Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и заменик амбасадорот на Кралството Холандија г-дин Андри ван Менс. 

На 17 декември 2018 година, Министерство за внатрешни работи во соработка со Царинска управа на Република Македонија, при контрола на товарно моторно возило, на граничниот премин Богородица запленија 550 килограми  опојна дрога - марихуана.

Царинската управа продолжува со активностите за ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). 

Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2019 година е објавена во Сл. Весник број 227 од 12.12.2018 година. 

Царинската управа на Република Македонија со жалење информира за смртта на проф. Д-р Јован Стојаноски (1970-2018), професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и градоначалник на Охрид.  

Делегација на Царинската управа на РМ, на 11.12.2018 година, во Белград, учествуваше на меѓународна конференција  во рамки на проектот "Забрзување на напредокот на ефективни даночни политики за тутун во земјите со низок и среден приход". 

На 13 декември 2018 година, директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, во Министерството за внатрешни работи, присуствуваше на свеченото предавање на донација на опрема и возила, која ќе биде користена од надлежните организациони единици на Министерството за внатрешни работи и од други надлежни институции во државата, меѓу кои и Царинската управа на Република Македонија.

Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, и Амбасадорот на Мисијата во Скопје на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), г-дин Клеменс Која.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, автоделови, ремени за прицврстување стока, електромотор, мобилни телефони, стоматолошки материјали, свежо овошје и зеленчук, употребувана скијачка облека и фалсификати.

На 7 декември 2018 година, во просториите на Царинската управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа, г. Ѓоко Танасоски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.