Во период од 2 до 4 октомври 2017 година, во прва официјална посета на Царинската управа на Република Македонија, престојува делегација на Царинската управа на Република Хрватска предводена од генералниот директор и помошник министер за финансии, г-дин Хрвоје Човиќ.

Во период од 2 до 5 октомври 2017 година, претставници од Царинската администрација на Црна Гора престојуваат во работна посета на Царинската управа на Република Македонија. Работната посета, која се реализира на иницијатива на Царинската администрација на Црна Гора, е од областа на акцизното работење. 

Директорот на Царинската управа учествуваше на Семинар на високо ниво за долгорочна стратегија за имплементација на царинските ИТ системи што се одржа на 28 и 29-ти септември 2017 година во Талин – Естонија, организиран од Customs 2020 програмата за соработка на ЕУ.

Во текот на минатите две недели се откриени две царински измами и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, мобилни телефони, галантерија за мобилни телефони, облека, очила, цигари, машини за испитување на рачни часовници, додатоци во исхраната и лента за кантирање на иверици.

Царинската управа ги информира царинските застапниците дека обврската за пријавување за дополнителна обука се одложува за мај 2018 година.

Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски, на 25 септември 2017 година, присуствуваше на седницата на Управниот одбор на Македонско турска стопанска комора (МАТТО), со цел запознавање сo членовите на Управниот одбор, како и со актуелните теми во трговското работење помеѓу Република Македонија и Република Турција. 

Денес (26.09.2017година), директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски, одржа работна средба со висок претставник од Делегација на Европска унија - раководител на Оддел за оперативни работи, за економија и финансии,  г-дин Јаромир Левичек.

Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16). Согласно член 12 став (1) од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16) Царинската управа ја одзема издадената лиценца за вршење на застапување во царински постапки ако лиценцираниот застапник два пати последователно не присуствувал на дополнителната обука од член 33.

 

Во рамки на подготвителната мисија на тимот на Светска банка, кој работи на подготовка на проект за Олеснување на транспортот и трговијата во регионот на Западен Балкан, денес (25.09.2017год.), во просториите на Царинската управа, директорот м-р Ѓоко Танасоски  одржа состанок со високи претставници од тимот на Светска Банка, со цел да се разгледаат можностите за соработка.

Денес (21.09.2017 година) на свечена церемонија, што се одржа на граничниот премин Блаце, Амбасадата на САД, преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) и Меѓународната програма за помош и обуки при водење кривични истраги (ICITAP), донираше опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки.