Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик.

На 6 февруари 2019 година, на иницијатива на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Македонија, реализирана е работна посета во Царинската управа на Република Косово.  

Директорот на Царинската управа денес ја посети царинската испостава Скопје 4 (1014) во рамки на пилот проектот за воведување на Е-царина. 

Ве известуваме дека денес (05.02.2019 година) ќе биде пуштена во продукција нова верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM. Новата верзија на EXIM е интегрирана со новиот Систем за обработка на декларации и акцизни документи (СОЦДАД) и системот Интегрираната тарифна околина (ИТО), а исто времено е надградена со нова функционалност за економските оператори.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, сребрен накит, уреди за автосервиси, опрема за заварување, автоделови, алати, цигари, кафе во зрно, техничка стока, облека, козметика, муниција за гасни пиштоли, додатоци на исхраната и фалсификати.

Како дел од низата активности на Царинската управа во насока на ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), на 04 февруари 2019 година ќе започне реализацијата на Пилот проектот за СОЦДАД, во кој ќе бидат вклучени 11 царински испостави.

Во период 28-29.01.2019 година, директорот на Царинската управа на Република Македонија учествуваше на третиот неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Подгорица, Црна Гора.

По повод 26 - ти јануари, Меѓународниот ден на Царината, кој годинава се одбележува под мотото "Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт", со кое се охрабруваат  членките на Светската царинска организација (СЦО) да размислат како најдобро можат да обезбедат брзо и непречено прекугранично движење на стока, луѓе и превозни средства, денес (28.01.2019 година) на шеснаесет царински службеници и пет компании, им беа доделени пофалници од Генералниот секретар на СЦО, г-дин Кунио Микурија. 

Во периодот од 21-23 јануари, 2019 година во официјална посета на Царинската управа на Република Македонија престојуваше делегација од Царината на Република Кореја, која оствари средби со менаџментот на Царинската управа.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за илегално преминување на границата и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, делови за автобуси, приколка за превоз на возила, стоматолошки материјали и рисивери.