Мерките за заштита од ширење на заразата со КОВИД-19 мора да се спроведува од страна на сите учесници во синџирот на достава на стоки до крајниот корисник за да се запазат сите препораки за лична и колективна одговорност, затоа што процесот на превоз е основен предуслов за ублажување на последиците од настанатата ситуацијата, односно прогласената пандемија. Превозот на стока е предуслов за задржување на нормалното функционирање на одредено стопанство во услови на кризна состојба. Мерките кои треба да се преземат и почитуваат се делат на следните учесници:

1. Магацини на приемник или испорачател на стока во рамките на самите трговски друштва кои се производители или трговци, но и царински складови каде се презема или истовара стоката преземена за превоз:

Магацинскиот простор целосно да се дезинфицира на секои 24 часа,

Да се постават апарати за лична дезинфекција на вработените, да има доволен број на медицински ракавици и маски за една употреба, како и места одредени за фрлање на употребените средства за заштита,

Да се ограничи пристап на лица кои не вршат директни активности во магацините,

Да се одреди изолирано место за шалтерска работа за издавање и прием на документи кои ја пратат стоката доколку постојат технички можности во објектот, да се употребуваат пластични папки или слични фолии во кои ќе се ставаат документите и на тој начин ќе се предаваат (можност површината на истите да се дезинфицира). По завршување на постапката на утовар/растовар на стока, документите на возачот да бидат оставени на претходно одредено место каде тој ќе може да ги преземе без притоа да има близок контакт со лицето кои ги спремило документите,

Да се одредат санитарни чворови кои ќе ги користат вработените во магацинот и посебен санитарен чвор за надворешни лица (возачи и други лица вклучени во процесот на превоз на стока),

Утоварот и растоварот на стока да ја извршуваат лица кои се вработени во трговското друштво, а возачите да се исклучат од овој процес, односно истите да бидат во кабината на возилото за време на процесот на утовар и растовар на стоката, а испорачателот да наведе забелешка во поле 13 од ЦМР образец дека возачот не присуствува на утовар на стоката.

Секој вработен да биде информиран за состојбите, мерките кои се преземаат на ниво на држава/држави како и во самото трговско друштво, како и за телефонските броеви кои се одредени за комуникација со надлежни здравствени органи, а за комуникацијата да се користат електронските алатки како мерка за намалување на директни контакти меѓу вработените.

2. Превозник како директен извршител на превозот со товарни возила во патниот сообраќај:

Превозникот во својство на работодавач во своите објекти каде се врши основната дејност треба да обезбедат посебна хигиена и дезинфекција на просториите, како и санитарните чворови,

Да се ограничи собир на поголема група на возачи во просториите на превозникот, раздолжување со документи да се врши преку шалтер, ако има технички можности за истото или да се ограничи присуство на еден по еден во просторијата каде се врши раздолжување со транспортни документи кои возачот ги носи со себе при вршење на превоз (патен налог, ЦМР образец, сметки за платени трошоци во готово и сл.),

Да се обезбедат посебни папки или пластични фолии за документите кои возачот ги носи за себе, за возилото и за стоката која ја превезува со можност нивните површини да се дезинфицираат,

Возилата кои се користат за превоз на стока, особено кабината на возилото треба да се дезинфицираат на секои 24 часа, да се опремат со санитарни ракавици, маски и антисептички средства за лична дезинфекција на возачот,

Возачот да ги користи главните транспорни коридори во секоја држава низ и во која се врши превозот на стока, да не запира непотребно на места каде има поголем број на лица, при точење на гориво или купување неопходни намирници задолжително да носат медицински ракавици кои по користењето се фрлаат на соодветно место, во кабината да има вреќи за отпад кој ќе го отсранува на секое достапно место при вршење на превозот,

Секој сомнеж за симптоми на одредена појава на слабост на организмот, веднаш да се пријави кај надлежен орган, со цел да се провери здравствената состојба,

