Царинската управа ве известува дека определениот датум за полагање на прв дел (теоретски дел) од стручниот испит за лиценциран застапник на 10.09.2020 година и  определениот час за почеток на испитот во 11:00 се одлагаат.

За полагање на стручниот испит закажан е нов термин, така што одложениот стручниот испит ќе се одржи на ден 15.10.2020 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во просториja број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9 б.

И рокот за поднесување на пријави заедно со потребните документи за полагање на првиот дел од стручниот испит се продолжува се до 07.10.2020 година.

Сите Пријави за полагање на првиот дел од стручниот испит, кои кандидатите претходно ги доставиле до Царинската управа или во некоја од Царинарниците во Битола, Скопје, Штип, Гевгелија и Куманово, ќе бидат разгледувани.

I.Право да поднесат пријава за полагање на стручен испит за лиценциран застапник имаат оние кандидати кои ја слушале претходната обука организирана од Царинската управа одржана од 11-20.02.2020 година или во некој претходен термин.

II.Исто така право да поднесат пријава и да го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат и оние кандидати кои во претходните сесии не успеале да го положат испитот во целост.

По завршување и на дополнителниот рок за пријавување, Царинската управа ќе ги разгледа доставените документи и на својата веб страна, ќе објави список на кандидати кои ги исполнуваат условите за да го полагаат испитот.

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат лична карта заради нивна идентификација. Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.