Денес (16-ти септември) свечено беа пуштени во употреба новите објекти на царинскиот терминал на патниот граничен премин Ќафасан , лоциран на границата кон Република Албанија, долж пан-Европскиот коридор 8 (исток-запад), кој е 4-ти најфреквентен граничен премин за стокови пратки во земјата.

Охрид и Струга на 12 и 13 септември беа домаќини на 4-тата Меѓународна конференција за управување со отпад со работен наслов „Комуницираме за управување со отпад“, организирана од „Македонската асоцијација за управување со цврст отпад“ (MaSWA) чиј претседател е Даниела Нелепа. На конференцијата учествуваа над 40-тина странски гости од десет земји, меѓу кои и претставници на Царинската Управа.

На тркалезна маса која се одржа во хотел Изгрев во Струга, на тема “Комуницираме со сите субјекти од општеството, како да се унапреди управувањето со отпад во Република Северна Македонија“ учесник беше и директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, м-р Ѓоко Танасоски. Тој ја истакна улогата која царината ја има како институција за контрола за правилна примена на забраните и ограничувањата за увоз, извоз и транзит на отпад. Истакната беше координативната улогата која царината ја има во комуникацијата со сите инволвирани инстиуции кои издаваат дозволи и согласности за увоз на стоки и значењето на нивната меѓусебна соработка и комуникација за сите прашања поврзани со контролите на стоките при влез во државата.

За време на тркалезната маса одговорени беа повеќе прашања поставени од страна на невладините организации околу контролата на увозот на отпадот. На маргините од конференцијата беа остварени средби со невладините организации со кои се договорени понатамошни средби и состаноци во насока на поблиско запазнавање со активностите на Царинската управа.

 

Image-13
Image-14
Image-15
Image-11
Image-12
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5

 

 

Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, што е клучен фактор за градење на доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки, денес (11.09.2019 година), директорот на Царинска управа г Ѓоко Танасоски оствари средби со претставници на Сојуз на Стопански комори, како  и со претставници на членките на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Денеска, Царинската управа на Република Северна Македонија и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи низ пазарите во неколку града низ државата, претходно Скопје и Битола и денеска Тетово. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра. 

Во текот на минатите четири недели, царинските службеници открија два обиди за криумчарење дрога, едно возило со бункер и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани роботска косилка, хемиски препарати, облека, ташни, свежи морски плодови и козметички производи.

Ве известуваме дека денес, 05.09.2019 година, во периодот од 17:15 до 18:15 часот системот за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе биде недостапен. Во овој период ќе се изврши редовно одржување и техничка интервенција во системот.

Благодариме за разбирањето

Дигитализација на царинското работење е една од основните стратешки цели на Царинската управа. Откако на 01.06.2019 година успешно беше воведен револуционерниот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи, што ги обедини  дотогаш воведените дигитални системи во една интегрална целина (транзитниот систем -NCTS, интегрираната тарифна околина -  ITE-TARIM и едношалтерскиот систем за издавање на дозволи за увоз и извоз - EXIM), се јави потреба за усовршување на постоечките и воведување на нови информатички системи.

По официјалното започнување на заеднички контроли на ГП Табановце - Прешево, следеше и свечена церемонија во Владата на Република Северна Македонија, каде директорите на Царинските управи на двете земји ја потпишаа и Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

Денес, 26.08.2019 година, на ГП Табановце - Прешево, премиерите на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев и на Република Србија г-ѓа Ана Брнабиќ, го означија официјалното започнување на заеднички контроли на овој граничен премин.
На настанот присуствуваа високи делегации од двете држави, високи на претставници на царинските и полициските служби од Р.Северна Македонија и Р.Србија, како и претставници на стопанските комори.

Царинската управа ве известува дека почнувајќи од петок, 23.08.2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) се става во функција и во ЦИ Гевгелија, ЦИ Богордица и ЦИ Табановце. Сите царински декларации почнувајќи од овој датум,  во наведените царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.

Напоменуваме дека економските оператори кои ќе поднесуваат царински декларации и во  овие испостави, треба да ги исполнат основните услови за да можат да поднесат електронска царинска декларација, односно треба да:

  • Поседуваат електронски потпис (сертификат);
  • Имаат одобрен пристап до СОЦДАД;
  • Поседуваат одобрение за застапување.

Забелешка: сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат евидентирани во СОЦДАД.

Со вклучувањето на трите најголеми царински испостави, од 23.08.2019 година СОЦДАД ќе се применува во сите царински испопстави, со што завршува првата и најзначајна фаза од дигитализацијата на царинските постапки.