На 08.11.2016 година, Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија  на Царинската управа и предаде донација – опрема за патролни чамци, во вредност од 15 илјади долари.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три измами, еден обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, облека, техничка стока, стаклени чаши и фалсификати.

Со унапредување на системот за селективни контроли, односно со нивно правилно насочување, во претходниот период царинските контроли беа намалени, а зелениот канал (слободно преминување на стоките) беше удвоен од 35% на 75%. Намалениот интензитет на вршење на царинска контрола овозможи забрзување на царинската постапка за економските оператори кои ги почитуваат царинските и други прописи поврзани со увозот и извозот на стоки и зголемување на ефикасноста и ефективноста во царинското работење при вршење на контроли, без притоа да се намали ефективноста, ефикасноста и резултатите при вршењето на контролите.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија обид за влез на илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за автомобили и воздухоплови, мобилни телефони, дрон, мерен уред, облека, обувки и фалсификати.

На 14 октомври 2016 година, околу 19:30 часот, при редовна царинска контрола во внатрешноста на територијата на Република Македонија, поточно во населбата Радишани-Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги, забележале патничко моторно возило „Volkswagen“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Ќ. од Скопје.

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за шверц на 24 килограми марихуана.

На 9 октомври 2016 година на граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола, царинските работници спречија обид за шверц на наркотично средство – марихуана.

Список на кандидати за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник прв (теоретски) дел кој ќе се одржи на 12.10.2016 година во 10 часот во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија, во месец септември 2016 година, до надлежните јавни обвинителства  поднесе 9 кривични пријави против 12 физички лица и 2 правни лица.

Известуваме дека поради целосно искористување на количините на квоти предвидени за четвртото тромесечие од 2016 година за Европска унија има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифните броеви 040690 и 2201.