Поради надградба на Модулот за систем за контрола на движење на акцизни добра во постапка на акцизно одложување, Царинската управа ги известува корисниците на системот дека до 21.00 часот  движењето ќе се одвива во резервна постапка со примена на хартиен административен документ, по кој период може да се премине на електронско поднесуваање на акцизен документ.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија илегален мигрант, како и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани техничка стока, алат, автоделови, конзоли за видео-игри, прашок за перење, пијалоци, делови за мобилни телефони и делови за видео игри, девизи и козметички производи.

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-017435/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0004 од 27.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.206 година, 04-065421/15-0041 од 25.06.2019 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година, број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, број 04-065421/15-0040 од 25.06.2019 година и 04-065421/15-0048 од 21.11.2019 година и број и известувањето од Министерството за финансии број 18-11733/2 од 26.12.2019, Царинската управа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 4/2019

за вработување на 92 (девеесет и два) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2020)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 92 (девеесет и два) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2020):

  1. Советник на директорот во Царинска управа, 1 извршител,
  2. Началник на oдделение во Одделение кабинет на директорот во Царинска управа, 1 извршител,
  3. Советник за односи со јавност во Служба за односи со јавност во Одделение кабинет на директорот, 1 извршител,
  4. Шеф на служба за проекти и стратегија во Служба за проекти и стратегија во Одделение за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција, 1 извршител,
  5. Советник за проекти и стратегија во Служба за проекти и стратегија во Одделение за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција, 1 извршител,
  6. Советник за администрирање со акцизни марки во Служба за администрирање со акцизни марки во Одделение за акцизни постапки во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  7. Самостоен советник за заштита на правата од интелектуална сопственост во Служба за заштита на правата од интелектуална сопственост во Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  8. Административен оператор за спроведување на обуки во Одделение за oбуки во Сектор за управување со човечки ресурси, 1 извршител,
  9. Административен оператор во Служба за буџетска контрола и координација во Одделение за финансии и сметководство во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител,
  10. Административен оператор во Служба за присилна наплата во Одделение за наплата на приходи во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител,
  11. Административен оператор за тековно одржување на објекти во Одделение за инвестиции и одржување во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител,
  12. Виш цариник во царинска испостава Скопје 1 во Царинарница Скопје, 4 извршители,
  13. Цариник во царинска испостава Скопје 1 во Царинарница Скопје, 3 извршители,
  14. Виш цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје, 2 извршители,
  15. Цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  16. Виш цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 2 извршители,
  17. Цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 2 извршители,
  18. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје, 4 извршители,
  19. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  20. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостав Блаце во царинарница Скопје, 6 извршители,
  21. Виш цариник во царинска испостава Тетово во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  22. Цариник во царинска испостава Тетово во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  23. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  24. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  25. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 5 извршители,
  26. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Деве Баир во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  27. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  28. Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Штип, 2 извршители,
  29. Виш цариник во царинска испостава Штип во Царинарница Штип, 1 извршител,
  30. Цариник во царинска испостава Штип во Царинарница Штип, 1 извршител,
  31. Виш цариник во царинска испостава Велес во Царинарница Штип, 1 извршител,
  32. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Делчево во Царинарница Штип, 1 извршител,
  33. Административен оператор во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  34. Виш цариник во царинска испостава Гевгелија во Царинарница Гевгелија, 4 извршители,
  35. Цариник во царинска испостава Дојран во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  36. Виш цариник во царинска испостава Струмица во Царинарница Гевгелија, 2 извршители,
  37. Виш цариник во царинска испостава Кавадарци во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  38. Цариник во царинска испостава Богородица во Царинарница Гевгелија, 2 извршители,
  39. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ново Село во Царинарница Гевгелија, 2 извршители,
  40. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Ново Село во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  41. Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Битола, 1 извршител,
  42. Виш цариник во царинска испостава Битола во Царинарница Битола, 2 извршители,
  43. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 3 извршители,
  44. Водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 1 извршител,
  45. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 2 извршители,
  46. Виш цариник во царинска испостава Прилеп во Царинарница Битола, 1 извршител,
  47. Цариник во царинска испостава Стење во Царинарница Битола, 1 извршители,
  48. Цариник во царинска испостава Аеродром Св.Апостол Павле - Охрид во Царинарница Битола, 1 извршител,
  49. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ќафасан во Царинарница Битола, 1 извршител,
  50. Водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Ќафасан во Царинарница Битола, 1 извршител,
  51. Водител на смена во царинска испостава Блато во Царинарница Битола, 1 извршител,
  52. Цариник во царинска испостава Блато во Царинарница Битола, 1 извршител,
  53. Цариник во царинска испостава Свети Наум во Царинарница Битола, 1 извршител,
  54. Виш цариник во царинска испостава Струга во Царинарница Битола, 1 извршител,
  55. Наплатувач на гранични премини за царинарница Скопје во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Скопје во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители,
  56. Наплатувач на граничен премин за царинарница Куманово во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Куманово во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители,
  57. Наплатувач на граничен премин за царинарница Гевгелија во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Гевгелија во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители,