Секој вработен да биде информиран за состојбите, мерките кои се преземаат на ниво на држава/држави како и во самото трговско друштво, како и за телефонските броеви кои се одредени за комуникација со надлежни здравствени органи, а за комуникацијата да се користат електронските алатки како мерка за намалување на директни контакти меѓу вработените,

Возачите кои се тестирани и е докажано дека немаат симптоми на КОВИД-19, да се ослободат од обврска на 14-дневен карантин, доколку возачите се враќаат од најзагрозени региони во Европа по враќањето од пат сами да се пријават во одредените здравствени центри според местото на живеење за да бидат тестирани. За извршениот преглед да му се издава потврда на македонски и англиски јазик доколку не се утврдат никакви симптоми.

3. Шпедитерски трговски друштва кои вршат активности на граничните премини и на царинските терминали:

Шпедитерот во својство на работодавач во своите објекти каде се врши основната дејност треба да обезбедат посебна хигиена и дезинфекција на просториите, како и санитарните чворови,

Приемот на странки во своите простории да ги ограничи на едно или најмногу 2 лица во зависност од деловните простории и можноста да се одржува соодветно растојание од минимум 1,5 м или да практикуваат шалтерско работење доколку имаат за тоа технички услови,

Да се обезбедат посебни папки или пластични фолии за документите кои се даваат на возачот да ги носи со себе, претходно на исти начин да се доставуваат до надлежни органи за спроведување на царински процедури и сл..

4. Контролни органи на гранични премини (царински службеници, погранична полиција и инспекторски служби):

Просториите на органите на државата на гранични премини, царински терминали и царински складови да се дезинфицираат на секои 24 часа, со одржување и на лична хигиена,

Персоналот да е опремен со медицински ракавици, медицински маски, средства за лична дезинфекција,

Директните контакти со учесниците во процесот на превоз да е на одредена дистанца, со професионален однос и вршење на работните задачи,

Задолжително да се прави интервју со секој професионален возач (домашен или странски) за утврдување на неговата маршута на движење, начинот на спроведена заштита и безбедност на местата на утовар на стоката, да се изврши мерење на телесна температура како и друг преглед ако има било каков сомнеж согласно пропишаните мерки,

Да се одредат рокови за транзитен превоз низ територија на државата за странски превозници со одредена маршута на движење на возилата, како би се избегнале било какви задржувања на територија на нашата држава (од влезна царинска испостава до излезна царинска испостава). Надлежните царински службеници во случаи кога ќе откријат неразумно отстапување од времето на транзит, да го известат ДЦЦ, а ДЦЦ потоа надлежните инспекциски служби, заради детална идентификација на превозниците и превземање соодветни мерки.

Професионален возач (домашен или странски) доколку има симптоми на одредена болест да се стави во карантин и да се направи тест за присуство КОВИД-19 согласно пропишаните процедури, а за прегледот да му се издава и потврда (на македонски и англиски јазик) како доказ дека врз таа личност се спроведени соодветни тестови која потврда ќе послужи и во понатамошниот процес на вршење на превозот на стока доколку не се докаже дека има симптоми на вирусот.

При одредување на рок и маршута за движење на возилата при излез од територија на нашата држава и дојде до нарушување на правилата за работно време на возачите согласно АЕТР спогодба, односно Закон за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, полициските службеници се должни да издадат потврда за спроведена задолжителната мерка на возачи кои користат аналоген тахограф, односно да стават печат, дата и период на отстапување од правилата на тахографска лента или на исписи од дигитални тахографи.

5. Препораки за превозници кои патуваат во средно и високо ризични земји

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехрамбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

1 Им се ограничуваат контакитите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет

2. Се забранува контакт со други лица

3. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

- ракавици за еднократна употреба,

- заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер

- нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни ночари и каљачи

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:

-да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во РСМ се замолуваат да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симтоматологија.

