Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, на 4-ти и 5-ти јуни оствари работна посета на Царинската управа на Република Хрватска, како надоврзување на претходно одржаната средба од октомври минатата година, кога беше потврден заедничкиот интерес за размена на искуства од областа на примена на законодавството на Европската Унија (во дел на царинските прописи и акцизни давачки), јакнење на информатичко-технолошките капацитети и други активности од доменот на царинското работење, вклучувајќи ја и примената на Договорот за олеснување на трговијата на Светската трговска организација. 

Ве информираме дека Царинската управа на Република Македонија започна со нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на употребувани патнички, комбинирани и лесно доставни товарни возила и мотоцикли (во понатамошниот текст: употребувани моторни возила).

Царинската управа на Република Македонија во насока на  модеринизација и користење на модерни технологии во секојдневното работење, со поддршка на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, на 29-ти мај 2018 година пушти во употреба нов систем за откривање на наркотици и експлозиви.

На 30 мај 2018 година се одржа официјален настан на кој беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце. Надградбата на терминалот, финансиран од Европската унија ќе овозможи олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведување на царинските постапки во модерни капацитети. Со ова се обезедени подобри услуги за економските оператори за побрз и поефтин транспорт на нивната стока преку границата. Подеднакво важно е и тоа што надградениот царински треминал ќе придонесе за зголемена безбедност на Република Македонија и нејзините граѓани.

Ве информираме дека меѓународниот транспорт на стоки преку граничен премин Блаце од 29.05.2018 година е нормализиран. 

Царинската управа развива нов Систем за обработка на декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Овој систем е предвиден како замена на АСИКУДА и ќе овозможи целосно електронско поднесување и обработка на царински декларации и акцизни документи. Tестирање за прифаќање на системот ќе се одвива во периодот јуни-октомври 2018 година. Првиот модул што ќе се тестира е модулот за извоз, во периодот од 04.06 до 22.06.2018 година.

За тестирањето да биде извршено во што е можно пореална околина, се повикуваат учесниците во царинските постапки кои се заинтересирани да учествуваат во тестирањето да се пријават најдоцна до среда, 30.05.2018 година,  до 12 часот.

Пријавата се доставува по електронска пошта до:

  • Јовица Кипријановски, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  - проектен менаџер,
  • Ѓорѓи Наумовски  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  - заменик проектен менаџер и
  • Офелија Бајо, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  -  контрола на квалитет

Пријавата треба да содржи податоци за:

-          Назив и даночен број на економскиот оператор и својство во кое учествува во постапката;Царински испостави каде учесниците во царинските постапки ќе поднесуваат царински декларации и акцизни документи;

-          Список на вработени со контакти (електронска пошта и телефон) кои ќе поднесуваат царински декларации и акцизни документи (максимум две лица).

Царинската управа од пријавените ќе одбере најмногу 10 економски оператори кои ќе учествуваат во тестирањето. Избраните компании ќе бидат известени на 30.05.2018 до 16:30 по електронска пошта, при што ќе бидат поканети на обука која ќе се одржи на 31.05. и 01.06.2018 во просториите на Царинската управа. Основен критериум при избор на економските оператори ќе биде број на поднесени царински декларации и акцизни документи во тековниот систем.

Тестирањето на системот ќе се врши со поднесување на декларации преку веб портал, со претходно дефиниран кориснички пристап.

    Царинската управа е во последната фаза од имплементација на нов систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Системот ќе овозможи електронско поднесување и обработка на сите царински декларации и акцизни документи.

    Ве информираме дека по известување од Косовската царинска служба заради привременото затворање на магистралниот пат Качаник - Хани и Елезит предизвикано од свлечиште и состојбата на терен, од вечерва на полноќ граничниот премин Блаце ќе биде затворен за меѓународен транспорт на стоки.

    Царинската управа вчера, 16 мај 2018 година, потпиша Меморандум за соработка со друштвото ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје како член на групацијата British American Tobacco. 

    Царинската управа денес, 16 maj 2018 година, потпиша Меморандуми за соработка со Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа – Канцеларија во Македонија (REC COM).