Општи услови за сите работни места:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Советник на директорот

  • ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку четири години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Началник на oдделение

  • ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, информатика,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место:Советник за односи со јавност

  • ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
  • најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Шеф на служба за проекти и стратегија

  • ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката

Посебни услови за работно место: Советник за проекти и стратегија

  • ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, организациони науки и управување (менаџмент),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
  • најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за администрирање со акцизни марки

  • ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
  • најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за заштита на правата од интелектуална сопственост,

  • ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Административен оператор

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Водител на смена

  • Ниво на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за царински надзор

  • Ниво на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

  • нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

  • ниво на квалификации: Гимназиско или средно стручно образование,
  • без работно искуство.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
  • Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: советник на директор – 47.824,00 денари, началник на одделение - 41.817,00 денари, шеф на служба - 35.823,00 денари, водител на смена - 35.169,00 денари, самостоен советник - 34.110,00 денари, советник - 32.386,00 денари, виш цариник- 32.724,00 денари, цариник - 24.328,00 денари, административен оператор за царинарница 23.821,00 денари, административен оператор - 25.534,00 денари и наплатувач 17.835,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2020 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs.gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 03.01.2020 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 4/2019“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

Пријава за вработување

 

 

Возилата ќе се даночат според еколошката категорија. Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2. Разликата во еколошката категорија на возилата ќе се отслика во висината на данокот и кога станува збор за возила со дизел и бензински мотори. Возило со иста вредност и иста емисија на ЦО2, ако е со бензински мотор ќе плати помал данок. На пример, за сите возила со вредност до 10.000 евра и емисија на ЦО2 од 130 грама на километар, ако се со бензински мотор данокот ќе изнесува 6.500 денари а ако моторот е дизел - двојно повеќе.


-Притисокот на граѓанскиот сектор за загадувањето на животната средина е жесток и со право, зашто за здравјето нема алтернатива. Министерство за финансии и Царинската управа одговараат на дел од предизвиците поврзани со загадувањето на воздухот со системско, а не со ад-хок решение. Минатата среда пратениците го изгласаа новиот Закон за данок на моторни возила. Со него за прв пат се воведува принципот: ако возилото помалку загадува, за него има помал данок - рече министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на новата регулатива за оданочување на возилата при увоз.  


Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски посочи дека мотивирањето на граѓаните да набавуваат возила што помалку загадуваат ќе биде заедничко залагање на повеќе институции каде се планира спроведување на посебни мерки. Сегашните бројки упатуваат на тоа дека 82 проценти од набавуваните возила се половни, а само 18 проценти нови возила.


Со Уредба, којашто Владата ќе ја разгледува на утрешната седница, се утврдува начинот на пресметка на данокот на моторните возила врз основа на два критериуми: емисија на јаглерод диоксид - ЦO2 изразен во грамови по километар и вредност на возилото. Возилата со пониска емисија на ЦO2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои имаат повисока емисија на ЦO2.


Министерката Ангеловска нагласи дека новиот Закон за данок на моторни возила е прв закон за оданочување на возила кој не води сметка само за висината на приходите во буџетот туку прв пат се вградува компонента што ја стимулира набавката на еколошки возила и со тоа придонесува за намалување на загадувањето. Со тоа се стимулира обнова на возниот парк на систематска основа, што е многу важно, затоа што возниот парк во државата е стар меѓу 15 и 18 години.
Во Буџетот за 2020 година буџетските приходи од новиот данок се очекува да бидат колку и од акцизата на возилата во 2019.
-Со измените се стимулира набавка на нови возила преку изземање од давачки за одредени возила, оние што се користат за прва помош, погребални услуги и преку враќање на платен данок за нови возила наменети за такси превозни услуги, каде повратот на данок зависи од конкретната намена на возилото. Кај моторни возила ќе има 25 проценти поврат на данок, а кај возила со седишта 7+1 и 8+1 што ќе се употребуваат за такси услуги и за потреби на компании ќе се враќа данок до 80 проценти. За поттикнување на употребата на електричните возила, за сите категории од овој вид е пропишано ослободување од посебен данок на моторни возила. Хибридните возила ќе подлежат на ослободување до 50 проценти од данокот - објасни Танасоски.


Според возниот парк во државата, процена е дека просечната емисија на ЦО2 е околу 170 гр./км. Границата која е поставена за производителите на нови возила за 2020 година во ЕУ е 95 гр./км CO2.  Во моментов просекот во земјите на ЕУ е 130-140 гр./км CO2. На ниво на ЕУ, автомобилите се одговорни за околу 12 проценти од вкупните емисии на јаглерод диоксид, главен стакленички гас.

viber_image_2019-12-27_14-41-43
viber_image_2019-12-27_14-43-57
viber_image_2019-12-27_14-44-24
Previous Next Play Pause
1 2 3

Во текот на месец декември, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани луксузен часовник, облека, обувки, цигари, компјутери, печатар, странски регистарски таблички, фалсификати и друго.

Привремено се задржани:

Луксузен часовник

- луксузен часовник со вредност од околу 35 илјади евра, откриен на граничниот премин Богородица на влез во државата кај лице со грчко државјанство, кое управувало патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, патникот не пријавил ништо, но по извршена контрола, под возачкото седиште од задната страна, во црна кеса во оригинална кутија пронајден е часовник и фактура за часовникот на име на швајцарски државјанин. Станува збор за часовник марка Audemars Piguet Royal Oak Offshore со вредност од 2.200.000,оо денари и избегнати царински давачки 525.800, оо денари.

Против сторителот е поднесена соодветна кривична пријава за избегнати царински давачки, а часовникот е привремено одземен.

Облека и обувки

- 1.418 парчиња облека (долна облека, јакни, дуксери, тренерки, хеланки, капи и чорапи) и 83 пара патики, откриени при контрола на финско патничко комбе, управувано од фински државјанин пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во 8 куфери, 2 картонски кутии и 2 кеси, сместени во багажникот на возилото, се привремено здржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 15 пара спортски обувки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените обувки, пронајдени во хартиена кеса и патна торба, сместени на задните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Цигари

- 100 штеки цигари, откриени во два одвоени случаи на Интернационалниот Аеродром Скопје.

Во првиот случај, во чекираниот багаж на косовски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Шведска, биле пронајдени 50 штеки цигари Winston 100's со македонски акцизни маркички.

Во вториот случај, во личниот и чекираниот багаж на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Шведска, биле пронајдени исто така 50 штеки цигари, од марката Winston, без акцизни маркички, за кои патникот изјавил дека ги набавил од грчки фри-шоп.

Во двата случаи, непријавените цигари се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.

- 51 штека цигари Marlboro, без акцизни маркички, откриени од страна на полициски службеници при контрола на турски автобус, извршена во близина на наплатната рампа Петровец. Непријавените цигари, пронајдени на последните седишта на автобусот, биле предадени на мобилните царински тимови за понатамошна постапка. Цигарите се привремено задржани, а против водичот, македонски државјанин кој се пријавил како сопственик, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 12 штеки цигари ОМЕбез акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во специјално адаптиран простор помеѓу резервоарот за гас во багажниот простор и задното седиште, преграден со тапациран и офарбан картон, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Останато

- 2 нови десктоп компјутери со тастатури, марка HP Desktop pro G2, и 1 нов печатар со скенер марка HP laser jet pro MFP M130fw, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски џип Land Rover, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените апарати, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 390 парчиња, 2 пара, 24 сета и 36 литри разна стока (електричен и рачен алат, делови за возила, пили, прашок за перење, дезодоранси, пијалоци), откриени од страна на мобилните царински тимови на ЦИ Taбановце, при контрола на товарно моторнo возилo управувано од македонски државјанин.

