Светската царинска организација (СЦО) со задоволство објавува дека 15-та PICARD годишна конференција на СЦО ќе се одржи како веб-конференција од 23 до 26 ноември 2020 година.

СЦО ве поканува да го доставите вашиот труд/истражување на разгледување. Научен одбор ќе изврши избор од поднесените трудови кои ќе бидат презентирани на конференцијата. Поднесените трудови треба да бидат на една од следниве теми: 

Научени лекции поврзани со одговорот на Царината и нејзината улога во континуитетот на синџирот на снабдување во време на пандемијата COVID19;

Царината се грижи за одржливоста на граѓаните, просперитетот и планетата

Мерење на ефикасноста на организацијата.

Соочени со глобалниот предизвик на пандемијата COVID-19, од суштинска важност е Царината да продолжи да ги олеснува синџирите на снабдување со цел целокупното влијание на појавата на СОВИД-19 врз нашите економии и општества да се сведе на минимум. Информации за инструментите и алатките на СЦО, како и за мерките што ги спроведуваат СЦО и нејзините членки се објавени на веб-страницата на СЦО, посветена исклучиво на темите поврзани со COVID-19 (http://www.wcoomd.org/en/topics/facilitation/activities-and-programmes/natural-disaster/coronavirus.aspx)

Тема: „Научени лекции поврзани со одговорот на Царината и нејзината улога во обезедување на континуитет на синџирот на снабдување за време на пандемијата COVID-19“.

Што се однесува до улогата на Царината во олеснување на катастрофи, неколку инструменти и алатки на СЦО се особено важни, како што се Поглавје 5 од Специфичниот Анекс Ј на Ревидираната Кјото Конвенција, Истанбулската конвенција, Препораката од 1970 година и Резолуцијата од 2011 година на Советот за царинска соработка. Од особена важност е Царината, во соработка со инволвираните страни да обезбеди континуитет на меѓународните синџири на снабдување, на пример преку примена на ИКТ технологии и бесхартиена трговија. Во таа смисла, трудови на оваа тема се и повеќе од добредојдени 

Тема: „Царина се грижи за одржливоста на граѓаните, просперитетот и планетата“. Со оваа тема се потврдува колку е важно да се постигнат целите за одржлив развој (SDG) во рамки на Агендата 2030 на Обединетите Нации и колку е важна улогата на Царината во ова област. Особено кога станува збор одржливост на животната средина, контролата на прекуграничното движење на отпадот се повеќе привлекува внимание ширум светот, особено по воведувањето на засилени ограничувања на увозот во неколку земји и измената на Мултилатералната спогодба за животна средина (Базелска конвенција) последниве години. Оваа тема опфаќа и други полиња поврзани со одржливоста на животната средина и улогите што Царината ќе ги игра на овие полиња.

„Мерењето на ефикасноста на организацијата“ е императив за царинските администрации кои бараат здрава основа за донесување на одлуки. Ова ја зголемува и отчетноста, го подигнува имиџот на Царинските управи и претставува поддршка на бизнис случаи за инвестиции. Во согласност со стратешкиот мандат на СЦО, нејзините Конвенции, инструменти, алатки и препораки се дизајнирани се со цел подобрување на ефикасноста на Царинската управа. СЦО е во процес на развивање на сеопфатен механизам за мерење на ефикасноста, вклучувајќи клучни индикатори за ефикасност (KPI- key performance indicators), како квантитативни, така и квалитативни, во сите царински надлежности (наплата на приходи, олеснување на трговијата и економска конкурентност, спроведување на закон, безбедност и заштита на општеството, итн.) Во таа смисла, оваа тема може да опфати истражување за методологијата за мерење на ефикасноста на организацијата, особено во поглед на исходот; оценка на довербата во глобалните оценки спроведени од меѓународни организации за политички одлуки; пристапи  оценување на спроведувањето и исходот на меѓународни стандарди и инструменти. Може да се однесува и на мерење на издржливоста за спроведување мерења на ефикасноста и деловен континуитет во однос на пандемијата COVID-19 и другите кризни сценарија.

На Конференцијата особено е добредојдено присуство и поднесени трудови од царински експерти, како и истражувачи од различни академски дисциплини, како што се антропологија, криминологија, економија, географија, историја, меѓународни односи и меѓународна трговија, право и политички науки. Службата за истражувања на СЦО е особено заинтересирана за развој на интердисциплинарен пристап од различни перспективи, пристапи и методологии во однос на современите системи на регулирање и контрола на границите и силно ги поздравува трудовите чиишто ко-автори се царински службеници и академици.

Како и претходно, пријавите за учество можат да вклучуваат 

1. Резиме на презентација до 1.000 зборови; 

2. Трудови до 9,000 зборови или 

3. Предлози за панел дискусија. 

Трудовите нема да имаат никаква својствена предност пред Резимеа на презентации.

Поднесените трудови/текстови/презентации треба да бидат:

Во фонт Arial, големина 11

на англиски или француски јазик.

Ќе биде дозволено доволно време за дискусија, а преводот / толкувањето на/од англиски и француски јазик ќе биде обезбеден на Конференцијата. 

Предлозите за панел дискусија треба да се состојат од два или три говорници кои презентираат истражување на една тема. СЦО ги охрабрува Царините и академиците да се вклучат во компаративно истражување и релевантно истражување на царински теми: Предлозите за панел дискусии се идеален формат за вакви дискусии.

За да одговорите на овој Повик за доставување трудови, ве молиме, доставете ги Резимеата за презентација, трудови или предлог-панел дискусија на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 7 септември 2020 година, со следниве податоци:

Име, наслов и биографија (максимум 250 зборови) на автор/и.

Позиција, организација и земја на автор/и.

Контакт е-mail и телефон

Предлог наслов на придонес.

За трудови со повеќе од 1.000 зборови, потребнo e да се достави апстракт од не повеќе од 300 збора.

Авторите ќе бидат известени до 30 септември 2020 година за изборот или неизборот на нивните трудови и / или Резиме на презентација за презентација на конференцијата.

СЦО е особено благодарна за поддршката на членовите на научниот одбор на ПИКАРД.

Покрај авторите избрани преку овој Повик за трудови, на веб-конференцијата ќе бидат поканети и автори на трудовите избрани за специјалното издание на Царински весник на СЦО за 2020 година, во кое ќе биде објавена темата „СЦО и царинската и трговката заедница: минатото и иднината“. 

Доколку имате какви било прашања или проблеми, Ве молиме контактирајте на е-meil Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Повеќе информации на следниот линк: http://www.wcoomd.org/en/events/upcoming-events/picard-2020.aspx 

9
9
Previous Next Play Pause
1