Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД дека утре, сабота 20.07.2019 година во периодот од 12:00 до 16:00 часот ќе биде целосно недостапен.

Во рамки на летната програма за посета на домашните компании и во насока на поддршка на нивните активности од страна на Царинската управа, денес e остварена средба со раководството на текстилната фабрика Хавеп од Скопје. Силниот економски раст претставува што поголемо вклучување на малите и средните претпријатија во глобалните синџири на снабдување, а Царината треба да биде главен двигател на овие промени. Разговараме за можностите за добивање на одобрение за Овластен економски оператор, поголемо користење на поедноставените царински постапки и на другите царински олеснување. Како македонско-холандска фирма Хавеп е лидер во иновативните решенија за зголемување на продуктивноста. Сите овие царински погодности треба да придонесат кон намалување на трошоците, подобрување на времето на минување на граница и зголемување на конкуретноста на македонските компании.

Царинската управа ја известува јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143 од 12.07.2019 година е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со кој се одложува неговата примена до 01 Ноември 2019 година.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани алати, делови за врати, делови за машини за кафе, козметички средства, девизи, школски прибор, медицински апарат, цигари, тутун, фалсификати и друго.

Царинската управа организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 30.08.2019 година.

Ве известуваме дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) е повторно достапен и ставен во функција.

Царинската управа на Република Северна Македонија во рамките на своите редовни активности на граничните премини Табановце со соседна Србија и Богородица со соседна Грција спречи обиди за нелегален внес на цигари и тутун во лист наменети за нелегална продажба на македонскиот пазар. На граничниот премин Табановце на влез од Република Србија се запленети 16,5 тони цигари, а на граничниот премин Богородица, на влез од Грција - 13 тони тутун во лист.

Ве известуваме дека новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) повторно е ставен во функција.

   

 

Ве известуваме дека во новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе се вршат технички надградби. За таа цел се повикуваат застапниците да користат резервна постапка со употреба на царински декларации во форма на ЕЦД кои ќе се обработуваат во Асикуда се до повторно вопоставување на системот.

Ве известуваме дека во новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе се вршат технички надградби. За таа цел се повикуваат застапниците да користат резервна постапка со употреба на царински декларации во форма на ЕЦД кои ќе се обработуваат во Асикуда се до 06.07. до 10.00 часот.

Царинска управа