- 2Д проекторлеќа марка SONY LKRL-Z519 и 3Д Проектор леќа марка SONY LKRL-Z502, откриени од царинските службеници на царинска испостава Аеродром во Скопје, на влез во државата кај турски државјанин кој допатувал со лет од Турција.

- 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, откриени при контрола на бугарски џип, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево. Табличките и сообраќајните дозволи, за кои возачот изјавил дека припаѓале на патничко возило кое било во негова сопственост, но го продал во отпад поради тоа што било оштетено во сообраќајна незгода, биле пронајдени во кеса сместена под совозачкото седиште. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 2.134 плишани играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови во соработка со царински инспектори од Одделението за истраги, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од с. Лабуништа, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Битола. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Obleka, obuvki, Bogorodica
Obuvki, mobilna
Registarski tablicki,Delcevo
Сл. 1 часовник
Сл. 2 часовник
Сл. 3 часовник
Cigari Bogorodica
Cigari, Aerodrom SK
Cigari, Aerodrom SK1
Cigari, mobilna
Kompjuter, stampac, mobilna
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

 

Асоцијација за е-трговија во организација со Царинска управа на 16.12.2019 година, ја започна првата E-commerce Afterwork сесија на тема "Што треба да знаат сите потенцијални извозници во е-трговијата?". Пред преполната сала се обратија министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, со цел да ги поздрават и поттикнат микро, малите и средните компании да ги искористат сите предности кои ги нуди од е-трговијата за да остварат раст и конкурентска предност.
 
Се разви панел дискусија каде претставниците на Царинска управа, како и претставници на Македонска Пошта, ДХЛ и Фалкон Логистик ги одговорија сите прашања и дилеми на потенцијални извозници  во е-трговијата. Учество во дискусијата зедоа млади претприемачи кои се занимаваат со електронска трговија, компании заинтересирани за продажба на странски пазари и сите кои пројавуваат интерес да се запознаат со електронското трговско работење практикувано во нашата земја.

Царинската управа дава силна поддршка силна поддршка на Асоцијацијата на е-трговија и заедно со Македонска пошта работи во насока на подобрување на услугите кои се нудат, а се со цел за задоволување на потребите на трговците.

79173920_2573273012956627_3290896176617881600_o
79212086_2573273242956604_4304704764249112576_o
79320079_2573273042956624_7264763514181386240_o
79324326_2573273279623267_278943578820968448_o
79740746_2573273082956620_6825711238262030336_o
79770585_2573273479623247_510793532731031552_o
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6

Царинската управа се заблагодарува на присуството на бизнис заедницата на презентацијата на теми Потекло на стока и Царинска тарифа.

Поради големиот интерес, презентациите од вчерашниот настан можете да ги превземете на следните линкови:

На денешниот форум посветен на борбата против корупцијата, организиран како дел од проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата-Коалиција за нулта толеранција“ и поддржан од Европската унија, Транспарантност Македонија и НВО Инфоцентар, претставниците на граѓанските организации, медиумите и претставниците на институциите што зедоа учество и се повикани бескомпромисно, неселективно, непристрасно и непартизирано да делуваат за разоткривање и успешно сузбивање на корупцијата (Државна комисија за спречување на корупција, Министертсво за внатрешни работи, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика и Царинска управа) го потврдија своето одлучно делување за искоренување на оваа општо штетна појава.Директорот на Царинската управа во осврт кон повеќекратната улога на Цариснката служба ја потенцираше неопходоста перманентно да се делува на спречување на можностите за коруптивно делување, зачувување на професионалниот морал и стриктно спроведување на законите, преку превентивни, адаптирани и надополнувани мерки и казни за санкционирање.


Практикуваните механизми за сузбивање на корупцијата се утврдени согласно меѓународни договори и конвенции со кои се заштитува меѓународната трговија и се тежнее кон обезбедување на цврст и професионален морал. Дел од обврските што произлегуваат на тој план Царината ги има преземено и како членка на Светската царинска организација. Во одговор на испреплетените услови во кои настанува и се манифестира корупцијата на штета на целото општество и граѓаните кои посебно се чувствуваат загрозени, обесправени и разочарани, како конкретни стратешки делувања за нејзино превенирање и сузбивање беа посоочени: владеењето на правото, транспаратнтно работење, автоматизација на работните процеси, професионален морал на вработените, стратешко прерапсоредување и ротација на вработените, само-оценување на процесите кај кои се детектира ризик од коруптивно делување, спречување на судир на интереси, соодветен систем на плати и наградување, подобрување на работната средина. Зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка и спроведувањето на националните стратегии за превенција и репресија на корупцијата и појавата на судир на интереси остануваат да бидат предуслов за успешно детектирање и борба за сузбивање.

