Во текот на минатата недела откриени се неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, делови за мобилни телефони и фалсификати. 

Ве информираме дека по извршената надградба на интернет мрежата на Царинската управа, нормализирана е состојбата со поврзување на надворешните корисници кон МАКЦИС системот. Доколку сепак имате проблеми со поврзување кон Системот за обработка на царински информации ве молиме користете ги следните IP адреси кои овозможуваат директен пристап:

Во насока на продлабочување на билатералната соработка, денес (15.09.2017 година) работна средба остварија директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски и економскиот советник при Амбасада на Република Турција г-дин Бенјамин Кутлу.

Ве информираме дека поради надградба на интернет мрежа, ИТ услугите на Царинската управа ќе бидат во прекин, денеска 15 септември во периодот  од 16:30 до 18:30. 

Денес (14.09.2017 година) во амфитеатарот на Царинската управа, во насока на отворање на нови можности за комуникација и соработка со сите учесници во царинската постапка, се одржа работна средба на која присуствуваа голем број претставници од деловната заедница.

 

Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски учествуваше на работниот состанок што се одржа во понеделникот (11.9.2017 година) со претставниците на Групацијата на преработувачи на месо и производство на преработки од месо, во просториите на Стопанската комора на Македонија. 

Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Тансоски, денес (12.09.2017 година) оствари работна средба со претставници од Tекстилен кластер, предводени од Маријана Перковска – претседател и Наташа Сивевска - извршен дирекотор на Текстилниот кластер. 

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец август 2017 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе  4 кривични пријави против 5 физички лица и 2 правни лица. 

Во текот на минатите две седмици е откриен еден обид за криумчарење марихуана и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, дрон, детектор за метали и употребувани машини за обработка на дрво. 

Царинската управа на Република Македонија воведува двосменско работење на шалтерите во својата Централна управа, што ќе се применува од утре (01.09.2017 година), во согласност со Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа.