Вчера (3 октомври 2018 година), на граничниот премин Богородица мобилните царински тимови запленија поголема количина на марихуана и хашиш.

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  анастезии, стерилни ракавици, очила со диоптер, врвки за очила, чај за слабеење, цигари, средства за потенција, облека, рибарски мрежи, технички производи, препарати за заштита на растенија, гасен пиштол, муниција за гасен пиштол, девизи и фалсификати.

Денес (26 септември 2018 година), Царинската управа беше домаќин на ученици и наставници од ОУ Коле Неделковски - Скопје. Целта на посетата на учениците од II-a одделение, беше нивна едукација за работата на Царинската управа, особено во делот заштита на здравјето и животот на населението.

Во јануари-август 2018 година Царинската управа на Република Македонија вкупно наплати приходи при увоз и внатрешен промет во износ од  56.580 милиони денари или 920 милиони евра. Наплатените приходи се поголеми за 11,5% во однос на истиот период во 2017 година кога биле наплатени 50.709 милиони денари или 825 милиони евра.

Prihodi

Денес (21 септември 2018 година), министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу и директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски, потпишаа договор за кофинансирање на Проект од Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.  

Во период од 17 до 21 септември 2018 година, во просториите на Царинска управа се одржа работилница со подготвителни активности за воспоставување на систем за управување со сопствени средстава на Европската унија. Работилницата е дел од Твининг проектот „Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската управа“, финансиран од ИПА фондовите на ЕУ. 

Во рамки на проектот „Поддршка за олеснување на трговијата меѓу ЦЕФТА страните“, денес (19 септември 2018 година) во Скопје, се одржа  воведен состанок од Пилот проектот за взаемно признавање на статусот Овластен економски оператор (ОЕО) на Република Македонија, поддржан од Германското друштво  за меѓународна соработка (ГИЗ).

Во текот на минатите две недели царинските службеници спречија обид за криумчарење на околу 2 килограми марихуана.

Денес (17 септември 2018 година), во Струмица се одржа работилница со цел промовирање на концептот за Овластен економски оператор (ОЕО) и неговото значење за економските оператори. 

"A man’s station is only limited by his imagination" беше слоганот на конференцијата во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија, што се одржа на 13 септември 2018 година во Скопје, на која учествуваше Царинската управа со информативна работилница за Царински постапки и извоз во е-трговијата.