Како дополнување на заклучоците и препораките од 19-тата седница, Владата на Република Северна Македонија упатува препорака до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да даде упатства и препораки за итно и приоритетно постапување на сите јавни обвинителства во државата во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, и другите надлежни државни институции.

Владата им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

На оваа седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за  спречување на внесување и ширење на коронавирусот со која се затворааат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. На граничните премини кои се затворени за премин на патници и возила, се дозволува исклучиво премин на товарни возила.

Нацрт записник со сите заклучоци од 19-тата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 14 март 2020 година:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/zaklucok_19_sednica_vrsm.pdf

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/odluka_za_izmenuvanje_i_dopolnuvanje_na_odlukata_za_zabrani_i_merki_-_19_sednica_vrsm.pdf

 

 

Во врска со состојбата  со појава на вирусот Ковид – 19, информираме дека се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Богордица, Ќафасан,Табановце, Деве Баир и Блаце кои ќе бидат отворени за премин.На граничните премини на кои е забранет премин на патници и возила дозволено е исклучиво премин на товарни возила.

Покрај ова, во Република Северна Македонија забранет е влез на странски државјани кои доаѓаат од земји со висок и среден ризик, согласно листата на Светска Здравствена Организација.

Исто така се затвора и аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид.

Во врска со состојбата на граничните премини во земјите од Европа информираме дека:

Во Република Косово - сите гранични премини се затворени освен за државјани на Косово. Покрај забраната за влез  на странци во Косово, товарниот сообраќај се одвива нормално за влез и излез.

Во Република Црна Гора отворени гранични премини се со Република Србија ГП  Dobrakovo – Dracenovac; со Република  Босна и Херцеговина ГП Metaljka, Sitnica, Ilino Brdo; со  Република Албанија -  Bocaj и со Република Хрватска - Debeli Breg. Исто така отворени се аеродромите Подгорица и Тиват.

Во Република Албанија  сите гранични премини со Грција, Косово и Италија се затворени за патници и патнички возила. Товарниот сообраќај е отворен.

Во Република Австрија и Република Хрватска сите гранични премини се отворени.

Во Република Италија отворени се следните аеродроми: Ancona, Bari, Bologna, Cagliari, Catania, Genova, Lamezia Terme, Lampedusa, Milano Malpensa, Napoli Capodichino, Palermo, Pantelleria, Pescara, Pisa, Roma Fiumicino, Torino, Venezia Tessera.

Аеродромот Roma Ciampino е отворен само за итни случаи. Сите други гранични премини во Италија се отворени.

Исто така информираме  дека сите летови од Истанбул  за Скопје со авиокомпанијата Pegasus од  Турција се откажани во период од 22.03.2020г - 02.04.2020г.

Во врска со состојбата  со појава на вирусот Ковид – 19, покрај затворените гранични премини за кои информиравме во текот на вчерашниот ден, известуваме дека сите гранични премини на Р.Косово се затворени освен за државјани на Косово. Покрај забраната за влез  на странци во Косово, товарниот сообраќај ќе се одвива нормално за влез и излез.

Неофицијално, добивме информации дека на граничниот премин  Богородица/Евзони има забрана за влез на странски државјани во Грција, но товарниот сообраќај се одвива нормално. За влез во Република Северна Македонија нема забрана освен за патници од високоризичните земјии. На граничните премини Дојран и Меџитлија нема забрана освен за патници од високоризичните земји.

Патниците кои доаѓаат од средно ризични земји се упатуваат на следните гранични премини: Табановце,Богородица,Ќафасан, Деве Баир.

Потсетуваме и дека почнувајки од 13.03.2020 година, во наредните 14 денови целосно ќе бидат затворени ГП Блато и ГП Џепчиште -Требиште( Дебар ) за секаков вид на сообраќај. Исто така почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020 до 24.00 часот ќе биде ограничен влез и излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење и  ГП Св Наум.

Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од ден 12.03 2020 година од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со состојбата со Ковид 19 е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.

Ги известуваме граѓаните, почнувајки од денеска 13.03.2020 година,заради состојбата со појава на вирусот Ковид -19, па се во наредните 14 денови целосно ќе бидат затворени ГП Блато и ГП Џепчиште -Требиште( Дебар ) за секаков вид на сообраќај. Исто така почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020 до 24.00 часот ќе биде ограничен влез и излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење и  ГП Св Наум.

Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од ден 12.03 2020 година од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со состојбата со Ковид 19 е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.

  

 

Согласно издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија во врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) и во интерес на здравјето на сите, Царинската управа препорачува сите документи, дописи и слично, за кои не е задолжително лично доставување, да се праќаат по пошта (ул.Лазар Личеноски бр.13 1000 Скопје) или преку електронска комуникација.