За време на патувањето 

После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете

Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми)

Почесто проветрување на кабината за време на возењето

При престојот во кабнна нема потреба од носење на лична заштитна опрема

Забрането е примање на слепи патници

Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето

Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји. 

Напомена:

Правилата наведени за превозниците и за магацините подеднакво се однесуваат и за внатрешен превоз на стока при дистрибуција на стоки до трговците кои ги пласираат производите до крајните корисници.

Превозот на патници како линиски или слободен превоз да се забрани за и од државите со висок ризик, а во внатрешниот превоз на патници да се воведат мерки на претпазливост, дезинфекција на автобусите и комбињата како и поседување на дезинфикциони средства и за патниците кој ќе се користи при влез во возилата.

 

 

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 06 часот, Ве информираме дека:
 
1. Работно време за царинската испостава Гевгелија, во царинарница Гевгелија, на следниот начин: 
- секој ден од понеделник до недела од 07,30 до 19,30 часот  за царински постапки на увоз,вклучувајќи ги викендите и празниците,
- секој ден од понеделник до недела од 00,00 до 24,00 часот, вклучувајки ги викендите и празниците, за царински службеници определени од страна на шефот на царинската испостава кои ќе работат на царински постапки за извоз, а ќе вршат и прием и обработка на увозни декларации поврзани исклучиво со постапка на реекспорт. 
 
Ова работно време ќе важи се додека е во важност одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
 
 

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 06, Ве информираме дека од 22.03.2020 година, во царинската испостава Струмица, во склоп на царинарница Гевгелија, работното време ќе биде организирано на следниот начин: 

од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот за царински постапки за увоз, 

од понеделник до петок од 08:30 до 20:00 часот за царински постапки за извоз, а за викендите и празници од 08:00 до 20:00 часот за царински постапки за извоз.

Ова работно време во царинска испостава Струмица ќе важи се додека е во важност одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 06, Ве информираме дека движењето на стоката продолжува непречено да се спроведува, а со тоа и присуството на  Царинската управа ќе биде 24 часа на царински испостави каде е преддвидено вакво работно време, а на останатите царински испотави во рамките на работно време. 

Имајќи ја предвид вонредната состојба прогласена во земјата, банките го прифаќаат предлогот на Владата за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките со цел обезбедување на царински долг за сите царински постапки.
Македонската банкарска асоцијација (MBA) и официјално ги известила Владата и Царинската управа дека банките членки го прифаќаат предлогот за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките чиј рок на важност истекува до 30.06.2020 година и секоја од нив интерно ќе го утврди начинот на кој ќе ја поднесе согласноста до Царинската Управа.

По согласноста на банките, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи важноста до 30.06.2020 година или 30.09.2020 година.

Од МБА напоменуваат дека четири гаранции на Охридска банка АД Скопје се издадени врз основа на примени контрагаранции од странски банки и за истите  продолжувањето ќе биде условено од обезбедување на продолжување на рокот на контрагаранциите од банките примарни издавачи.

 

stopanska komora 2
stopanska komora 2
stopanska komora
stopanska komora
Previous Next Play Pause
1 2

 

На 20.03.2020 на иницијатива на царинската управа како преседавач со Поткомитетот за царина и правила на потекло во рамките на ЦЕФТА, се одржа состанок преку видео конференциска врска на експерти- претставници од членките на ЦЕФТА, ЦЕФТА секретаријатот, Регионалниот совет за соработка, Заедницата за транспорт, Генералниот директорат за проширување на ЕУ и Генералниот директорат за даноци и царинска унија. Состанокот го водеше директорот на Царинската управа, и притоа ја претстави моменталната ситуација со транспортот на стоки на граничните премини, во однос на мерките кои се преземаат и процедурите кои се следат во Република Северна Македонија, согласно новонастанатата ситуација со пандемијата на коронавирусот. 

