Царинската управа на Република Северна Македонија на 14.05.2019 година во мултимедијалниот центар Јавна соба Скопје, одржа работилница насловена со тема „Овластен економски оператор (ОЕО) и учество на владините органи во неговата примена“. 

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови,   козметика, патничко возило, полуприколка, санитарни производи и балони.

 

Согласно последното Известување број 11-1018/1 од 13.05.2019 година доставено од страна на Регулаторната комисија за енергетика, Царинската управа е информирана дека последната Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата, бр 02-896/1 од 30.04.2019 година, донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, престанува да важи по 23,59 часот на 13.05.2019 година.

Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, на Царинската управа на Република Северна Македонија и донираше нова софистицирана опрема за пребарување возила. Донацијата ја предадоа британската амбасадорка Рејчел Галовеј и Дејвид Хантли, директор за меѓународни операции, на свечен настан што се одржа денес на 08 мај 2019 година. 

Царинската управа Ве известува дека на ден 23.05.2019 година со почеток во  09:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б,  е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот –студија на случајот. 

Царинската управа во соработка со Светската царинска организација од 22-24.10.2019 година во Скопје ќе биде домаќин на 14-тата Светска царинска конференција ПИКАРД. Изборот на Царинската управа и на Република Северна Македонија за домаќини на оваа конференција е потврда на реформскиот напредок на Владата на Република Северна Македонија за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.

Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки.

Царинската управа на Република Северна Македонија, на 23.04.2019 година, го промовираше концептот за овластен економски оператор, неговото значење и бенефицијата што ќе ја имаат фирмите, пред бизнис-секторот и студентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Во меѓународната трговија, организациите не се мерат само преку нивниот годишен профит, туку, исто така, и според начинот како ги извршуваат нивните активности. Добивањето на статус на ОЕО потврдува и докажува дека компанијата ги извршува нејзините активности во согласност со правилата и препораките што се релевантни за ефикасноста и безбедноста на нејзините операции. OEO компанијата нуди низа поволности како што се: намалени трошоци за трговски трансакции, приоритет при минување на граница, подобро управување и помалку контроли, меѓународно признавање и поголема вклученост во меѓународните трговски синџири. Повеќе информации на следниов линк:

 

https://youtu.be/fJ3HBvdVwJc 

  

 

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  цигари, инсектициди, хербициди, автоделови, алати, мопед, облека, очила, козметика, парфеми, тоалетни води, смартфони, девизи и фалсификати.