Денес 24 Јануари 2020 година, во просториите на  царинарница Гевгелија во соработка со Канцеларијата за озон и Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање, одржана е работилница на тема „Супстанции/смеси и опрема која содржи супстанции кои ја оштетуваат озонската обвивка (контролирани со Монтреалскиот протокол), контрола при увозот/извозот на истите како и популарни начини за нивно криумчарење“.

На работилницата се обработени последните измени во делот на спроведување на националното законодавство за контрола на овие супстанции и опрема кои влијаат на оштетувањето на озонската обвивка контролирани со Монтреалскиот протокол.

Презентирана е и практична употреба на идентификатор модел Ultima ID Pro RI-700H, донација на UNIDO за подобра контрола на споменатите хемикалии со цел намалување и ограничување на ризиците и заканите од нелегалната трговија, а со цел заштита на животната средина и општеството.
 
Царинската управа како и секогаш е во првите редови при спроведување на мерките за заштита на животната средина и општеството.

 

Image-1 (12)
Image-1 (13)
Image-1 (14)
Image-1 (15)
Image-1 (16)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5