Во Министерството за економија денеска се одржа средба помеѓу министерот за економија Кресник Бектеши, минитерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски, директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски и производителите од прехрамбената индустрија. На средбата отворено се разговораше за новонастанатата ситуација и се донесе заклучок дека сите производствени капацитети се подготвени за наредните месеци да има доволно залихи на храна.

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски истакна дека како Царинска управа е запознаен со тековната состојба на производителите. Ги изложи ставовите во однос на тоа КАКО ќе се одвива идниот проток на стока, како основно барање на сите компании. Истакна дека наша задача е да се овозможи проток не само во ЦЕФТА регионот туку и во внатрешноста на Европската Унија. Како Царинска управа заедно со МВР, но и со сите засегнати други институции потврди дека секојдневно сме во контакт со директорите на царинските управи на Цефта регионот, но и со сите надлежни инстотиции во Европската Унија. Јасно истакна дека нашите капацитети се на располагање за да се овозможи МАКСИМАЛЕН проток на стоките.
Главниот проблем за компаниите е ТРАНСПОРТОТ, односно епидемиолошките услови кои треба да се задоволат во однос на шоферите кои влегуваат и излегуваат не само од нашата земја туку и оние кои доаѓаат од кризните подрачја.

Во таа насока во текот на вчерашниот ден се овозможи преку државниот здравствен и санитарен инспекторат да се издаваат дозволи, со кои изјавите кои ќе ги потпишуваат шоферите на влез во државата за карантин се прогласуваат за ништовни и имаат дозвола за излез од државата. Со оваа мерка во наредните денови ќе се воспостави оваа рутина, ќе може слободно компаниите да ги планираат своите набавки, а камионите слободно да влегуваат, илегуваат и транзитираат на подрачјето на Република Северна Македонија.
Попладнево ќе се оджи видео конференција со директорите на царинските управи од ЦЕФТА регионот во контекст на воспоставивање на зелен коридор кој ќе опфати приоритетни ленти за камионите со храна, со репро материјали, медицинска опрема и веруваме дека за брзо време ќе се воспостави тој промет кој ќе има значително влијание за ослободување на притисокот кој го имаат прозводстввените капацитети во моментов.


Министерот Бектеши изложи мерки кои ќе се предложат на владата, со цел да се помогне околу проблемите кои се појавуваат со репроматеријалите за производство, а со тоа да се заштити и цената на храната.


Министерката за финансии уште еднаш ја истакна спремноста на владата да излезе во пресрет на компаниите со цел да се одржи нивната ликвидност, како и да се задржат работните места на граѓаните. На состанокот детално се презентираа мерките наменети токму за овие заинтересирани страни.

 

1 (14)
2 (3)
3
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

 

Во врска со состојбата  со појава на вирусот Ковид – 19, информираме дека, согласно Заклучок  на Владата на Република Северна Македонија, се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во државата, како и за други лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство.

Исто така, се затвора Меѓународниот Аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродром , освен за воени, државни, хуманитарни, болнички, карго и летови без патници за позиционирање на воздухоплови, со претходна најава до аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издаде НОТАМ препорака за истото.

   

 

Во врска со состојбата  со појава на вирусот Ковид – 19, информираме дека грчките погранични органи ќе дозволуваат влез во Република Грција само на нивните државјани и на странците со постојан престој во Република Грција. Товарниот сообраќај ќе се одвива со нормален тек, освен во периодот од 21:00 до 05:00 часот, кога ќе  биде забранет сообраќајот за товарни моторни возила за влез и излез во/од  Република Грција, а во останатиот период од денот ќе се одвива нормално. Мерките ќе бидат активна наредните 30 дена.

Во Република Албанија и во Република Србија од 16.03.2020 година забранет е влез за сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани. Додека товарниот сообраќај ќе се одвива нормално. 

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани технички производи, возило со бункер, автоделови, заштитни средства, вештачко ѓубриво, прехранбени производи, облека и фалсификати.