Царинската управа во интерес на олеснување на постапката на снабдување со етил алкохол  на болниците, јавните и приватните здравствени установи и аптеките со етил алкохол, како и олеснување на дистрибуцијата на етил алкохол до компаниите кои произведуваат средства за дезинфекција и други средства потребни во борба против Covid – 19, во услови на вонредна состојба дава можност за поедноставување на постапките за движење на етил алкохолот во постапка на акцизно одложување.

Имателите на акцизна дозвола за производство или складирање и испраќање на етил алкохол доколку имаат потешкотии при поднесување на електронскиот административен документ (е-АД) во рамките на системот за контрола и движење на акцизни добра (EMCS), имаат можност движењето на етил алкохолот до повластените корисници кои се регистрирани во СОЦДАД да го направат и со примена на резервна постапка на образец А (даден во прилог) при што е потребно претходно да ја известат Царинската управа по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Движењето со хартиен административен документ се одвива доколку системот на корисникот или на Царинската управа е во прекин, а испораката на етил алкохолот е итна, непланирана или надвор од работното време на Царинската управа. 

Јавните здравствени установи кои сеуште не се регистрирани во електронскиот систем СОЦДАД, се повикуваат веднаш да го сторат тоа. Царинската управа, по регистрацијата ќе овозможи континуирана подршка да можат истите непречено да набавуваат етил алкохол за своите потреби. 

Повластените корисници (пр. Јавните здравствени установи Приватни здравствени установи, аптеки и галенски лаборатории) кои се регистрирани во СОЦДАД, доколку користат резервна постапка за движење на етил алкохол потврдувањето на приемот на етил алкохолот ќе го вршат со оверен примерок на образецот В (даден во прилог). Заради избегнување на грешки, се препорачува на имателите на акцизна дозвола кои вршат дистрибуција да го пополнат и овој документ и да го достават кај повластениот корисник на заверка. Примерок од обрасците А и В се доставуваат до Царинската управа на неделно ниво по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Испораката на етил алкохол од акцизните складови до повластените корисници кои се производители на средства за дезинфекција и други средства потребни во борба против Covid – 19 доколку не е можно да се врши со поднесување на е-АД во системот за контрола и движење на акцизни добра ќе се врши со примена на резервна постапка со поднесување на образец А и потврдување на приемот со образец В. Бидејќи во овој случај се работи за испорачување на поголеми количини на етил алкохол за кои има претходна најава, потребно е да се информира Царинската управа и да се додели број за резервна постапка.

Имателите на акцизни дозволи кои испорачуваат етил алкохол во услови на вонредна состојба кон погоренаведените повластени корисници (јавни и приватни здравствени установи, аптеки, галенски лаборатории, болници и производители на средства за дезинфекција) должни се до Царинската управа – Сектор за акцизи да доставуваат неделен извештај за испорачани количини на етил алкохол по субјекти, а по завршување на вонредната состојба сите испорачани количини да ги евидентираат во системот. Доставувањето на извештајот ќе се врши на образецот во прилог. Кон извештајот се приложуваат копии од документите кои го следеле етил алкохолот и документите со кои се потврдува приемот. Праќањето ќе се врши по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОРАКА НА ЕТИЛ АЛКОХОЛ

РЕЗЕРВНА ПОСТАПКА ОБРАЗЕЦ А

РЕЗЕРВНА ПОСТАПКА ОБРАЗЕЦ Б

 

Скопје, 24.03.2020