Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 22/19), Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр.44-8422/1 од 09.10.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.243/20), Царинската управа, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

 

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат на локациите на Царинската управа низ Република Северна Македонија.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.

Лица за контакт во врска со јавниот повик: Валентина Чучанова, телефон за контакт: 070 358 766, електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Зулќуфли Јашари, телефон за контакт: 071740013, електронска адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари, локациите), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Царинската управа, Сектор за административни и технички работи, ул. ,,Лазар Личеноски’’ бр.13 – 1000 Скопје или електронски, преку следниот линк http://www.customs.gov.mk објавен на веб страната на Царинската управа.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 28.10.2020 година до 16:30 часот. 

ИНСТРУКЦИЈА ПО ЈАВЕН ПОВИК