Денес 22 Јануари, во просториите на Царинската лабораторија свечено се промовираше високо софистицираната опрема набавена благодарение на Европската комисија преку ИПА програмата.

Опремата во вредност од 372.650,00 ЕУР  главно е наменета за анализа на акцизни стоки, производи од хемиската индустрија и други стоки кои се контролираат од аспект на избегнати давачки или подлежат на забрани или ограничувања. Набавени се инструменти и помошна опрема, главно хроматографски техники на кои се испитуваат обележувач во црвена нафта, содржина на алкохол во алкохолни пијалоци, содржина на шеќери и масти  во прехранбени производи и сл.


Лабораторијата е важен сегмент за остварување на глобалните цели на Царинската служба преку  утврдување на природата, потеклото и вредноста на стоките, распоредувањето според царинската тарифа, со што се постигнува правилна наплата на царините и даноците, примена на мерките на трговската политика, изедначување на конкурентските услови на пазарот, превенција од недозволена трговија и пренос на стоки, како и заштита на здравјето на граѓаните.
Пред присутните и медиумите се обратија г-ѓа Нина Ангеловска - министер за финансии, Н.Е. Самуел Жбогар - Амбасадор, Шеф на Делегацијата на Европската унија и г-дин Ѓоко Танасоски – директорот на Царинската управа.


Министерката Ангеловска го изрази своето задоволство за придонесот на Европска Унија за зајакнување на капацитетите на Република Северна Македонија, како идна членка на ЕУ ќе биде способна да ги остварува приоритетите и целите во доменот на спроведување на лабораториските активности, а во согласност со стандардите и законските регулативи на ЕУ.
Директорот Танасоски изрази особена благодарност до Делегацијата на Европската унија за воспоставената долгогодишна соработка, поддршката и придонесот кон подобрување и афирмација на царинското работење и истакна дека главни активности во насока нанатамошен развој на царинската лабораторија се активностите насочени кон исполнување на условите за акредитација на царинската лабораторија согласно ИСО 17025:2017.  


Евроамбасадорот Жбогар истакна дека новата опрема ќе придонесе за сигурноста и безбедноста на производите и здравјето на граѓаните и околината, ќе придонесат да се превенираат измами и кон ефикасна наплата на акцизите и царините.
-Оваа опрема, која е сместена во Институтот за хемија покажува дека научните работници и јавните институции заедно можат да работат и да придонесуваат за доброто на граѓаните и општеството во целина - рече Жбогар.

 

DSC_4167
DSC_4170 (2)
DSC_4232 (4)
DSC_4240 (3)
DSC_4245 (3)
DSC_4502 (2)
DSC_4534 (2)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7