Во рамки на соработката со  Царината на Косово на денешната средба со генералниот директор Бахри Бериша беше договорено интензивирање и продлабочување на размената на информации во врска со потеклото на стоките, вредноста на стоките и воспоставување на заеднички профили на ризик.

Денес, 27ми февруари 2019 година, во организација на програмата EXBS на Амбасадата на САД започна обука - тридневен курс за попречување нелегални активности со патнички возила. 

Царинската управа во насока на дигитализација на работните процеси отпочна со активности на проектот Е-Царина, преку кој е планирана употреба на новиот Систем за обработка на царински декларации СОЦДАД.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  електрични алати, електрични велосипеди, автоделови, обувки, облека, опрема за скијање, цигари, патенти, конец за шиење и фалсификати.

Царинската управа во периодот од 05.02 до 14.02.2019 година одржа претходна обука за 36 слушатели - кандидати кои имаат намера да полагаат испит за застапник во царинските постапки.

Денес  (14.02.2019 година) во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот и претставници на раководството на Царинската управа и амбасадорот на Репубублика Франција, Н.Е. Кристиан Тимоние со неговите соработници. 

Поради големиот интерес за функционалностите на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) Царинската управа организира дополнителен работен состанок.

Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик.

На 6 февруари 2019 година, на иницијатива на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Македонија, реализирана е работна посета во Царинската управа на Република Косово.  

Директорот на Царинската управа денес ја посети царинската испостава Скопје 4 (1014) во рамки на пилот проектот за воведување на Е-царина.