Директорката на Царинската управа на Република Македонија присуствуваше на 129-та/130-та едница на Советот за царинска соработка во рамки на Светска царинска организација (СЦО), што се одржа од 6 до 8 јули 2017 година во Брисел, Белгија. 

 

Ги информираме кандидатите кои успешно го положија испитот за лиценциран застапник дека Уверенијата за положен стручен испит за лиценциран застапник можат да ги подигнат лично од Царинската управа на Република Македонија стара зграда канцеларија 9 секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, девизи, делови за камиони, сообраќајни дозволи, парфеми, тоалетни води и фалсификати.

 

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јуни 2017 година, до надлежните јавни обвинителств,а  поднесе 5 кривични пријави против 5 физички лица и 1 правно лице.

Во текот на минатите две седмици царинските службеници открија една царинска измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, тутун, автогуми, графички картички за компјутери, свежа риба и фалсификати.

Царинската управа ја известува јавноста дека согласно одредбите од Законот за акцизите од 1 јули 2017 година се зголемуваат стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите и тутун за пушење како фино сецкан тутун.

Ги информираме пријавените кандидати за полагање на стручен испит за лиценциран застапник дека полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник втор дел (студија на случај) ќе се одржи на 23.06.2017 година во 10.00 часот во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.

Во текот на минатата седмица, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, делови за камиони, делови за трактори и фалсификати.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец мај 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 3 кривични пријави, против 4 физички лица и 1 правно лице.

Кандидатите кои успешно го положиле првиот дел од испитот за лиценциран застапник (теоретски дел) и кои ги исполнуваат условите за полагање на вториот дел од испитот(студија на случај), ги информираме дека на 23.06.2017 година (петок) ќе се одржи полагање на вториот дел од испитот за лиценциран застапник во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.“ Резервираниот термин е од 9.00 до 14.00 часот. За евентуални измени и попрецизни информации ќе ве информираме дополнително.