- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 790
Република Северна Македонија и Република Србија на 12.07.2019 потпишаа Договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево. Со ова, двете земји се први од Западен Балкан кои ќе започнат со заедничка гранична контрола. Официјалниот старт на заедничките контроли се очекува на крај на август 2019 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1237
Почитувани,
Ве известуваме дека од 27.07.2019 со почеток од 19:00, кориниците на СОЦАДАД кои го користат порталот за трговци, пораките кои ги испракаат ќе мора да ги потпишуваат со помош на новата верзија на апликацијата digsig-signer-1.2.2.
Новата верзија може да ја преземете на следната локација
До наведениот термин корисниците да ја користат момнеталната верзија на оваа аплиакција
Со почит
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 664
Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека денес, 23.07.2019 година во период од 21:00 до 22:30 часот Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД ќе биде целосно недостапен. Во овој период ќе се врши конфигурирање на порталот за трговци.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2471
Министерството за животна средина и просторно планирање достави допис до Царинската управа со кој ја информира дека увозот и извозот на новата техничката стока со разладни средства ќе се одвива без дозвола која досега ја издаваше Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 715
Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД дека утре, сабота 20.07.2019 година во периодот од 12:00 до 16:00 часот ќе биде целосно недостапен.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 466
Во рамки на летната програма за посета на домашните компании и во насока на поддршка на нивните активности од страна на Царинската управа, денес e остварена средба со раководството на текстилната фабрика Хавеп од Скопје. Силниот економски раст претставува што поголемо вклучување на малите и средните претпријатија во глобалните синџири на снабдување, а Царината треба да биде главен двигател на овие промени. Разговараме за можностите за добивање на одобрение за Овластен економски оператор, поголемо користење на поедноставените царински постапки и на другите царински олеснување. Како македонско-холандска фирма Хавеп е лидер во иновативните решенија за зголемување на продуктивноста. Сите овие царински погодности треба да придонесат кон намалување на трошоците, подобрување на времето на минување на граница и зголемување на конкуретноста на македонските компании.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1018
Царинската управа ја известува јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143 од 12.07.2019 година е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со кој се одложува неговата примена до 01 Ноември 2019 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 522
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани алати, делови за врати, делови за машини за кафе, козметички средства, девизи, школски прибор, медицински апарат, цигари, тутун, фалсификати и друго.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1374
Царинската управа организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 30.08.2019 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 669
Ве известуваме дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) е повторно достапен и ставен во функција.