Со цел обезбедување на транспарентно и точно информирање, а во контекст на пишувањата во некои медиуми дека во Република Северна Македонија се увезува масло за кое анализите на хрватските власти покажале дека е канцерогено, ја известуваме јавноста дека: по анализата на хрватската царинска лабораторија, маслото кое се споменува е со содржина на сулфур од 0,69% и PCB помалку од 1 mg/kg. Согласно хрватските закони, горната граница на дозволен сулфур во мазут е 1%, додека концентрацијата на PCB мора да е помала од 20 mg/kg.  Согласно официјалните податоци, ја известуваме јавноста дека изнесените тврдења се неточни во целост.

 

Царинската управа согласно своите надлежности и системот за анализа на ризик, врши анализи на нафтата и мазутот и до сега нема утврдено неправилности за содржината на нафтата.

Во два случаи на увоз на масло, утврдена е неправилност во декларирањето. Имено, при проверки на документите, декларираните спецификации не соодветствувале со реалната содржина на цистерните, при што е покрената прекршочна пријава согласно законот, цистерните се вратени назад и не им е дозволен увоз. 

Царинската управа во континуитет соработува со Државниот пазарен инспекторат за проверка и на веќе увезен мазут и доколку има неправилности постапува согласно законот.