vesti

Известуваме дека поради целосно искористување на количините на квоти предвидени за четвртото тромесечие од 2016 година за Европска унија има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифните броеви 040690 и 2201.

 Имено почнувајќи од 04.10.2016 година царинските давачки (царинска стапка и специфични давачки) во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифниот броеви 040690 изнесуваат 70% од МФН наместо досегашната стапка 0%.

За стоките кои се распоредуваат во тарифниот број  2201 почнувајќи од 04.10.2016 година царинските давачки изнесуваат 12% наместо досегашната стапка 0%.