Во насока на објективно, вистинито и целосно информирање на граѓаните, во продолжение објавуваме реакција и одговори на новинарски прашања од ТВ Телма, во врска со прилозите објавени на оваа телевизја „Шкарт нафта од Албанија блокирана на Косово, ја има ли и во Македонија?“, објавен на 20.07.2017 година и „Пет македонски фирми увезуваат „сомнителна“ нафта од Албанија?“, објавен на 21.07.2017 година:

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, цигари, скутер, делови за машина и фалсификати.

 

Царинската управа на Република Македонија во првата половина од 2017 година продолжи со успешната реализација на наплата на давачки при увоз (царина, данок на додадена вредност, акцизи и надоместоци) и наплата на акциза не само при увоз, туку и во внатрешен промет.

Директорката на Царинската управа на Република Македонија присуствуваше на 129-та/130-та едница на Советот за царинска соработка во рамки на Светска царинска организација (СЦО), што се одржа од 6 до 8 јули 2017 година во Брисел, Белгија. 

 

Ги информираме кандидатите кои успешно го положија испитот за лиценциран застапник дека Уверенијата за положен стручен испит за лиценциран застапник можат да ги подигнат лично од Царинската управа на Република Македонија стара зграда канцеларија 9 секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, девизи, делови за камиони, сообраќајни дозволи, парфеми, тоалетни води и фалсификати.

 

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јуни 2017 година, до надлежните јавни обвинителств,а  поднесе 5 кривични пријави против 5 физички лица и 1 правно лице.

Во текот на минатите две седмици царинските службеници открија една царинска измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, тутун, автогуми, графички картички за компјутери, свежа риба и фалсификати.

Царинската управа ја известува јавноста дека согласно одредбите од Законот за акцизите од 1 јули 2017 година се зголемуваат стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите и тутун за пушење како фино сецкан тутун.

Ги информираме пријавените кандидати за полагање на стручен испит за лиценциран застапник дека полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник втор дел (студија на случај) ќе се одржи на 23.06.2017 година во 10.00 часот во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.