 

Ги известуваме граѓаните дека граничниот премин Прохор Пчински од денес 12.03 четврток од 7.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила.

Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево.

На 9 март 2020 година, при детална контрола на автомобил  со гевгелиски  регистарски таблици, управуван од македонски државјанин, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерство за внатрешни работи, пронајдоа хероин со вкупна тежина од околу 5 килограми, скриен во специјално конструирани простори на возилото – бункери. 

Почитувани,

Согласно заклучокот од 14та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 6 март 2020 година, се продолжува препораката за неодржување на јавни масовни собири до 13 март.

Согласно горенаведената препорака, Царинската управа ги одложува закажаните: 

- Презентација за модулот ТАРИМ шифрите кои се употребуваат, референтните податоци и начинот на интеграција на мерките на трговска политика

- Дополнителни обуки за царински застапници

Откако ќе се укине препораката за неодржување на масовни собири, ќе се објават термините за дополнителните обуки.

Со цел информирање на пријавените учесници, Царинската управа изготви распоред на пријавени ученици на дополнителни обуки за објавените термини, според принципот прв дојден прв услужен.  Детални информации за распоредот на учесници на обуката можете да најдете на следните линкови:

Листа на учесници Термин 2 (планиран за 17 и 18 март 2020 година во просториите на Факултетот за бизнис и логистика, ул. 7ми Ноември ББ Гевгелија )

Листа на учесници Термин 3 (планиран за 24 и 25 март 2020 година во Скопје – Царинска управа, ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје)

Листа на учесници Термин 4 (планиран за 28 и 29 април 2020 година во просториите на Универзитетот Св. Климент Охридски – поранешна касарна во Битола)

Листа на учесници Термин 5 (планиран за 28 и 29 април 2020 година во Скопје– Царинска управа, ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје)

Листа на учесници Термин 6 (планиран за 12 и 13 мај 2020 година во Скопје – Царинска управа, ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје)

Царинската управа навремено ќе ги информира заинтересираните странки за новите термини.

 

 

Почитувани,

Царинската управа организира презентација  за модулот ТАРИМ шифрите кои се употребуваат, референтните податоци и начинот на интеграција на мерките на трговска политика.

Целта на презентацијата е застапниците во царинските постапки  да се запознаат со функционалностите на модулот ТАРИМ и начинот на работа со истиот.

Презентацијата ќе се одржи на 12.3.2020 година (четврток) во амфитеатарот на Царинската управа (ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје, стар објект) со почеток во 10,00 часот.

Денес, 28.02.2020 година во Охрид, се одржува петтиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан.

Главната цел на состанокот е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година.

На почетокот на состанокот во обраќањето на Директорот на Царинската управа беа истакнати некои од најзначајните  резултати што се постигнати во рамки на овие состаноци:

  • Отворен е заеднички граничен премин Табановце-Прешево
  • Во завршна фаза се преговорите за отворање на заеднички граничен премин помеѓу Република Северна Македонија и Албанија
  • Обезбедено е поголемо разбирање и примена на концептот на Овластен економски оператор
  • Обезбедена е поголема соработка помеѓу службите со цел да се обезбеди поголема безбедност и сигурност во прекуграничната трговија,
  • Спроведени се повеќе заеднички регионални акции;
  • Донесени се неколку одлуки во рамките на ЦЕФТА кои влијаат врз забрзувањето на протокот на стоки и патници.

Од овие сотаноци се очекува да се исполнат обврските од повеќегодишниот Акционен план за Регионална економска област која опфаќа:

  • Елиминација на нетарифните бариери;
  • Поедноставување на инспекциите поврзани со сите постапки на дозвола;
  • Намалување на формалностите до можната максимална мерка;
  • Ефикасна размена на трговски податоци на регионално ниво;
  • Воведување/зајакнување на програми за взаемно признавање на гранични документи и процедури, вклучувајќи го и овластениот економски оператор.

Директорот Танасоски посочи дека како гранични регионални служби треба да останеме посветени на размената на податоци преку електронски инструменти и да воведеме заедничко управување со ризици согласно неодамна усвоената Регионална стратегија за заедничко управување со ризиците, како и акцискиот план од страна на ЦЕФТА. Секаде каде што има услови, да воведеме заеднички гранични контроли, контроли на едношалтерски систем и да споделуваме опрема за гранична контрола.

Покрај директорите на Царински управи од Западен Балкан, на настанот  присуствуваат и претставници на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство и  Британската Амбасада, како и претставниците на граничните инспекциски служби на фитосанитарната и ветеринарната контрола на Албанија, Србија и Северна Македонија.

 

DSC_5224
DSC_5201
DSC_5316
viber_image_2020-02-28_11-43-42
Previous Next Play Pause
1 2 3 4