Царинската управа на Република Северна Македонија од 1 јуни 2019 година го пушти во продукција новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) во делот на извозните царински постапки.

Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека состојбата на граничниот премин Ново село/Златарево со Република Бугарија е нормализирана, односно повторно се во функција патничкиот и товарниот сообраќај.

Почитувани корисници,

Од 1 јуни започнува со примена Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за што Царинската управа обезбедува поддршка на корисниците. Сите проблеми поврзани со неговото функционирање може да се пријават на следнава електронска пошта:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Заради ефикасна дијагностика и разрешување на проблемите, истите треба да бидат детално опишани, а по потреба придружени со приказ (принт скрин) од грешките.

Поддршка за корисници по поедини области:

Ѓорѓи Наумовски – бизнис проблеми, тел. 070/364-195
Драган Ивановски – бизнис проблеми, тел. 075/440-340
Никола Донев – бизнис проблеми, тел. 070/264-277
Дарко Митев – бизнис проблеми, тел. 075/365-244
Јане Саздов – регистрација на ЕО, тел. 070/369-833
Мартин Арнаутов – регистрација на ЕО, тел. 071/392-208
Васко Цубалевски – регистрација на царински службеници, тел. 070/359-499
Коста Лазов – ИТ проблем, тел. 071/220-690

Вера Џугуманова, проблеми со гаранции, 02/3293953, 070/258-291
Весна Андоновска, проблеми со наплата, 02/3293971, 070/258-291

Татјана Паговска – Царинска управа, за лиценци и одобренија за застапување, тел. 070/340-045
Златко Попоски – Царинска управа, за одобренија за поедноставени постапки – локално царинење при извоз и увоз, тел. 070/219-506
Соња Филевска – Царинска управа, за постапки со економски ефект, тел. 070/733-211

Горан Јанчев – СНИО Гевгелија, тел. 078/370-950
Васе Кралев - СНИО Штип, тел. 071/395-321
Наташа Јакчулова - СНИО Битола, тел. 075/303-058
Билјана Петрушевска - СНИО Куманово, 070/369-677
Ирена Ангелова - СНИО Скопје, тел. 075/250-768
Тони Трајковски - СНИО Скопје, тел. 075/225-335

За поддршка на системот по 16:30 часот телефони за контакт: 071/248-156 и 02/3 293 972, 02/3 293 967 и електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Напоменуваме дека за непречена примена на системот (успешна најава и потпишување во системот), регистрираните корисници треба да имаат точни податоци за:

  1. Електронска пошта (е-mail) преку која се ресетира лозинката за пристап;
  2. Името и презимето на физичкото лице треба да се идентични со податоците од дигиталниот сертификат, во двата дела од формата за регистрација. Препорака е овој податок да се копира од дигиталниот серификат;
  3. ЕДБ на правното лице во формата за регистрација треба да биде идентично со истиот податок во дигиталниот сертификат. Препорака е овој податок да се копира од дигиталниот серификат.

Благодариме на соработката.

Царинска управа

 

Стартува дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), Сите извозни декларации по полноќ, 00.00.01 часот  на 01.06.2019 се поднесуваат во СОЦДАД.

Царинската управа ве известува дека СОЦДАД се става во функција на 01.06.2019 година за извозна постапка во сите царински испостави. Сите извозни декларации по полноќ, 00:00:01 часот на 01.06.2019 се поднесуваат во СОЦДАД.

30 мај 2019, Скопје - Република Северна Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Меморандум за размена на информации и знаења за сузбивање на даночни и царински кривични дела и перење пари помеѓу двете земји. Потписници на Меморандумот се Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Северна Македонија и неговите управи, односно: УЈП, Царинска Управа, Финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање.

 

Ве информираме дека од 01.06.2019 година започнува со оперативна примена новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) во делот на извозните царински постапки. 

Царинската управа на Република Северна Македонија денес, 28.05.2019 година, ја одбележа успешната реализација на  проектот „Како подобро да се разберат Царинските постапки“, во чии рамки беа изготвени едукативни видео записи во кои на едноставен и сликовит начин се прикажани основните и најважни теми за царинското работење. 

Царинската управа во насока на подготовка на бизнис заедницата за работа со новиот систем за обработка на царински декларации, организира обука за спроведување на извозна постапка со примена на СОЦДАД.

Царинската управа ве известува дека податоците внесени во времената околина на СОЦДАД ќе бидат префрлени на продукциска околина. Тоа значи дека линковите кон времената околина за поврзување кон СОЦДАД

https://traders-ct.customs.gov.mk/registration-ui ,

https://traders-ct.customs.gov.mk/myAccount-ui и

https://traders-ct.customs.gov.mk/trader-meos-ui

ќе може да ги користите уште денес, до крајот на денот.