Царинската управа преку Проектот за користење на средства од Програмата ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020 година, ќе го модернизира граничниот премин Богородица.

Денес (25 април 2018 година) во Скопје, во организација на Стопанска комора на Македонија се одржа работен појадок на компаниите членки на Стопанската комора, со директорот на Царинската управа и директорката на Управата за јавни приходи - како институции чие функционирање најмногу влијае на работењето на компаниите.

На 19 април 2018 година директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски одржа предавање пред студентите на економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ -  Штип и ги запозна со надлежностите на Царинската управа.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за комбајни и багери, техничка стока, делови за компјутери, опрема за тетовирање, облека, цигари и свежи печурки.

Царинската управа на Република Македонија во соработка со Републичкиот завод за трансфузиологија и оваа година ја реализира традиционалната крводарителска акција, во рамки на програмата за општествена одговорност при одбележување на Царинскиот празник - 14 Април.

Царинската управа на 14-ти Април – Денот на Царината одбележува 26 години од своето постоење како самостоен државен орган.

Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 167/2015 и  бр.27/16)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014,  27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година и број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година и број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година  и известувањето од Министерството за финансии број 18-4254/2 од 03.04.2018 година, Царинската управа  објавува:

 

На 5 април 2018 година во Корча се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Царинските управи на Република Македонија и Република Албанија. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална царинска соработка помеѓу Република Македонија  и Република Албанија, соработката во рамките на Договорот за слобдна трговија (ЦЕФТА)  како и соработката на граничните премини.

По повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, организираме неколку настани со кои ќе одбележиме 26 година самостојна и независна Царинска управа на Република Македонија.  

Царинската управа во насока на обезбедување на одржлив систем на учење за вработените постојано инвестира во развојот на обучувачки вештини кај вработените. Пренесувањето на знаењето, праксите и градење на капацитетите претставува особена гордост како за Царинската управа, така и за обучените обучувачи.