Поддршката од граѓанските организации, медиумите и решеноста за делување на секој граѓанин поединец се важни за извојување на победа врз корупцијата која се провелекува и потајно се манифестира во разни домени на нашето општество. Царинската управа охрабрува за користење на расположливите алатки што се ставени на располагање за пријавување на коруптивно и непрофесионално постапување на царински работници: отворена бесплатна телефонска линија 197, електронско директно пријавување достапно на официјалната веб страница на Царинската управа, доставување на пријави од укажувачи преку овластеното лице за прием на пријави од укажувачи за внатрешно пријавување. Кампањите за борба против корупцијата и натаму ќе бидат практикувани од Царинската управа како дел од активностите за заеднички настап во справувањето со корупцијата.

 

 

75242083_495361161087169_5701711308987039744_n
79814136_2222715151361878_6335697792396165120_n
79867525_2445476595667022_3567840847594520576_n
79968273_423771745169891_2649223458390540288_n
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

 

Почитувани,

Царинската управа организира презентација на теми за Царинска тарифа и потекло на стока.

Целта на презентацијата е учесниците да се запознаат со:

  • примената на целосна кумулација за потекло во рамки на трговијата на стоки со ЦЕФТА државите,
  • примената на новиот начин на распределба на квоти преку системот за распределба на квоти ИТО
  • новата Одлука за усогласување и менување во царинската тарифа за 2020 година.

Презентацијата ќе се одржи на 17.12.2019 година во амфитеатарот во Царинската управа во Скопје со почеток во 14,30 часот. Царинската права ги поканува сите заинтересирани економски оператори да присуствуваат на презентацијата.

 

Прв пат се воведува данок на возила со еколошка компонента.  Доколку возилото повеќе загадува, ќе има повисок данок. Предлог- законот за данок  на моторни возила е во собраниска процедура а ќе важи од почетокот на 2020 година.
 
Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски пред претставниците на невладините организации, претставници на Министерството за животна средина и на Град Скопје ги презентираа промените коишто ги содржи новиот закон.
 
-Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во Буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила.. Не очекуваме да собереме повеќе пари од данокот. Најчесто купуваните возила. меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок. Целта на новиот начин на оданочување на возилата е да се влијае на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во текот на целата година. - укажа министерката Ангеловска.
 
Со новата регуклатива, пресметувањето на данокот ќе се врши врз основа на две компоненти: вредноста на возилото и висината на емисијата на јаглероден диоксид кај возилото. На овој начин, еколошките возила со пониска стапка на емисија на ЦО2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои повеќе загадуваат.
 
Директорот Танасоски нагласи дека за електричните возила воопшто ќе нема данок како и за нови возила за прва помош и за погребални услуги.За возила наменети за такси превозни услуги, повратот на данок изнесува 25 отсто кај автомобилите додека оние што имаат 7+1 и 8+1 седиште,  ќе имаат поврат на данок до 80 отсто. Хибридните возила ќе подлежат на ослободување до 50 проценти од  данокот.
 
-Не може преку ноќ да се преуреди структурата на возниот парк кој има просечна старост меѓу 15 и 18 години и во кој само еден процент од возилата имаат еуро 6 стандард. Но, од некаде мора да се почне, новиот закон за данок на моторни возила е прв исчекор, а резултатите можеме да ги очекуваме по 3-4 години-рече директорот Танасоски.
 

Граѓаните кои ќе набавуваат  возило по стапувањето на сила на новиот Закон, ќе имаат на располагање Калкулатор на веб страната на Царинската управа, за пресметка на  данокот.
Претставниците на невладините организации ја поздравија одлуката за оданочување во полза на животната средина и побараа да се продолжи во оваа насока, со мултиресорски пристап.

VIK_7048
VIK_7082
VIK_7085
Previous Next Play Pause
1 2 3