Тричлена делегација на Царинската управа, предводена од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, учествуваше на 30-от состанок на Мешовитата Комисија на ЕУ-ЕФТА за заеднички транзит и поедноставување на формалностите при трговија со стока, што се одржа денес  (05.12.2017 година) во Осло - Норвешка.

Во период од 30 ноември до 1 декември 2017 година, во организација на Царинската управа на Република Македонија и со поддршка на УСАИД и Светска Банка/IFC, во Скопје се одржa неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан.

Во текот на изминатите две седмици се откриени повеќе обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани средства за чистење, средства за лична хигиена, додатоци на исхраната, обувки и фалсификати.

Ве информираме дека е нормализирано работењето на царинска испостава Штип што поради технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија беше во прекин од 12 часот.

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски на 23.11.2017 година учествуваше на 14-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Брисел, Белгија.

Ве информираме дека работењето на царинска испостава Штип од 12 часот (27.11.2017) е во прекин поради технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Во моментов се работи на отстранување на техничкиот проблем и се очекува нормализирање на работата до 14 часот. 

На 20.11.2017 година во Белград се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Царинските управи на Република Македонија и Република Србија. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Македонија  и Република Србија за соработка и взаемна помош за царинските работи, соработката во рамките на Догoворот за слободна трговија (ЦЕФТА), како и соработката на граничните премини.

Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го завршија полaгањето на испитот.

Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски на 15.11.2017 година, во просториите на Царинската управа одржа работна средба со царинското аташе на Република Франција г-дин  Пиер Бујон.

Во текот на минатите две седмици се откриени повеќе обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани резервни делови за трактори и камиони, цигари, текстилни материјали, обувки, лед-рефлектори и фалсификати.