И оваа година царинските служби ширум светот преку посебни организирани активности го прославуваат 26-ти јануари, Меѓународниот ден на Царината. Се празнува под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, со посветеност на заедничките заложби за обезбедување на меѓународниот синџир на снабдување и обезбедување на современите и посебни потреби на граѓаните и општеството. Се потенцира безбедноста, просперитетот и сигурните и здрави услови, неопходноста за гарантирање на еколошки стандарди, каде царинските служби заедно со другите надлежни институции и органи делуваат контролно, заштитнички и олеснувачки.


По овој повод директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски денес, 23ти Јануари, традиционално додели благодарници од Генералниот секретар на СЦО г-дин Кунио Микурија, на лица и институции и организации кои со своите активности се имаат издвоено како доста заслужни во проактивното делување за обезбедување на одржлив напредок за граѓаните, општеството и планетата.


Согласно годинашнава тема, девет царински службеници добија благодарници заради нивната максимална посветеност и ангажираност на ова поле.

Листа на Царински службеници на кои им беа доделени благодарници

Покрај царинските службеници, за најголема поддршка при примената на Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД и промена кон дигитална трансформација како и за успешна соработка и забележани позначајни економски резултати, благодарници беа доделени и на единаесет надворешни институции и компании.

Листа на компаниии и институциии на кои им беа доделени благодарници

 

Порака од Светската царинска организација

DSCN9734
DSCN9736
DSCN9741
DSCN9742
DSCN9744
DSCN9745
DSCN9746
DSCN9748
DSCN9750
DSCN9755
DSCN9756
DSCN9757
DSCN9759
DSCN9762
DSCN9764
DSCN9766
DSCN9770
DSCN9772
DSCN9774
DSCN9777
DSCN9785
DSCN9791
DSCN9795
DSCN9798
DSCN9808
DSCN9810
DSCN9812
DSCN9814
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28