Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, техничка стока, додатоци во исхраната, инсектициди, облека и ташни, лекови за животни и фалсификати.

Притоа привремено се задржани:

Девизи

- 4.200 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил и личен претрес на македонски државјанин, кој со возилото се пријавил за излез од државата, на граничниот премин Ќафасан. Во предниот десен џеб од панталоните на возачот биле пронајдени непријавени 6.200 евра. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а против истиот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Техничка стока

- 26 парчиња разни употребувани технички производи (телевизори, преносни компјутери, ДВД плеери, звучници и куќишта, монитор, напојувачи и матични плочи за компјутери), откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во просторот за палети на приколката, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 10 парчиња полначи за во кола, 200 парчиња полначи за мобилни телефони со УСБ кабли, 20 парчиња УСБ кабли и 40 парчиња слушалки за мобилни телефони, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. 

Додатоци во исхраната

- 18,88 kg додатоци во исхраната (протеини, креатини и протеински пијалоци), откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, сместени во товарниот простор заедно со легално пренесуваните градежни материјали, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Инсктициди

- 80 kg инсектициди GALATION EKSTRA, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените инсектициди биле пронајдени под тапацирот кај резервната гума во багажниот простор на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.  

Облека и ташни

- 155 парчиња разна облека и 5 парчиња женски ташни, откриени при контрола на бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, пронајдени во патни торби, сместени во товарниот простор заедно со легално пренесуваните керамички плочки, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Лекови за животни

- 4 кутии со вкупно 43 ленти со таблети, 18 шишиња, 1 пластична туба и 1 пакување со разни лекови за животни, привремено одземени од две лица, жители на Струга и Охрид. Заплената е реализирана од страна на полициски службеници при СВР Охрид НККР Струга, по издадена Наредба за претрес на дом и други простории во Струга. Лековите за животни се преземени од царински службеници при Одделението за оперативни работи, а против двете лица ќе бидат поведени прекршочни постапки.  

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 17 парчиња маици, 2 пара тренерки и 6 комплета маици и шорцеви со лого на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на брза пратка од Хонг Конг, наменета за физичко лице од Битола. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуалана сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утвдување на нивната оригиналност.

Dodatoci vo ishranata, Delcevo
Dodatoci vo ishranata, Delcevo
Insekticidi, Tabanovce avtopat
Insekticidi, Tabanovce avtopat
Lekovi za zivotni, MVR
Lekovi za zivotni, MVR
Obleka i tasni, Delcevo
Obleka i tasni, Delcevo
Polnaci, USB kabli i slusalki, Blace
Polnaci, USB kabli i slusalki, Blace
Tehnicka stoka, Novo Selo
Tehnicka stoka, Novo Selo
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6