Со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на патници и стока, информираме дека политичката партија ВМРО – ДПМНЕ  најави дека во период од 19-24.12.2017 година  ќе врши блокирање на граничните премини и тоа:

Во текот на изминатите три седмици откриени се повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани облека, обувки, накит, мобилни телефони, кафемати, апарат за алко-тест, цигари, запалки, столарски пили, регистарски таблички и фалсификати.

Делегација на Царинската управа предводена од директорот г-дин Ѓоко Танасоски зеде учество во активностите на 131-та седница на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација, што се одржа на 14-ти и 15-ти декември 2017 година, во Брисел-Белгија.

Донесен е Законот за изменување и дополнување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година) кој стапи во сила на ден 06.12.2017 година, а ќе се применува од 01 јануари 2018 година.

 

Ги информираме пријавените кандидати за полагање на стручен испит за лиценциран застапник дека полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски) ќе се одржи на 12.12.2017 година во 11.00 часот во просториите на Правен факултет Јустинијан Први Скопје на булевар Гоце Делчев бр.9б Скопје.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во периодот септември - ноември 2017 година, до надлежните јавни обвинителства  поднесе  6 кривични пријави против 6 физички лица и 2 правни лица.

Тричлена делегација на Царинската управа, предводена од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, учествуваше на 30-от состанок на Мешовитата Комисија на ЕУ-ЕФТА за заеднички транзит и поедноставување на формалностите при трговија со стока, што се одржа денес  (05.12.2017 година) во Осло - Норвешка.

Во период од 30 ноември до 1 декември 2017 година, во организација на Царинската управа на Република Македонија и со поддршка на УСАИД и Светска Банка/IFC, во Скопје се одржa неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан.

Во текот на изминатите две седмици се откриени повеќе обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани средства за чистење, средства за лична хигиена, додатоци на исхраната, обувки и фалсификати.

Ве информираме дека е нормализирано работењето на царинска испостава Штип што поради технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија беше во прекин од 12 часот.