На 26 ноември 2018 година, во Царинската управа се одржа состанок на Советодавното тело на кој на претставниците на деловната заедница им беше презентиран  новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи  со што започнува ерата на дигитализација на Царинската управа. 

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  облека, електронски цигари, мобилни телефони, рачен часовник, сребро, моторно масло, автоделови, регистарски таблички, стоматолошки инструменти и материјали, цигари и домашна ракија.

На 22 ноември 2018 година, во просториите на Царинската управа, пред бизнис заедницата презентиран беше системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).  

Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија со задоволство ве поканува да земете учество на настанот со наслов „Презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)“ .

Целта на презентацијата е запознавање на бизнис заедницата со системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).  

Учесниците на настанот ќе се запознаат со апликацијата – ТАРИМ и двата подмодули на ТАРИМ модулот - консултацискиот и калкулацискиот модул. Во моментот консултацискиот модул е поставен на веб страницата на ЦУРМ и подaтоците се неофицијални. Сo воведувањето на СOЦДАД (Систем на обработка на царински декларации и акцизни документи) пресметката на податоците во царинските декларации ќе се врши преку калкулацискиот подмодул на ТАРИМ и истиот е од исклучителна важност, па оттука на неговото презентирање ќе се посвети и поголемо внимание.

Настанот ќе се одржи на 22 ноември 2018 година во Царинската управа на Република Македонија со почеток во 14:00 часот. 

На 16 ноември 2018 година, Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на Дигиталната ера на Царинската управа.

Во периодот 15-16 ноември 2018 година, во Скопје, се одржа работилница за Имплементација на едношалтерски систем и размена на податоци - Поврзување на земјите од Западен Балкан. Работилницата е организирана од Царинската управа на Република Македонија во соработка со UNECE - Економската Комисијата на Обединетите Нации за Европа и Проектот на USAID за регионален економски раст.

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски на 13.11.2018 година учествуваше на 15-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Скопје. 

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови за човечка употреба, додатоци на исхраната, козметички средства, средства за лична хигиена, делови од систем за наводнување, цигари и фалсификати.

Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија со задоволство Ве поканува да земете учество на настанот за Промовирање на концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, автоделови, монитори за видео надзор и компјутери, разводна табла, гасен пиштол со муниција, вакцини за животни,  материјал за бижутерија и цигари.