учесници во царинската постапка со забелешка дека користењето на наведената постапка е доброволно, односно подносителот на транзитната декларација во појдовната царинска испостава може да внесе тарифен број, доколку сака да обезбеди приоритетно минување на граничните премини што се наоѓаат на зелените коридори, во случаи кога се превезува стока што е на приоритетната листа.

Список на суштински приоритетни стоки

Оваа насока стапува на 17.04.2020 година

По повод денот на Царинската Управа, 14 Април, сите вработени несебично донираа средства како дел од хуманитарната акција која се спроведува секоја година.

Денес, на 14-ти април, Царинската управа одбележува 28 години самостојност, стекнат суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Северна Македонија.

Одлука за укинување на увозната давачка-царинската стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистенo oд месo и живинскo салo, неистoпени или пoинаку издвoени, свежи, разладени, замрзнати, сoлени, вo саламура, сушени или чадени.

ОДЛУКА:

„Царинската управа заедно со сите органи и Министерства во Владата на Република Северна Македонија, прават исклучителни напори за одржување на економската активност и поддршка на извозот“, рече директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција на која информираше за конкретните мерки во областа на прекуграничната трговија.

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 16 часот до 05 часот, Ве информираме дека од 09.04.2020 година:

1. Работното време за царинската испостава Струмица, во царинарница Гевгелија ќе биде регулирано на следниот начин: 

од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот за царински постапки за увоз, 

од понеделник до петок од 08,30 до 22,00 часот за царински постапки за извоз, а за викендите и празници од 10,00 до 22,00 часот за царински постапки за извоз.

Ова работно време ќе важи се додека е во важност одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на населението во Република Северна Македонија, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

 

 

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 16:00 до 05:00 часот, од понеделник до петок, Ве информираме дека Царинската управа во времетраење на вонредната состојба ќе работи: 

- Централна Царинската управа, во времетраење на забраните за движење на територијата на Република Северна Македонија, секој ден од понеделник до петок во 7:30 часот до 14:30 часот.

- Работното време на царинските испостави останува непроменето, односно царинските испостави ќе работат согласно донесените важечки одлуки за работното време.

Согласно донесените одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на мерки за спречување ма внесување и ширење на коронавирус COVID 19 Ве информираме за следното: 

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за  спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 92/20) наместо забрана за извоз, се ограничува извозот на економските оператори и производителите на заштитни маски од Република Северна Македонија.

Имено, согласно оваа одлука економските оператори, производителите или увозниците во царинската постапка смеат да извезуваат заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна со тарифна ознака 4823 90 85 и маски пластични со текстилен филтер со тарифна ознака 6307 90 98 00, при што при секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располага со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар.

Во врска со Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица објавена на Службен весник на РСМ бр. 90 од 20), Ве информираме дека наместо забрана за извоз, извозот на брашно од пченица и наполица во текот на еден месец се ограничува во висина од 70 проценти од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец. Ограничувањето ќе се спроведува по пат на издавање на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки-ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.”