Во Владата на Република Македонија денеска се одржа настан на промоција на концептот овластен економски оператор на кој претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски го доделија првиот сертификат за овластен економски оператор на реномираната домашна компанија Европа АД Скопје. 

Во текот на последната недела од 2018 година и Новогодишните и Божиќните празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  моторцикл, скутер, делови за возила, фотокопир, гасен пиштол, препарати за потенција, алкохолни пијалоци,  алат, електричен кабел, облека, лап-топ компјутери и фалсификати. 

Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски. Ова беше истакнато денеска при посетата на министерот за финансии Драган Тевдовски на посетата на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.

Почитувани корисници на МАКЦИС системот,
    
Податоците за царинската тарифа за Системот за обработка на декларации за 2019 година, можете да ги преземете во делот информации и документација -  репликациски фајлови за ASYCUDA или на следниот линк

 

      
Ви посакуваме среќна и успешна 2019 година
       
 

На 18 декември 2018 година, во царинската испостава Аеродром Скопје - патнички промет, на влез во Република Македонија при детален преглед на рачниот багаж на турски државјанин, во патната торба, царинските службеници пронајдоа непријавена стока - златен накит.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за криумчарење кокаин и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  делови за товарни возила, моторно масло, регистарски таблички, ремени за товар, алкохолни пијалоци, златен накит, технички производи, дребонг, облека и фалсификати.

Царинската управа ги поканува сите застапници (шпедитери) што поднесуваат декларации во царинските испостави Скопје 4 и Аеродром Скопје на работен состанок што ќе се одржи на 24 и 25 декември со почеток во 10,00 часот, во амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа (Лазар Личеноски, 13 Скопје).

Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и заменик амбасадорот на Кралството Холандија г-дин Андри ван Менс. 

На 17 декември 2018 година, Министерство за внатрешни работи во соработка со Царинска управа на Република Македонија, при контрола на товарно моторно возило, на граничниот премин Богородица запленија 550 килограми  опојна дрога - марихуана.

Царинската управа продолжува со активностите за ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).