Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија илегален мигрант, како и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани техничка стока, алат, автоделови, конзоли за видео-игри, прашок за перење, пијалоци, делови за мобилни телефони и делови за видео игри, девизи и козметички производи.

Привремено се задржани:

Техничка стока, делови за мобилни телефони и друго

- 2.274 парчња алат, техничка стока, автоделови, делови за мобилни телефони, 90 килограми прашок за перење, 36 литри сок, 70 дезодоранси и 8 освежувачи за воздух, откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, во најлонски кеси сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 2.009 парчињаделови за мобилни телефони и видео игри (заштитни стакла, маски, батерии и слушалки за мобилни телефони, модулатори, рачки за видео игри и трансмитери за кола). Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во вториот случај, при контрола на бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за увозно царинење на камионска приколка, во царинската испостава Табановце автопат, во кабината на влекачот и во просторот за палети на приколката биле пронајдени 256 парчиња алат и делови за алат, 47 парчиња автоделови, 90 килограми прашок за перење, 70 дезодорански, 36 литри сок и 8 освежувачи за воздух. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во третиот случај, при контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од с. Слепче, Демир Хисар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга, биле откриени непријавени 9 парчиња техничка стока (електричен алат, апарат за кафе, караоке звучник и машина за сушење чаши). Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 15 парчиња конзоли за играње (mini game anniversary edition) и 44рачни електрични отстранувачи на дамки, марка youngke и surrker, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени на повеќе места во возилото – во кеса сместена во багажниот простор, во просторот за резервна гума, во кеса покриена со јакна сместена на задното седиште, во неколку кутии сместени пред совозачкото седиште и во преградите на двете предни врати. Истите се привремено задржани а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Девизи

- 11.730 евра, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи француски автомобил, се пријавил за излез од државата, биле откриени и привремено задржани 7.500 евра. Патникот пријавил дека со себе носи 1.500 евра, но во внатрешноста на ременот што го носел на себе биле пронајдени уште 8.000 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок е поведена прекршочна постапка.

Во вториот случај, при контрола на грчки автомобил и личен претрес на двајца грчки државјани, кои се пријавиле за влез во државата, биле откриени и привремено задржани 4.230 евра. Во рачна торба, сместена во багажникот на возилото, и во внатрешен џеб од јакната на возачот биле пронајдени вкупно 24.230 евра. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а против возачот, кој ја преземал одговорноста за остатокот од парите, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Козметички производи

- 115 парчиња козметички производи (туш и сенки за очи, бронзери, пудри, маскари, бази за шминки, четки и друго), откриени при контрола на македонски минибус кој сообраќал на редовната линија Скопје – Приштина - Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените прозиводи, пронајдени во багаѓот на македонска државјанка која патувала со возилото, се привремено задржани, а против патничката ќе биде поведена соодветна постапка.

Мигрант

Мобилните царински тимови спречија обид за нелегален влез на патник во државата.

Имено, на ден 29.12.2019 година околу 11:00 часот, на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријавил италијански автомобил, управуван од индиски државјанин кој поседувал и италијанска лична карта. При преглед на возилото, во багажниот простор, покриен со ќебе, бил пронајден 1 илегален мигрант, кој според неговата изјава бил индиски државјанин.

Мигрантот е предаден, за понатамошно постапување, на полициските службеници од граничниот премин Богородица.

 

Devizi, Bogorodica (1)
Devizi, Bogorodica
Konzoli za igranje,Bogorodica
MigrantMobilna
Tehnicka stoka i alat,mobilna
Alat, avtodelovi, prasak, mobilna
Delovi za mobilni telefoni, mobilna
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7