Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, и Амбасадорот на Мисијата во Скопје на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), г-дин Клеменс Која.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, автоделови, ремени за прицврстување стока, електромотор, мобилни телефони, стоматолошки материјали, свежо овошје и зеленчук, употребувана скијачка облека и фалсификати.

На 7 декември 2018 година, во просториите на Царинската управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа, г. Ѓоко Танасоски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. 

На Аеродромот Скопје во Скопје Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи, спречи уште еден обид на криумчарење на наркотични дроги. Откриено е и запленето околу 2 кг кокаин.

По добиено  известување од  косовските служби информираме дека поради изведување на градежни работи  на магистралниот пат Скопје - Приштина, поточно од косовскиот граничен премин („Хани Елези“ - Качаник) ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци, за влез и излез од Косово, во деновите:

- на 07.12.2018 год. во време  од 09:00 ч. – 12:00 ч. и од 14:00 ч .- 17:00 ч.

- на 08.12.2018 год. во време од 07:00 ч. - до 17:00 ч.

Царинските формалности на ЦИ Блаце  ќе се обавувааат  отежнато  и со одредени прекини.

 

      

  

Олеснувањето на административните царински процедури и убрзувањето на прекуграничниот транспорт на стоки се само некои од придобивките од воведувањето на концептот на Овластен економски оператор, заклучија вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, на денешната четврта по ред работилница, каде што пред бизнис заедницата е претставен концептот кој за првпат се воведува во Република Македонија.

На 26 ноември 2018 година, во Царинската управа се одржа состанок на Советодавното тело на кој на претставниците на деловната заедница им беше презентиран  новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи  со што започнува ерата на дигитализација на Царинската управа. 

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  облека, електронски цигари, мобилни телефони, рачен часовник, сребро, моторно масло, автоделови, регистарски таблички, стоматолошки инструменти и материјали, цигари и домашна ракија.

На 22 ноември 2018 година, во просториите на Царинската управа, пред бизнис заедницата презентиран беше системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).  

Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија со задоволство ве поканува да земете учество на настанот со наслов „Презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)“ .

Целта на презентацијата е запознавање на бизнис заедницата со системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).  

Учесниците на настанот ќе се запознаат со апликацијата – ТАРИМ и двата подмодули на ТАРИМ модулот - консултацискиот и калкулацискиот модул. Во моментот консултацискиот модул е поставен на веб страницата на ЦУРМ и подaтоците се неофицијални. Сo воведувањето на СOЦДАД (Систем на обработка на царински декларации и акцизни документи) пресметката на податоците во царинските декларации ќе се врши преку калкулацискиот подмодул на ТАРИМ и истиот е од исклучителна важност, па оттука на неговото презентирање ќе се посвети и поголемо внимание.

Настанот ќе се одржи на 22 ноември 2018 година во Царинската управа на Република Македонија со почеток во 14:00 часот.