Претставници на Царинската управа ќе земат активно учество на виртуелната конференција New World Model (NWM) во организација на World Free Zones Organization.

Имајќи во предвид дека нашиот свет драстично се промени во изминатите неколку месеци и поимот за нормално фунционирање е целосно изменет како институција се приклучуваме со останатите во светот за побрзо да изнајдеме начин да се прилагодиме на новонастаната ситуација.  

World Free Zones Organization (World FZO) ќе биде домаќин на New World Model (NWM) - виртуелната конференција со тема “Иднината на индустријата”.

Фокусот на конференцијата е ставен на новите бизнис модели со кои ќе се соочат институциите и компаниите како последица на панедмијата со Ковид19.

На конференцијата која ќе трае од 15.09.2020 до 17.09.2020 учество ќе земат водечки експерти од повеќе од десет клучни сектори во индустријата. Истите преку динамични дискусии, снимени интервјуа, вебинари во живо и интернет излагања  ќе говорат за изнаоѓање на решенија и начинот на пристапаување кон моменталните промени и закани по индустријата со што ќе ни помогнат при исцртување на сопствен патоказ за одржливо закрепнување.

За повеќе информации во врска со овој настан, посетете ја страната https://www.worldfzo.org/new-world-model.

За директно да се регистрирате и да добиете слободен влез за оваа конференција, кликнете тука: https://www.cognitoforms.com/WorldFreeZonesOrganization1/WorldFZOVirtualConference1517September2020